Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (102) ДАЛИ БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ ПОБРЗ СО ИСПОРАКАТА НА ОРУЖЈЕ ИЛИ…

November 12, 2024 Filed Under: Фељтон

Трамп може да ја сопре испораката на оружје за Украина весднаш по инаугурацијата!

ДРАМАТИЧЕН ОБИД Бајден ќе ја забрза испоракаста на оружје за Украина

Пред претседателските избори во САД, американската администрација имаше за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина до април. Поради победата на Трамп, транспортот се забрзува.

Соединетите Американски Држави ќе испратат повеќе од 500 офанзивни проектили-пресретнувачи во Украина во следните недели, со што ќе се забрза испораката на воена помош, објави во саботата Волстрит журнал.

Цитирајќи неименуван функционер на Пентагон, њујоршкиот весник објави дека пред претседателските избори во САД, на кои поранешниот републикански претседател Доналд Трамп ја победи својата демократска ривалка, американската потпретседателка Камила Харис, американската администрација имала за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина до април, пренесува Ројтерс.

Испораката на ракети-пресретнувачи Патриот и националниот напреден ракетен систем земја-воздух (NASAMS) треба да ги задоволи потребите на Украина за воздушна одбрана до крајот на оваа година, наведува Волстрит журнал.

Ројтерс засега не може самостојно да го потврди извештајот на њујоршкиот дневен весник, пренесува Танјуг.

Трамп смета дека испораките на оружје се „одлив на американски ресурси“

Реизбраниот американски претседател постојано вели дека негов приоритет е ставање крај на војната и запирање на, како што вели, трошење на ресурсите на американската воена помош за Украина.

Ланза, политички советник на поранешниот претседател откако Трамп ја започна кампањата во 2016 година, не ги спомна областите во источна Украина, но рече дека враќањето на Крим од Русија е нереално и „не е цел на САД“.

„Кога Зеленски ќе каже дека само ќе ги запреме овие борби и дека ќе има мир само кога ќе се врати Крим, имаме вести за претседателот Зеленски: Крим го нема“, изјави тој за Викенд програмата на Светскиот сервис на Би-Би-Си.

„И ако вашиот приоритет е да го вратите Крим и американските војници да се борат за да го вратат Крим, вие сте сами.

САД никогаш не распоредиле американски војници да се борат во Украина, ниту Киев побарал американски војници да се борат во нивно име. Украина само побара воена помош од САД за вооружување на сопствените војници.

Ланза рече и дека има голема почит кон украинскиот народ, велејќи дека има лавовски срце. Но, тој посочи дека приоритет на САД е „мирот и запирање на убиствата“.

„Она што ќе и кажеме на Украина е – знаете ли што гледате? Што гледате како реална визија за мир? Тоа не е визија за победа, туку е визија за мир. И да почнеме со искрен разговор“, рече тој.

ВО НОЕМВРИ НОВ ПАКЕТ На стартот на овој месец трга кон Киев пакет од воена опрема вбреден над 200 милиони долари

Трамп разговарал со Зеленски по победата на изборите, а во разговорот учествувал и милијардерот Илон Маск.

Демократските противници на Трамп го обвинија дека застанал на страната на рускиот претседател Владимир Путин и велат дека неговиот пристап кон војната претставува предавање на Украина и дека ќе ја загрози цела Европа.

Минатиот месец Зеленски претстави „план за победа“ на украинскиот парламент, кој вклучуваше одбивање да отстапи украински територии и суверенитет.

За време на предизборната кампања, Трамп постојано повторуваше дека може да ја заврши војната меѓу Русија и Украина „за еден ден“, но никогаш не даде повеќе детали.

Во документот, напишан во мај од двајца негови поранешни началници за национална безбедност, се наведува дека САД треба да продолжат да снабдуваат оружје, но поддршката да ја условат со влегување на Киев во мировни преговори со Русија.

Украина не треба да се откаже од надежта дека ќе ги врати сите свои територии од руската окупација, пишува весникот, туку треба да преговара врз основа на сегашните линии на фронтот.

Претходно оваа недела, Путин му честиташе на новоизбраниот претседател на САД за неговата изборна победа и рече дека тврдењето на Трамп дека може да помогне да се стави крај на војната во Украина „заслужува барем внимание“.

Русија е подготвена да го слушне предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Под услов тоа да се „идеи за тоа како да се оди напред во договорот, а не во областа на натамошна помош на режимот во Киев“, рече Рјабков во интервју за руската државна новинска агенција Интерфакс во саботата.

Претходно оваа година, Претставничкиот дом на САД одобри пакет воена помош од 61 милијарда долари (речиси 57 милијарди евра) за Украина за помош во борбата против руската инвазија.

САД беа најголемиот снабдувач на оружје на Украина – меѓу февруари 2022 година и крајот на јуни 2024 година, тие испорачале или предале оружје и опрема во вредност од 55,5 милијарди долари, според Килскиот институт за светска економија, германска истражувачка организација.

Извор: WSJ/BBC

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet