Доколку биде потврдено, потегот против Владислав Сурков, поранешната сива еминенција во Кремљ, се чини дека покажува дека Владимир Путин се сврте кон својот внатрешен круг, а исто така и за длабоки поделби меѓу неговите најблиски послушници
Непотврдени извештаи велат дека „идеологот“ на Путин е приведен во широка криминална истрага во која се уапсени и 150 агенти на ФСБ.
Случајот вклучува наводна проневера на 5 милијарди долари од страна на тајните служби за да се создаде тајна и разузнавачка мрежа во Украина.
Сурков, кој делуваше од сенка и кој се смета за клучен за долготрајниот изборен успех на Путин, беше човекот што го охрабри да верува дека Украина не е вистинска земја. Сурков (57) е поранешен клучен човек во Кремљ, од неодамна и човек на Путин во Украина.
Пред Путин да испрати војници во Украина, Сурков повика да бидат анектирани Украина, Белорусија и балтичките земји. Притворот на високиот претставник на ФСБ, генерал-полковник Сергеј Беседа (68), кој сега се наоѓа во мрачниот затвор Лефортово, се смета за поврзан случај.
Се вели дека Путин е бесен на неуспесите на разузнавачките служби во Украина по огромните инвестиции во текот на многу години за да се обезбеди руска поддршка на клучни места.
Рускиот медиум „Бунинска алеја“ објави: „Сè повеќе извори известуваат дека Владислав Сурков е во домашен притвор. Истражни мерки се спроведуваат наводно во случајот со проневера во Донбас од 2014 година…Токму Сурков беше претставник на рускиот претседател во Украина“.
„Друид“, каналот на Телеграм, објави: „Според нашите извори, Владислав Сурков е во домашен притвор“.
Рускиот опозициски политичар Илја Пономарев, исто така, ги истакна тврдењата за притвор и укажа на блискоста на Сурков со лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
Се смета дека Кадиров се занимава со војната и со неговата улога како генерал-полковник во националната гарда тој бара Путин да ја нападне цела Украина.
Ова предизвика раскол во внатрешниот круг на Путин. Откако во Москва се уапсени 20 руски генерали, воениот м инистер Шојгу имал масивен срцев удар?
Апсењето на генералите, според поранешниот сопственик на „Јукос“, Леонид Невзлин, бил поврзани со голема проневера на пари за подготовката на интервенцијата во Украина. Во својата објава на Твитер, Невзлин, кој живее во Израел, вели дека уапсените генерали биле од сите штабови и дека проневериле многу пари за „подготовка на украинското раководство и населението за свечената средба на армијата на ослободителите од Русија. Од 2014 година украдени се околу 10 милијарди долари од Путин за подготовка на блицкригот“, пишува Невзлин.
Наведувајќи дека се тоа вести од негови извори во Москва, Невзлин уште тврди дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е надвор од играта, „може да стане инвалид ако преживее. Ненадејно добил масивен срцев удар, тој е на интензивна нега, приклучен на апарати. Гласините велат дека срцевиот удар не можел да настане од природна причина“.
Поранешниот вицепремиер во владата на Дмитриј Медведев и познат економист, Аркадиј Дворкович, наводно уште бил до домаше притвор. Невзлин тврди дека неговите извори му рекле оти се очекува тој да сведочи против своите колеги и пријатели. Извори на ФСБ велат дека доколку не се договори со истрагата, ќе биде префрлен во истражниот затвор Матроска Тишина или Лефортово.
И дека творецот на „путинизмот“, поранешниот висок функцинер во Кремљ, Владислав Сурков, и натаму е во домашен притвор. Се истражува неговото учество во проневерата на големите пари како и кај 20-те уапсени генерали.
Овие наводи на Невзлин не можат независно да се потврдат.
Леонид Невзлин во отсуство е осуден во Русија на доживотен затвор, но во исто време одржува блиски односи со бизнис и политичките кругови во Москва.