„Се борите со мали деца, со христијански цркви“, им се обрати на Русите градоначалникот на Одеса. „Додека трае оваа војна, ќе ве нарекуваат разбојници, орки, ѓубриња. И тоа ќе ви биде доволно“.
АНДРА БИР (WDR)
Меѓу остатоците од уништените згради, една жена го брише плоштадот пред катедралата Спас и Преображение во Одеса. Зачуваните шарени икони се потпираат на надворешните ѕидови на храмот, а во огромната темна просторија со скршени прозорци виси скршениот лустер, јавува Андреа Бир во репортажата за WDR.
Русија веќе 17 месеци ја напаѓа Украина со проектили и беспилотни летала. Одеса беше цел на серија напади во последните недели.„Да знаеше само колку те мрази Одеса“
„Им помагаме на сите оние кои имаат потреба“, вели градоначалникот на градот Генадиј Труханов во видео обраќањето, со кое се обидува да го смири населението. А потоа им се обраќа на Русите со емотивни зборови: „И неколку зборови на руски за Русите: да знаеш колку те мрази Одеса! Тaa не само што те мрази, туку те презира! Се borite sо мали деца, со христијански цркви. Што да кажам? Ракетите летаат и кон гробиштата. За време на оваа војна ќе ве нарекуваат разбојници, орки, ѓубриња. И тоа нема да ви биде доволно“, вели Труханов.
Откако Русија го прекина договорот за жито пред една недела, Москва секоја вечер ја гранатира Одеса. Беспилотните летала и проектилите се насочени главно кон цивилното население, но и кон пристаништето, магацините за жито и близу 50 згради во Стариот град Одеса, кој е дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО, пишува АРД.
Од нападите беа оштетени и кинескиот и грчкиот конзулат во градот, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Не треба да дозволиме луѓето во светот да се навикнат на овие терористички напади. Целите на овие проектили не се градови, села или луѓе. Нивната цел е хуманоста и темелите на европската култура“, рече Зеленски од Министерството за култура и Информативната политика објави прелиминарен список на згради кои претрпеа сериозна материјална штета од руските напади. Меѓу нив се катедралата Спас и Преображение, Домот на научниците, галеријата Толстој и зградата во која живеел писателот Николај Гогољ во 1848 година.
УКРАИНСКАТА КОНТРАОФАНЗИВА ПРОДОЛЖУВА Во исто време, украинската армија продолжува со обидите да ги врати териториите окупирани од Русија во јужните и источните делови на земјата. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, извести дека украинските војници напредуваат кон југ и околу Бахмут.
Во регионот на Доњецк војниците се обучуваат за употреба на хаубици, кои украинските вооружени сили ги добија од Италија, пренесува WDR. До нив стигнаа дискусии за касетната муниција забранета во многу земји, а кои САД веќе и ги снабдуваат на Украина. Еден од војниците не разбира зошто темата е контроверзна. „Што мислите хумано или не? Војната не е хумана. Луѓето умираат во војна. Овие касетни муниции ни даваат можност едноставно побрзо да го прекинеме недостатокот на хуманост“.
Што се однесува до беспилотните летала кои во понеделникот наутро оштетија неколку згради во Москва, Киев рече дека тоа е јасен знак дека Путин повеќе не ја контролира небото над Кремљ. Сепак, советникот на украинскиот претседател, Михаило Подолијак, појасни дека Украина нема никаква врска со нападот, прецизира АРД.
ТРУХАНОВ: РУСИЈА НЕМА МОРАЛ, НЕМА ИДНИНА Ќе помине некое време додека цивилната одбрана и многуте волонтери во Одеса да успеат да ги исчистат остатоците од улиците на градот. Следниот руски напад би можел да биде вечерва, вели градоначалникот Генадиј Труханов.
Во денешна Русија тој не гледа ниту вредности, ниту морал, ниту иднина. „Не познавате нас, луѓето од Одеса, доволно добро“, им се обраќа на Русите. „Нема да не скршите, само повеќе ќе не налутите. Силата на нашите бранители, удвоена од болката и гневот на целиот народ, ќе ви стане смртна казна!