Украинското Министерство за одбрана известува дека руските агресори се одбиени – откако Русија започна голема офанзива против Харков.
БИЉАНА МИХАЈЛОВА.
Милионскиот Харков постојано е напаѓан со дронови, ракети и бомби. И денес (10 мај) нападите на руската армија очигледно значително се зголемија. Украински извори известуваат за зголемена руска воена активност во регионот и тешко гранатирање, вклучително и воздушни бомби.
Состојбата во градот е страшна. Оштетени се 80 отсто од топланите во украинскиот град Харков. Сепак, тоа не ги одвраќа Олекси и неговата сопруга Викторија, кои се решени да останат во градот и покрај непрестајните руски напади. 39-годишниот претприемач инвестираше близу 20 илјади евра во соларни панели за својата работилница за шиење. На овој начин тој е сигурен дека и во случај на прекини ќе продолжи да има струја, велат од АРД.
„ОВА Е НАШИОТ НАЧИН ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ3 Моментално се купуваа костими за капење и спортска облека. „Луѓето спортуваат, особено сега, во време на војна. Тие не го гледаат како луксуз, туку како начин да останат во форма“, објаснува Олексиј. Харков е универзитетски град и има многу млади луѓе кои се решени да останат и да им се спротивстават на Русите.
Пред целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, во Харков имало 250 илјади студенти. Денес некои од нив студираат во странство, други онлајн. Сепак, многумина останаа, забележува АРД во својот извештај.
Милионскиот Харков постојано е напаѓан со дронови, ракети и бомби. И денес (10 мај) нападите на руската армија очигледно значително се зголемија. Украински извори известуваат за зголемена руска воена активност во регионот и тешко гранатирање, вклучително и воздушни бомби.
Сепак, многумина останаа, забележува АРД во својот извештај.
Во 1920-тите и 1930-тите, Сталин наредил да бидат стрелани украинските интелектуалци, уметници и писатели во Харков. „Затоа не треба да се наведнуваме“, вели ликовниот уметник Хамлет. „Харков отсекогаш бил град на андерграунд културата, а денес тоа е нашиот начин да опстанеме. Клубовите, кината, импровизираните концертни сали, работилниците и училиштето се пресели под „Ние сме многу инвентивни“, изјави човекот за АРД.
АДМИНИСТРАЦИЈАТА РАБОТИ ПОД ЗЕМЈА Градоначалникот на Харков – Ихор Терехов – исто така работи во заштитени простории под земја за да избегне да стане цел на руски напади. Од почетокот на војната, Русите се обидуваат да го освојат градот, изјави тој за германските јавно-правни медиуми. „Тие сакаат да го подигнат руското знаме овде. За нив градот има симболично значење“, смета градоначалникот.
Милионската метропола постојано е бомбардирана со дронови, проектили и бомби. Многу често антиракетниот аларм се активира дури откако бомбите веќе експлодираа. „Луѓето немаат шанса, а Харков е еден вид фронт“, вели Терехов. Секој ден, жители на градот умираат или се повредени. На Харков итно му се потребни модерни противвоздушни системи и ракети со долг дострел за да го заштити населението, додава градоначалникот на градот.
Терехов зборува и за тоа како градските власти се обидуваат да ги задржат бизнисите во градот. Советот на општината донесе одлука за привремено укинување на сите давачки за фирмите. Бесплатен е и јавниот превоз, а градот прими 500.000 луѓе кои се привремено сместени бидејќи се внатрешно раселени. „Русите не треба да можат да ги истераат луѓето од Харков“, нагласува тој. „Харков беше првиот главен град на Украина. Нема да се наведнуваме“.
„ГО САКАМЕ ОВОЈ ГРАД“ Ова го вели шивачката Олена. Жената не сака да се пресели и да живее некаде како просјак. Но, тоа веројатно нема да трае уште многу, признава таа со солзи во очите. Постојаниот страв и чувството дека руските проектили постојано се насочени кон градот и ја троши силата. Плаче кога размислува за иднината на своите деца, вели репортерката на АРД, Биргит Фирних.
„Го сакаме овој град“, вели Викторија, која исто така одлучи да остане со својот сопруг Олексиј. Тие двајца прават се што е можно работилницата да не ги затвори вратите. Минатата зима често шиеја на свеќи, вели таа, бидејќи генераторите што ги купиле биле валкани, бучни и имале постојана потреба од поправка. Откако ги поставија соларните панели, тие повторно работат нормално „Можеме да ја преживееме оваа војна само ако опстане економијата“, смета Викторија.
Со машините за шиење кои ги купија специјално за шиење костими за капење, сега често шијат униформи и за војниците. Во блиска иднина, тие сакаат да ја искористат енергијата од соларните ќелии за да шијат топлинска долна облека за војниците во зима, вели жената.