Народот б и рекол – две лубеници под иста мишка не ги бива. Путин мислеше дека зазема простор на Блискиот Исток ама само доживува пропаст на своите сништа за моќник во светот

Прво Сирија, сега Иран? Русија не може да им помогне на своите сојузници на Блискиот Исток и сè повеќе го губи влијанието во регион кој е стратешки исклучително важен за Москва. Кои опции му преостануваат на Путин? Во јануари, Русија и Иран свечено потпишаа стратешки договор во величествената Голема сала на Кремљ. Тоа беше сигнал до светот дека двете земји, изолирани од Западот, сега се приближуваат. Повеќе од кога било во нејзината понова историја.
Само пет месеци подоцна, по израелскиот напад врз Иран, Русија не изгледа многу подготвена да му помогне на својот партнер. Точно, заедничкиот договор не предвидува никаква обврска за помош во случај на напад, но мулите во Иран сигурно очекувале повеќе од само топли зборови кога го испратија министерот за надворешни работи Абас Аракчи во Москва претходно оваа недела. Претседателот Владимир Путин топло го прими, разговараше со него околу еден час, го осуди израелскиот напад најостро и рече дека се прават напори да му се помогне на иранскиот народ. Како точно – тоа, барем во јавниот дел од разговорот, остана нејасно.
Портпаролот на Путин претходно стави до знаење дека политичката поддршка и понудите за посредништво се веќе голема помош. Но, тоа сигурно не беше она на што се надеваше Техеран.
ПУТИН ВО ТЕШКА СИТУАЦИЈА На површина, Русија има шанси да профитира од војна во регионот – колку повисоки се цените на нафтата, толку подобро за Москва. Сепак, ситуацијата за Путин не е толку едноставна. Тој очигледно не сака да биде вклучен во војската, но и поради сопствената војна во Украина. И не може и не сака да си дозволи директен конфликт со Израел поради Иран.
Политички, станува збор за неодамна воспоставените и сè уште кревки врски со САД – Путин дефинитивно не сака да ги расипе односите со Доналд Трамп. Американскиот претседател дури неодамна почна повторно да го перцепира како рамноправен партнер. Со ова, Путин проби барем дел од изолацијата во западниот свет и со тоа се приближи до својата цел: укинување на непријатните санкции.
Во остатокот од светот, тој не е изолиран, а во некои земји, кои Путин ги смета за свој табор и кои сметаат на неговата поддршка, развојот на настаните сега веројатно се следи со неверица: дали ова ја остава Русија на цедило од друг сојузник на Блискиот Исток?

ПАДОТ НА АСАД – УДАР ЗА РУСИЈА Кога славениците од редовите на сириската дијаспора го кренаа знамето на новата Сирија минатата година на балконот на величествената сириска амбасада во центарот на Москва, недалеку од Кремљ, тоа беше последен доказ дека Русија го изгубила својот дотогаш најважен партнер на Блискиот Исток. Тоа е, дека Путин не можел – или не сакал – да го спаси тогашниот сириски претседател Башар ал-Асад е псоебно прашање.
Тој првично испрати неколку борбени авиони, но многу брзо го остави сојузникот на сопствената судбина. Асад избега во Москва со своето семејство и придружба. Русија очигледно сфати дека воената интервенција нема многу да промени. Падот на тој режим беше сериозен удар за руските амбиции на Блискиот Исток.
Фаза на ново влијание
Под режимот на Асад, Сирија стана централна точка на руската политика на Блискиот Исток. Пред десет години, Русија воено интервенираше во граѓанската војна и го одржа Асад на власт со борбени авиони и бомби.
Русија потоа доби воени бази во таа земја, вклучувајќи го и стратешки важното пристаниште Тартус, што значи пристап до Медитеранот. Москва го врати своето старо влијание: стана – како во советската ера – важен играч во сложената мрежа на моќ во регионот.
И се поврза со други земји од Блискиот Исток: се приклучи, на пример, на проширениот нафтен картел ОПЕК+. Ова значеше и приближување до Саудиска Арабија – и дополнителни можности за влијание врз државите од Персискиот Залив.
Во сложена рамнотежа, Путин долго време одржуваше добри односи и со Бенјамин Нетанјаху во Израел – со цел да се наметне како неопходен посредник и познавач на Блискиот Исток.
ДВАЈЦА „ОТПАДНИЦ И“ Русија исто така сакаше блиски односи со Иран. Тие се бореа заедно во Сирија против противниците на Асад, а подоцна, кога Русија ја започна својата војна против Украина, имаше уште еден заеднички именител: како и Техеран, Москва се соочуваше и со сè построги санкции од Западот.
Размената трговија меѓу двата „отпадници“ растеше. Русија стана најголем странски инвеститор во Иран. Во исто време, Иран снабдуваше дронови, кои беа особено важни за Русија во првите месеци од војната, а подоцна и технолошка помош благодарение на која Русија сега може сама да произведува слични дронови.
Затоа стратешкиот договор на почетокот на годината изгледаше логичен. Иран и Русија го склучија и во очекување на новиот мандат на Доналд Трамп – никој не можеше да знае во тоа време колку сурово ќе ги таргетира тие две земји.
ШТО ДРУГО МУ ОСТАНУВА НА ПУТИН СЕГА? Сега сè е поинаку. Трамп му подава рака на Путин и демонстрира сила кон Иран. Путин сега повторно може да се обиде да се наметне како посредник. Ако сака да го задржи режимот на мулите како своја лост на влијание во регионот, без да ги загрози односите со другите и сè уште да го импресионира Трамп, тогаш медијацијата е неговата единствена шанса.
Сепак, не е јасно дали неговата мрежа на контакти е сè уште доволно силна. Ако не успее, ќе мора да избере помеѓу стариот сојузник Иран – и Трамповата Америка.
Поранешниот сириски моќник Асад наводно е сè уште во Русија, заедно со лојални поддржувачи. Неговото семејство наводно поседува скапи станови во стаклените кули во луксузниот деловен кварт во Москва, Москоу Сити.
Луксузен азил – на крајот, Русија не можеше да му понуди на својот сириски сојузник повеќе од тоа. Ако иранскиот режим падне, Москва би можела да стане погодно засолниште и за мулите.