Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ПРОШИРУВАЊЕТО ВО ЕУ Е МРТВО“

November 4, 2019 Filed Under: Македонија

Француската влада ги уништи напорите на Европската комисија да се продолжи по исправниот пат, со една комбинација од игнорантство и незнаење. А со тоа Франција индиректно ја поддржува актуелната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која со години го привлекуваше вниманието со корупција, злоупотреба на власта и авторитарен стил на владеење – пишува австрискиот Стандар

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ

ПОМОШ Христијан Мицковски доби потпора од Макрон, иако неговата партија со години го привлекуваше вниманието со корупција, злоупотреба на власта и авторитарен стил на владеење

Проширувањето на ЕУ е мртво, а Франција индиректно и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, констатира австрискиот Стандард во коментарот кој се занимава со последиците од неуспехот на Европскиот совет да одобри почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.
Весникот излегува со теза дека основен критериум за одлучување на ЕУ во моментов е членството во Европската народна партија, па оттука тврди дека Северна Македонија и Албанија извисиле на самитот во Брисел поради тоа што имаат социјалдемократски влади.
Наместо реформите, се наградува само блискоста до Европската народна партија, констатира Стандард во коментарот кој го потпишува Аделхајд Велфл.
„Кусо пред почетокот на мандатот на новата Европската комисија, ЕУ си ја одзеде најважната и досега најефективната надворешно политичка алатка: веродостојна перспектива за аспирантите за ЕУ во замена за трансформација во насока на пазарна економија и отворено општество“.
Коментаторот прифаќа дека стратегијата за проширување на ЕУ треба да се подобри, наведувајќи го примерот на Србија и Црна Гора чии преговори се замрзнати, со што ќе им се излезе во пресрет на барањата на Франција.

ПРЕДНОСТ Дали членството во оваа групација е предност за ВМРО ДПМНЕ?

„Со исклучок на Северна Македонија и делумно во Албанија, Брисел не успеа да ги адресира централните проблеми: непотизмот и корупцијата во судството.
(…) Но токму поради тоа Северна Македонија мораше да биде наградена, затоа што спроведе непопуларни мерки, со многу мака и труд го воведе новото име, се помири со соседите, а се бори и против корупцијата и национализмот.
Но, француската влада ги уништи напорите на Европската комисија да се продолжи по тој пат, со една комбинација од игнорантство и незнаење. А со тоа Франција индиректно ја поддржува актуелната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која со години го привлекуваше вниманието со корупција, злоупотреба на власта и авторитарен стил на владеење.”
„Сега повторно можат да се вратат старите корумпирани структури. Национал-конзервативната ВМРО има и уште една предност: Таа е дел од семејството на Европската народна партија. Оваа блискост до моќната конзервативна фракција во Европскиот парламент очигледно е централниот критериум за одлучување.
На Србија, каде на власт е партија блиска до ЕНП, и се премолчуваат газењето на медиумските слободи и принципите на демократијата иа правната држава. Владите во Северна Македонија и Албанија, од друга страна, во Брисел наоѓаат помалку разбирање, затоа што се предводени од партии кои му припаѓаат на прогресивниот блок, кои не и припаѓаат на групацијата на конзервативците”, коментира Стандард.

БРИСЕЛ Макрон отиде и против децениските напори на Брисел во канализирање на интегрцијата во Унијата

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet