ПСИХИЈАТРИСКИ ПОГЛЕД:ЧИИ ДЕЦА НА КОСОВО СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА УМРАТ?
САНДРА РАШКОВИЌ
Пратеничката на Народната партија, психијатарот Санда Рашковиќ Ивиќ, денеска за Бета изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, има намера да ги мобилизира српските деца за војната, како што тоа го направи Адолф Хитлер во 1945 година.
Коментирајќи ја изјавата на Вучиќ дека српските деца на возраст од 12 и 13 години во Косово се подготвени да умрат „затоа што им е преку глава од косовскиот премиер Аљбин Курти“, Рашковиќ Ивиќ рече дека оваа изјава е луда и неодговорна а пренесува дневниот весник „Данас“ .
„Помина долго време откако не слушнав нешто толку лудо, бездушно и неодговорно. Да се каже дека децата на 12 и 13 години сакаат да умрат е типично само за исламските држави каде што владее џихад. Така беше и во 1945 година во нацистичка Германија, кога Хитлер веќе немаше кого да мобилизира за војната“, вели Рашковиќ Ивиќ.
На прашањето дали претседателот Вучиќ поради ваквата изјава треба да биде подложен на психијатриски надзор, Рашковиќ Ивиќ рече дека како психијатар нема да може да одговори на тоа прашање без претходно тет-тет преглед.
„Оценки за психичката состојба на ниту едно лице не може да се даваат без прелиминарен тет-тет преглед. Тоа секако е луда и неодговорна изјава, а со оние кои даваат луди изјави се знае дека дополнително ќе се постапува“, објасни психијатарот.
Таа додаде дека воведувањето на малолетните деца во конфликтите во Косово покажува дека Вучиќ нема разумно решение за косовското прашање.
„Вучиќ го прифати француско-германскиот план, а сега вели дека српските деца се подготвени да умрат против оние со кои го договорил тој план“, рече Рашковиќ Ивиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово е „ужасно тешка, и дека децата на 12 и 13 години се подготвени да умрат бидејќи на сите им е преку глава од косовскиот премиер Аљбин Курти“.
„Не можам повеќе да издржам физички. Не можам да спијам секоја вечер. Затоа што за разлика од тебе, знам што се случува секоја вечер на северот на Косово. Буквално сè врие. Децата од 12, 13 години се подготвени да умрат, што мораме да го спречиме. Доста им е од Курти“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар.