Непосредно после руската инвазија врз Украина во црквите на РПЦ имало молитви за мир. Еден месец потоа таквите молитви се забранети а од свештениците се барало од црковното раководство да се молат – за победа! Посебно се благословениод врвот на РПЦ свештениците кои одат на фронтот, во рововите и ги благиословуваат оние кои ги убиваат нападнатите Укринци, вклучувајќи ги и цивилите и малите деца!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Свешеникот Андреј од Руската православна црква долго време имал етички дилеми во врска со војната која неговата земја ја започнала во Украина.Пред се’ заради тоа што Кремљ започнал бтатоубиствена и со ништо не испровоцирана војна. Потоа, во својата паства имал и повратници од фронтот – некои деззертирале, други се криеле за да не зљамнат, трети не биле воени обврзници но едноставно не ја сакале војната. Андреј знаел дека сите тие бргу ќе станат жртви на репресија. Со нив одржувал тајни средби и се обидувал да им помогне да најдат утеха. Не им било лесно на свештениците кога после првиот месец од започната војна молитвите за мир морале да ги заменат со молиртви „за победа“. Најтешко му паѓало тоа што не можел јавно да проговори, да ја осуди војната.
Додека Русија ја започнува својата целосна инвазија на Украина, свештеникот на Руската православна црква (РПЦ) Андреј се соочувал со дилема – да ја заштити заедницата што ја изградил во својата црква или да ризикува се’ со тоа што јавно ќе проговори?
На крајот отец Андреј сепак станал еден од оние кои се осмелуваат јавно да ја осудат војната (https://www.dw.com/en/like-partisans-anti-war-russian-clergy-face-punishment/a-67103511). Потоа тој морал да побегне со целото семејство во Грузија, каде што пак не можел да биде свештеник без одобрение од Руската православна црква (!?). Тој анонимно разговарал со ДВ за да не ја изгуби последната „искра надеж“ дека еден ден повторно ќе може да проповеда како свештеник во Русија.
„Не можам да им судам на оние кои прават компромиси со себе за да си ги задржат своите места“, и рекол тој на новинарката Марија Катанадзе, свесен дека многу негови колеги избрале да молчат и да останат во Русија.
„Двете верзии на молитвата ‘за победа’ содржеа лаги и пропаганда. Се вели дека ‘некои странци ја нападнаа Света Русија’. Не можев ни да ги изговорам тие зборови. Русија ја започна војната, а не обратно“, вели Андреј.
Од исповедт на отец Андреј дознаваме дека околу 300 свештеници – помалку од еден процент од целата Руска православна црква – потпишале отворено писмо во кое бараат прекин на „братоубиствената војна“ во Украина. По почетокот на војната, Русија донесе закон со кој се криминализираат антивоените коментари и генерално мислењата што се разликуваат од официјалниот руски став. Така, некои од свештениците кои го потпишаа писмото не само што биле протерани од црквата, туку биле санкционирани од судовите за „дискредитација на руската армија“.
Некои од свештениците успеале да се извлечат со читање на новата молитва „за победа“, но други немале толку среќа.
Јоан Ковал, свештеник од Москва, бил избркан од црквата откако одбил да го замени „мирот“ со „победа“ во молитвата. Црковните власти, чија цел е да ги обединат парохијаните и свештенството за поддршка на војната во Украина, го гледаат ова како чин на пркос.
Јавното покајание е уште еден начин на кој црквата ги репресира свештениците кои се противат на војната. Еве што му се случи на отец Илја Гавришкив, кој јавно се извинил што не се молел за руската победа.
Во видеото кое стана популарно на TikTok, може да се види како епископ го критикува отец Иља пред верниците. „Кога му објаснивме каква грешка направил, веднаш сфати“, вели тој, додека Иља стои зад него. „Од глупост и гордост ја прочитав молитвата за мир наместо како што се бараше од мене“, вели отец Иља додека гледа во земјата.
Факт е дека во Руската православна црква се негира дека таа ги прогонува свештениците од овие причини и тврди дека тие биле ослободени поради политички говор. Иако тврди дека е аполитична, Руската православна црква високо ги цени оние свештеници кои се појавуваат на првите борбени линии, благословувајќи ги руските војници со света вода и икони пред битката (!).
Врските на рускиот патријарх Кирил со рускиот претседател веќе се толку силни и постојани што сигурно може да се рече дека Владимир Путин во него ја има најцврстата, зацементирана поддршка, битна бидејќи пак РПЦ е институција која ужива најголема доверба кај обичниот народ. Од оваа рерлација не е јасно дали и обојцата имаат некоја корист ама за Путин ова е секако силно поттуркување во неговиот политички опстанок. Барем од настапите во јавноста патријархот Кирил нема војба во целите на војната и во тоа како таа се води, не го збунува ниту неговата лојалност, ниту фактот дека само на руска страна досега се убиени 294.799 припадници на руските сили (https://civilmedia.mk/generalshtab-na-vooruzhenite-sili-na-ukraina-rusija-izgubi-294-799-vojnitsi-vo-ukraina/), туку и заради вистината дека во војната гинат невини граѓани, многу деца… Дури, патријархот Кирил тврдел дека смртта во битка „ќе ги измие сите гревови на војникот“. Православната црква, која ги претставува Русите и Украинците како „еден народ“, ги обвинува „странските влијанија“ дека „го поттикнуваат конфликтот меѓу нив“.
Она што ја скокотка љубопитноста на западните медиуми е секако
Секое антивоено чувство во руската црква мора да се чува во тајност, а свештениците се сè повнимателни. Отец Николај од Санкт Петербург за ДВ изјавил дека се обидува деликатно да ги изрази своите пацифистички ставови. Според неговите зборови, црквата во Русија наликувала на оние времиња кога „христијаните биле прогонувани и користеле тајни симболи за да се идентификуваат едни со други“.
Николај бил убеден од неговиот духовен водач да остане во Русија, тврдејќи дека кој и да го заземе неговото место веројатно нема да се моли за мир. Свештеникот создал дури и таен Телеграмски канал преку кој луѓето се собираат и тајно се молат за мир. „Се собираме усно. Зборуваме претпазливо и бараме луѓе кои исто така не ја поддржуваат војната. Потоа се зближуваме“, вели отец Николај, кој додава дека сето тоа личи на партизанско движење. Тајните состаноци на групата за него се „како здив на свеж воздух“.
„Откако ќе се молиме за нашите браќа и сестри во Украина, разговараме меѓу себе и оваа комуникација не спасува. Тоа е можност да го споделиме она што ни е во срцето и да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име“, вели свештеникот.
Николај признава дека постоењето на оваа група би можело да стане јавно позната и тоа го става во опасност. „Во тој случај, не е јасно што ќе следи. Веројатно ќе треба да бидам казнет затоа што се залагам за вистината. Но, Господ е со нас. Не се плашам – вели тој.
Дојче Веле објави тв репортажа за грижата која руски свештеници во Германија ја имаат кон украинските бегалции. Се работи за свештенството во манастирот Св.Шорѓи во Гетстендорф. Навистина е потресна сторијата (може да се види како прилог на горниот, прв линк линк) на кој се гледа дека гостите и домаќините си имаат комуникација на рускиот јазик и како се хранат во кујната на манастирот, што им ги отвора ширум вратите. Впрочем, ако се внимава на христијанските базични правила она „не убиј“ е дел од суштината на религијата а да не говориме дека тоа е и составен дел на монотеизмот (Десетте божји правила).
За нас овие стории за Руската православна црква се многу важни заради силното влијание на истата институција врз МПЦ. И тоа веќе не плод на поединечна имагинација туку и забелешка на он ие странци кои ја следат нашата евроатланска определеност. Неодамна и холандскиот амбасадор во земјава – Дур Јан Коп во својот говор на една трибина организирана од претседателот Пендаровски (https://emagazin.mk/holandskiot-ambasador-ne-gleda-politichka-vol-a-za-promena-vo-makedoni-a-i-prasha-kade-se-parite/) јасно ја посочи таа врска меѓу евроскептицизмот на политичарите со оној на црквите. „Со едноставни зборови нема политичка волја за промени не само во политиката туку и кај верските заедници кои ги блокирата промените и ја блокмираат Истанбулската конвенција“ За појаснување се мисли на иницијативата која потекна од Цариградската патријаршија за давање на томос за признавање а која, како што сме опипувале е блиокирана од претставници на РПЦ, еден неодамна и отстранет од земјава. Амбасадорот гледа како „политилчарите се бесчујни и сакаат да се сликаат со свештениците и оџите. И која е пораката“ – запраша тој. „Па пораката е – рече – дајте ги вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности!“
Навистина, се работи за еден шизофрен однос на македонската политика која е за одбрана за Украина ама е во добри односи со оние кои ја воспеваат руската војска кога ги врши оние колежи и масакри…