И жирито и публика наклонета кон „партизанската алтернатива“ во опсервацијата на филмовите. „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“ како приказна за една хуманитарна операција врзана за логорот Јасеновац ги освои главните награди на овој фестивал, додека фаворизираниот од државата „Генерал“, дело за генералот Готовина не помина и кај жирито и кај публиката. Успех за Теона Митевска – Златна арена за режија за „Петрунија“ во категоријата на т.н. малцински филмови
„Дневникот на Дијана Будисављевиќ“ како приказна за една хуманитарна операција врзана за логорот Јасеновац ги освои главните награди на овој фестивал, додека фаворизираниот од државата „Дневник“, дело за генералотГотовина не помина и кај жирито и кај публиката.
Во текот на седумте дена од одржувањето на фестивалот беа прикажани 135 филма во девет категории, од кои дури 50 премиери. Пристигнатите дела се клаифицирани во две натпреварувачки групи. Народски речено во едната се „чистите“ хрватски филмови а во другите т.н. малцински односно копродукциски или странски дела, каде се натпреваруваа и нашите „Лазар“ и „Петрунија“. На фестивалот во Пула присуствуваа оклу 250 гости а целата манифестација ја следеле околу 200 акредитирани новинари.
Пула годинава беше најтажна во својата историја, по стечајот на бродоградилиштето Уљаник. Работниците од фирмата која е стопански рбет на градот дури предлагаа бојкот на Фестивалот, но за среќа до тоа не дојде.
Кај оние хрватски филмови во конкуренција брилјираше делото „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“, со грст награди, вклучувајќи ги и носчеките, додека аворизираниот филм „Генерал“ на доајенот Антун Врдољак остана без знаачајни трофеи, имаше ниска оценка кај публиката а не помогнаа ниту солзите на претседателката Колинда Грабар после премиерата! Инаку, за оние кои не знаат делото „Генерал“ биографски приказ на животот и длеото на контраверзниот генерал Готовина.
Со два трофеи во рацете реќисерката на наградениот филм „Дневникот…“ – како најдобар филм и за режија – рече за телевизијата Н!, која имаше цело студио пренесено од Загреб во Пула, дека е изнадена што е наградена. Ообено што како конкуренција го имала филмот „Генерал“. Потоа оцени дека тоа не е само награда и успех за нејзината екипа, туку е признание за хрватското општество, на кое веројатно му доаѓаат подобри денови. Филмот на Вдољак доби Арена за специјални ефекти како и две Арени за споредните улоги и тоа за Борко Периќ и Олга Паковиќ.
За најдобар актер е прогласен Крешимир Микиќ за улогата на министер во филмот „Каква е оваа држава“, додека титулата на најдобра актерка ја доби српската актерка Христина Поповиќ за ролјата на Хрвојка Хорват во „Последн от Србин во Хрватска“
Признание за најдобар филм во категоријата на малцинска копродукција доби делото „Шевови“ на режисерот Мирослав Терзиќ. Во оваа категорија Златна арена за режија и припадна на Теона Сругар Митевска за „Бог постои, нејзиното име е Петрунија“. Како што е наведено во соопштението, одлуката за доделување на оваа награда на Теона била донесена едногласно.
– Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, карактерите, настаните и општествените околности во филмот – се наведува во соопштението.
„Петрунија“ за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди, а филмот ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет.
Во моментов се уште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а прикажан e и на триесетина фестивали.
Во неодамнешно интервју за МИА Теона потврди дека елитата во Скопје не го прифатила филмот , за разлика од помалите градови низ цела Македонија каде фантастично поминал.
– Вон Скопје. Добивав писма од луѓе, млади жени, мажи кои толку паметно го анализираат филмот, тоа е прекрасно, не можам да кажам дека општеството не е подготвено, имаме многу интелигентна и отворена популација, која ние самите ја отепуваме. А што се однесува до филмот, сценариото на филмот го поднесовме анонимно и кога дознаа чие е, пробале да направат сѐ за да не ми дадат пари. Ова ми го раскажувале луѓе. Не знаете колку притисоци имаше, откако добивме пари, тогаш сѐ уште имаше притисоци врз тогашниот директор на Филмски фонд, Тозија. Тозија нѐ спаси и францускиот амбасадор, Тимоние. Тие ни беа двата ангели. Амбасадорот подигна цел бунт. Кога денот немаше име излезе додека го правев Петрунија. Тогаш бевме многу нападнати и амбасадорот на Франција отиде да го гледа филмот. Францускиот амбасадор и ЕУ амбасадорот, Жбогар, тогаш побараа состанок со министерот Алаѓозовски. Ја информирале директорката на Еуроимаж, па состаноци со министерот, со владата, и така. Имаше и повици филмот да биде ставен на црна листа. Пази, црна листа! Тозија знам дека имал страшни притисоци, но рекол извинете ова е добро сценарио, тој тотално професионално постапи, изјави во интервјуто Теона.
Оваа година голем успех на фестивалот во Пула постигна филмот „Лазар“ на македонскиот режисер Светозар Ристовски кој ја освои наградата на публиката Златна порта на Пула со висока оценка на публиката од 4,89/5. Оваа награда филмот ја освои во конкуренција на 11 филмови кои ги вреднуваше публиката.Овој филм беше прикажан во рамките на програмата Малцинска копродукција во која наградата Златна арена за најдобро актерско остварување му припадна на младиот хрватски акктер Ведран Живолиќ за улогата во филмот „Лазар“.
Како што е познато филмот „ Лазар“ премиерно беше прикажан минатата година на отворањето на Меѓународниот филмски фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки “ во Битола.
Инаку наградата Златна арена за најдобар филм во оваа категорија и припадна на филмот „ Добра жена “ во режија на Мирјана Карановиќ. Според жирито ,филмот преставува импресивно дебитантско остварување кое драмски силно и низ впечатливи актерски интерпретации го проблематизира односот помеѓу вистината и емоциите.
Златната арена за режија во Малцинската копродукција ја освои Рунар Рунарсон за филмот „ Врапчиња“.
Што се однесува до главната натпреварувачка програма на хрватскиот филм, оваа година сите почести отидоа кај филмот „ Од другата страна“на режисерот Зринко Огреста . Имено филмот освои дури седум Златни арени и тоа во категориите :најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, најдобра женска улога ( Ксенија Маринковиќ за улогата на Весна), најдобра машка улога ( Лазар Ристовски за улогата на Жарко), најдобра монтажа и најдобро обликување на звукот.
Жирито предводено од актерката Сања Вејновиќ во кое учествуваа уште и Бруно Крагиќ, нашата Лабина Митевска, Хрвоје Мршиќ и Доналд К. Раунвуд, во образложението за доделувањето на Големата Златна арена за најдобар филм ќе напишат: „Се работи за впечатлив филм со елементи на неизвесност и постапен развој на емоционална и драмска напнатост која доведува до глобална метафора“.
Освен овие седум награди филмот на Огреста ја освои и наградата „Октавијан“ која ја доделува друштвото на филмските критичари на Хрватска.
„ Од онаа страна“ беше прикажан овде во Охрид на 10. јуни. наденот на отворањето на првиот филмски фестивал „ Охрид филм фест“ кога на проекцијата на филмот присуствуваше актерот Лазар Ристовски кому му беше врачена специјална награда.
Од останатите поважни награди од главната програма ќе ги споменеме и наградите за најдобра споредна женска улога која ја освои актерката Тена Немет Бранков за улогатана тинејџерката Ника во филмот „Трамполин“ на режисерката Катерина Зринка Матијевиќ и наградата за најдобра машка споредна улога која ја освои познатиот актер Горан Навојец за неговиот лик остварен во музичката комедија „Се’ најдобро“ на режисерката Снјежана Трибусон.
Наградата „Бреза“ која се доделува за најдобар дебитант оваа година и припадна на актерката Рената Покупиќ за улогата на Бранка во филмот „ Се’ најдобро“ на режисерката Снјежана Трибусон.Овој филм ги освои и Златните арени за најдобри визуелни ефекти, костимографија и сценографија.
Филмот „Народниот херој Лјилјан Видиќ“ на режисерот Иван Горан Витез ги освои Златните арени во категориите за за најдобра маска и најдобра камера.
Музиката на Рундек Карго Трио му ја донесе Златната арена за најдобра музика на документарниот филм „ Генерација 68“на режисерот Ненад Пуховски.
Српскиот режисер Стеван Филиповиќ како председател на жирито на селекцијата Меѓународна програма , ја обелодени одлуката на ова жири а тоа е дека Златната арена за најдобар филм во оваа селекција ја освои долгометражниот филм „Незаконско “ на режисерот Адриан Ситару ,кој доби и награда во рамките на програмата „ Соседи и пријатели“и дека посебно признание жирито му додели на либанскиот филм „ Трамонтана“.
Надвор од конкуренција на годинешниот фестивал во Пула беше премиерно прикажан и филмот „ Ослободување на Скопје“ филм во режија на таткото и синот Раде и Данило Шербеџија кого публиката го оцени со мошне висока оценка од 4,50.
Филмот преставува копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Финска и Велика Британија. Главните улоги во филмот ги толкуваат:Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, малечкиот Давид Тодосовски а од македонските актери настапуваат уште и Силвија Стојановска и Петар Мирчевски. На премиерата на филмот во Пула се појавија споменатите актери како и продуцентите на филмот Роберт Насков и Горјан Тозија како и еден од композиторите на музиката во филмот, гитаристот Влатко Стефаноски.
Инаку , како што веќе е најавено , филмот „ Ослободување на Скопје“ ќе го отвори годинешниот меѓународен фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки “ во Битола кој оваа година ќе се одржи по 37 пат а ќе започне на 10 септември.