Истра е нешто друго. Отворањето на традиционалниот филмски фестивал во ПУла ја даде сликата на една друга, антифашистичка Хрватска

На 10 јули по 72. пат во Пула беше отворен Филмскиот фестивал. Истиот е одамна затворен во национални рамки, практично од одвојувањето на Хрватска како посебна држава. Сепаик, според извештаите нема сомнение дека овој град продолжува и преку вакви манифестации да покажува една друга слика за овој дел на таа земја, во која е длабоко врежана антифашистичката идеологија.
Заедно со бројни граѓани и филмски работници, на свеченото отворање присуствувале претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ,, претставникот на премиерот на Република Хрватска и министерот за култура и медиуми, државниот секретар Крешимир Партл, градоначалникот на Пула Пеѓа Грбин, жупанот на Истра Борис Милетиќ, претседателот на СДП Синиша Хајдаш Дончиќ и бројни гости од културниот, општествениот и политичкиот живот.
На сцената на Арената, химната на Истра ја извел Дамир Урбан „Красна земљо Истро мила“. Членовите на Сојузот на антифашистички здруженија на Истра ги кренаа знамињата на Хрватска и на Округот Истра.
Песната „Bella chao“ ја изведе хорот од Пула Пракса и во придружба на тапанар, завршувајќи со слоганот „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и наградена со долг аплауз од публиката.