Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОФ. ЧЕПРЕГАНОВ: ПОТРЕБЕН Е ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ЗАРАДИ ЕМОЦИОНАЛНО НЕМАТУРИРАНИОТ НАРОД

March 24, 2020 Filed Under: Македонија

Евидентна е ниска свест кај дел од популацијата за сузбивањето на короната  – смета професорот

ЧЕПРЕГАНОВ Стари лица кои излегуваат во парк на партија шах, млади кои организираат забави во откупени објекти … сите тие имаат еродирано его кое носи инат, пркост, непочитување на авторитети

Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација против ширењето на корона вирусот (стари лица кои излегуваат во парк на партија шах, млади кои организираат забави во откупени објекти околу скопските села…) сите тие имаат еродирано его кое носи инат, пркост, непочитување на авторитети (лицата кои ги носат мерките), експлозивно панично однесување и параноја.
Тоа зависи од капацитетот на знаење и едукација на поединецот, а тоа сега не се надокнадува додека трае заканата од Ковит-19. Зато професорот Чепреганов препорача дека е потребно прогласување на полициски час за да се ограничи движењето на луѓето, контактите, а со тоа да се спречи ширењето на корона вирусот.
– Тоа не е загрозување на човековите права. Тоа е легитимен начин на борба за да се постигнат посакуваните здравствени мерки за заштита од корона – вели професорот Чепреганов.

За мрчаторите против мерките на властите за справување со корона заканата, Чепреганов вели: или ништо не разбираат, бидејќи се емоционално не матурирани, или имаат други намери. Примитивноста, инаетот и суетата (размислувањата од типот „мене ништо не ми е“) се главни кочничари во спроведувањето и почитувањето на мерките од страна на граѓаните. Затоа мислам дека одговор е воведувањето на полициски час за ограничено движење на луѓето за да се спречи ширењето на епидемијата.

Самоконтролата е на ниско ниво кај поединци, не можат да издржат во изолација, а здравствените мерки за спас од короната мора да се спроведат.
– Јас му честитам на мојот млад колега Филиппче како се справува со состојбата и на целиот медицински тим кои заедно со борбата против корона се и директно изложени на ризик со оваа модерна здравствена закана – рече Чепреганов на гостувањето во вестите на ТВ24.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet