Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (76) УКРАИНА ВЕЌЕ ПОГОДУВА ЦЕЛИ ДЛАБОКО ЗАД ТИЛОТ НА РУСИЈА

April 8, 2024 Filed Under: Фељтон

Украина погоди цели околу илјада километри во руска територија. Овие напади со беспилотни летала имаат повеќе медиумски и психолошки ефект отколку воен, се согласуваат експертите

ПОГОДЕНА ЗГРАДА ВО ТАТАРСТАН Ова е станбена зграда далеку од фронтот

МИОДРАГ СОРИЌ

Нападите со беспилотни летала на индустриски локации во задниот дел на Русија веројатно нема сериозно да го променат текот на војната, објаснува Валери Романенко, експерт од Националниот авијациски универзитет во Киев. Станува збор за напад на украинските одбранбени сили во Татарстан – на повеќе од 1000 километри од руско-украинската граница.

Првично се веруваше дека нападите врз рафинеријата за нафта Нижнекамск и фабриката за дронови Јелабуга биле извршени со беспилотни летала, објаснува Романенко. Меѓутоа, тој сега е убеден дека Украинците всушност користеле лесни товарни авиони А-22. Тие се произведуваат во Украина од 1999 година. „Сепак, нивниот број е ограничен“, објаснува експертот.

Без разлика дали се работи за напад од лесен товарен авион или дрон, тоа нема да претставува момент на катарза во војната, според воениот експерт Волфганг Рихтер. Сепак, украинските напади може да имаат последици. Од една страна, Русија на самиот почеток на војната објави дека нејзините граѓани нема да бидат вовлечени во непријателства. Сега Кремљ мора да признае дека тоа повеќе не е вистина. „Од друга страна, украинските напади би можеле да ги принудат Русите да ја подобрат својата внатрешна противвоздушна одбрана.“ Една можна последица би била тоа што Русија би можела да ги повлече своите воздушни сили од границата со Украина и земјите на НАТО.

Ќе има ли ескалација по украинските удари?

Според Рихтер, украинските напади во срцето на Русија не претставуваат пресвртница во војната. Штефан Мајстер од германскиот институт за надворешна политика се согласува. Сепак, нападите несомнено ќе ја ослабат логистиката и залихите на руската армија, коментира Мајстер за ДВ.

Сепак, тој не верува дека Русија во моментов е подготвена на компромиси. Сосема спротивно – импресивните успеси на Украинците во нападот во Русија можат само да предизвикаат поголем гнев против нив од Русите и да доведат до реакција. Москва и понатаму има многу сериозни ресурси кои се од клучно значење за развојот на војната понатаму.

КАДЕ Е ТАТАРСТАН Тоа е подрачје кое е иилјада километри подалеку од Москва

Валери Романенко наведе официјални проценки дека Русија може да произведе до 6.000 беспилотни летала од различни видови и големини. „Во Украина, од друга страна, веројатно ги има неколку стотици“, смета експертот. Руската воена машина и понатаму е значително помоќна од украинската.

Само психолошки и медиумски ефект?

Киев нема доволно муниција и оружје. Недостиг на војници има и во украинската одбрана, забележува Мајстер. Тој стравува дека руските сили може да успеат ако се обидат да направат пробив во одделни сектори на фронтот на среден рок. Украина не успеа да ги искористи последните месеци за да ја зајакне својата одбрана. Според експертот, нападите на Украина врз задниот дел на Русија имаат повеќе медиумски и психолошки ефект, но веројатно нема да имаат и воен ефект.

Во секој случај, Украина има право да ја уништи руската инфраструктура доколку тоа ја ослабне борбената способност на руските напаѓачи, рече Михаило Подолиак. Советникот на украинскиот претседател коментира дека Украина нема намера да ја менува оваа тактика.

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet