Бугарија, која според познатата руска поговорка е суверена колку што е кокошката птица. Бугарија, чии граѓани мораа да „лазат пред нозете“ на Русија, како што рече еднаш Владимир Жириновски, има свој политички ментор во актуелната руска амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова
АЛЕКСАНДАР АНДРЕЕВ
Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова и кинескиот амбасадор во Париз, Лу Шае, речиси истовремено искажаа ставови кои во најмала рака можат да се дефинираат како „дипломатски грешки“. Митрофанова рече, со соодветна резерва, дека би гласаала за бугарската партија Преродба, а Лу го доведе во прашање суверенитетот на поранешните советски републики.
Изјавата на рускаѕа амбасадорка предизвика остар став од страна на бугарското МНР, а забелешката на кинескиот амбасадор веднаш наиде на контра не само од балтичките држави и водечките германски политичари, туку и од шефовите на дипломатиите на ЕУ.
ИГРАТА Е ГРУБА ПОДОЛГО ВРЕМЕ Всушност, ставовите искажани од двајцата дипломати, сепак, не се само некоја случајна грешка. Не, тие ги одразуваат основните ставови на две моќни земји кон принципите на демократијата, самоопределувањето и државниот суверенитет. Потсетуваат на батковците во дворот, кои од здодевност и од нигде никаде им дозволуваат на да ги шутнат, но кога играта ќе стане груба, овие им возвраќаат со шамар или два на салонските забавувачи.
Играта навистина стана груба. Војната на Русија против Украина сериозно го наруши дипломатскиот сјај во меѓународните односи и го изложи до граница тој менталитет на моќ според кој „големите“ имаат право да цртаат државни граници и да ја игнорираат националната самосвест, интересите и независноста на „малите“. Ова особено се однесува на Русија и Кина, кои тешко можат да се наречат демократски држави: според Индексот за демократија на Економист разузнавачка единица за 2022 година, Руската Федерација го зазема 146-то место, Кина – 156-то.
УКРАИНА, ТАЈВАН, БУГАРИЈА – СТАВОТ Е СЛИЧЕН Мнозинството меѓународни набљудувачи постојано повторуваат дека актуелното авторитарно раководство на овие две недемократски земји се однесува со цинично непочитување на суверенитетот на некои „незгодни“ меѓународни субјекти. Украина и Тајван се најгорливите примери, но да се потсетиме и на Косово.
Исто така и за Бугарија, кон чија администрација Фејсбук страницата на руската амбасада лани се однесуваше на дипломатски беспрекорната квалификација „евроатлантски потчинети“. Бугарија, која според познатата руска поговорка е суверена колку што е кокошката птица. Бугарија, чии граѓани мораа да „лазат пред нозете“ на Русија, како што рече еднаш Владимир Жириновски, политички ментор на актуелната руска амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.
КИНА СЕ ИЗВИНИ, РУСИЈА – НЕ
Така, кога одлучи д јаа поддржува партијата на господинот Костадинов, г-ѓа Митрофанова не само што зборува од срце и душа, туку зборува и во име на Москва, Кремљ и самиот Владимир Путин. За сите нив, ставот дека Бугарија е „двор“ очигледно тежи многу повеќе од некоја виенска конвенција за дипломатски односи. Затоа што ако беше обратно, Министерството за надворешни работи на Руската Федерација некако ќе ја заматеше изјавата на својот пратеник во Софија. Барем досега тоа не се случило.
Кинеското Министерство за надворешни работи сепак се огради од зборовите на својот амбасадор во Париз. Дали тоа го направил од убедување или од банален комерцијален интерес е друго прашање. Или пак, за да не мора да ги пречека назад десетици свои дипломати, протерани од западните земји. Бидејќи Москва сега треба да прифати 20 руски дипломати протерани од Германија. И како и лани прифати 70 такви протерани од Бугарија.
Меѓу нив ја немаше Елеонора Митрофанова. А сега таа дава интересни интервјуа.