Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПСИХОЛОГИЈА НА ЗЛОТО: КАКО Д-Р МЕНГЕЛЕ ИЗБЕГАЛ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

November 25, 2025 Filed Under: Ревија

Јозеф Менгеле бил нацистичкиот доктор кој вршел садистички експерименти врз Евреите во Аушвиц. По завршувањето на војната, тој се криел во Јужна Америка многу години. Неговото успешно бегство е тема на филм од Кирил Серебреников, руски автор во егзил во Берлин

ДИСИДЕНТ Кирил Серебраников е руски автор кој живее во Берлин и поттикнат е од јакнењето на неонацизмот

Јозеф Менгеле бил нацистичкиот доктор кој вршел садистички експерименти врз Евреите во логорот на смртта Аушвиц. По завршувањето на војната, Менгеле, познат како „Ангелот на смртта“, успеал да избега во Аргентина – со помош на поранешни другари од СС, елитниот дел од нацистичкиот режим. Како и Менгеле, илјадници други успеале да стигнат до Јужна Америка – со поддршка на соработници, германски емигранти кои сочувствувале со нив, а во случајот на Аргентина – со помош на претседателот Хуан Перон, кој бил длабоко поврзан со европскиот фашизам.

Ова е почетната точка за „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“, драматичен филм што го следи успешното бегство на воениот злосторник од Буенос Аирес преку Бразил до Парагвај.

Филмот е снимен на германски јазик и креиран е од рускиот режисер Кирил Серебреников. Беше премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај, но дури сега има промоција пред публиката.

Заснован на наградуваната книга од францускиот новинар и писател Оливие Гез, објавена во 2017 година, филмот ја прикажува мрачна слика за причините и последиците од идеолошкиот екстремизам на нацистите.

ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ Филмот започнува во 1956 година, кога нацистичкиот воен злосторник живее во егзил во Буенос Аирес под името Хелмут Грегор. Но, израелски агенти, западногермански службеници и ловци на нацисти се на неговата трага.

Филмот покажува како парите, врските и камелеонската способност да го менува изгледот му помогнале на еден од најбараните луѓе во светот да ја избегнува меѓународната правда со децении. Менгеле, кој во филмот го игра актерот Аугуст Дил, на крајот се удавил во 1979 година на бразилска плажа откако доживеал мозочен удар.

„Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“ исто така покажува како човекот кој вршел брутални експерименти врз затворениците во концентрациониот логор во Аушвиц не може да избега од своето минато. Осамен, болен и доцнежна старост, Менгеле живее под лажен идентитет во Сао Паоло кога неговиот син Ролф го открива. Тој сака да знае што навистина се случило во Аушвиц. Но, додека новата генерација ја бара вистината, Менгеле може само да ги повторува фашистичките лаги со кои ги оправдувал своите злосторства.

Што се случува со воените злосторници по војната? Дали постои божествена правда? Дали овие луѓе некогаш ќе бидат одговорни за своите постапки? Ова се прашањата што го инспирираа Серебреников да го адаптира документарниот роман на Гез. Во него, авторот ја испитува природата на злото. „Прашањето за кармата, казната, правдата – сето ова отсекогаш ме интересирало“, рече режисерот во интервју за дистрибутерот на филмот.

Серебреников, кој како критичар на рускиот претседател Владимир Путин со години беше во домашен притвор во својата татковина, намерно го доближува гледачот до Менгеле за да го направи разбирлив неговиот начин на размислување. Овој пристап делумно е инспириран од еврејската интелектуалка Хана Арент. За време на судењето на нацистичкиот криминалец Адолф Ајхман, кого израелските тајни служби успеаја да го пронајдат во Аргентина, таа ја разви својата теза за „баналноста на злото“. Според рускиот режисер, се наведува, „дека чудовиштата не се разликуваат од обичните луѓе“.

„Станува збор за поканување на гледачот да ја стави маската на Менгеле, да разбере дека патот од нормална личност до криминалец и садист може да биде застрашувачки краток“, додава тој. „Во неговите очи, тој воопшто не се смета за олицетворение на апсолутно зло. Имало многу други лекари во Аушвиц – зошто тој би требало да биде одговорен?“ Во исто време, режисерот нагласува дека овој пристап во никој случај не треба да предизвикува симпатија. „Симпатијата кон Менгеле е невозможна“, вели Серебреников.

ВО АУШВИЦ Менгеле е восредина, лево е командантот на логорот Бе а десно Рудолф Хес

Тој бил инспириран и од романот на Џонатан Лител од 2006 година „Добронамерниците“, во кој поранешен офицер на СС, кој води удобен живот во Франција по војната, ги раскажува своите убиствени ексцеси на Источниот фронт.

Покрај централниот лик, „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“ ја раскажува и приказната за мрежата луѓе во Европа и Јужна Америка кои го штителе, финансирале и криеле Менгеле до неговата смрт. „Злото не е само Менгеле, туку сите овие луѓе“, вели Серебреников. „Многу од нив се извлекле.“

МНОГУ БОЛНА ТЕМА Серебреников, кој сега живее во Берлин, вели дека морал да научи многу за тоа како генерации Германци се соочиле со историјата. За да го направи ова, тој интервјуирал актери, новинари, продуценти, за да чуе приказни за нивните баби и дедовци и нивните животи пред и по војната.

„Многумина молчеа, тоа е многу болна тема за нив. Но, можеби филмот има потенцијал да предизвика сериозна дебата. Тоа би било добро“, вели режисерот. Бидејќи крајно десничарските идеологии доживуваат ренесанса низ целиот свет, „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“ исто така сака да ги потсети гледачите на опасноста од догмата. „Моментално сме опкружени со високо идеолошки системи“, вели продуцентот на филмот, Феликс фон Бем. „Се надевам дека со своето точно прикажување на идеолошката тесноумност, филмот ќе придонесе луѓето да не подлегнуваат на идеологии од каков било вид“, додава тој.

ДОЛГА СТАРОСТ Менгеле умрел додека пливал во морето во Бразил, од мозочен удар а преживеал со помош на многу пријатели

(DW)

Filed Under: Ревија

КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?
АВТОПОРТРЕТИ И НЕКОЛОКУ ПАЛЕТИ – ИНТРОСПЕКТИВНИОТ УНИВЕРЗУМ НА МИРО МАСИН
ПСИХОЛОГИЈА НА ЗЛОТО: КАКО Д-Р МЕНГЕЛЕ ИЗБЕГАЛ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Најново

  • КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
  • ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
  • СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet