Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПУТИН И ПОДАРУВА НА ВЛАДАТА УСТАВНА ПОЗИЦИЈА А СЕ ГОТВИ ЗА …ПРЕМИЕР

January 21, 2020 Filed Under: Свет

Вчера Парламентот во Москва требаше да напарви дури 81 промени на Уставот и да ја ивлече Владата на виделина. Претседателот Путин ќе се редуцира во функциите за да може карирата да ја продолжи како премиер

КАДЕ Е ВРАТАТА Белким Медведев знае каде е вратата за излез

Путин го номинираше шефот на даночната служба Микхаил Мишустин како нов преоден премиер, според руските новински агенции.

Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка, откако претседателот Владимир Путин предвиде серија уставни амандмани со цел јакнење на Парламентот на сметка на претседателската функција.

Предлогот на Путин дојде за време не неговото редовно годишно обраќање до нацијата во Москва, при што ги наговести намерите да го заштити влијанието врз државата кога неговиот актуелен и конечен мандат истекува на почетокот од 2024-та.

Путин го номинираше шефот на даночната служба Микхаил Мишустин како нов преоден премиер, според руските новински агенции.

Усвојувањето на новиот премиер и други клучни министерски места, како што сугерираше Путин во говорот, треба наскоро да бидат дел од руската Дума. Путин сугерираше и дека Државниот совет, актуелно советничка група на претседателот, да добие формален авторитет во Уставот.

„Има сериозни промени во политичкиот систем“, изјави Путин и ги претстави предлозите.

Медведев издаде соопштение кусо време неколку часа по говорот.

„Во овој контекст, владата на Руската Федерација, треба да му овозможи на претседателот да има можност да ги преземе сите неопходни одлуки во одредени услови“, рече тој.

ЦЕРЕМОНИЈА Многу парадни претстави со Уставот ама функцијата на промените е насочена само кон еден човек

Претседателот Владимир Путин во понеделникот внесе во Парламентот пакет поправка на Уставот. Сите експерти веруваат дека промената Путин ја прави за себе – се готви да стане премиер, откако ќе ја зајакне таа функција а ќе ја ослабе претседателската, на која сега се наоѓа. Се говори за „сушстествени овластувања“ кои би ги добил премиерот (Путин во иднината).

Владата (Госсоветот) во мигот не се јавува како уставен орган, тој нема големи уставни овластувања, бидејќиповеќе делува како советодавен орган на претедателот! Таа позиција Путин ја избори со свој указ во 2000 година, со цел „да се олесни взаемодејствувањето меѓу разните органи на владта“.

Практично премиер е претседателот на државата а тој има и моќ над спикерот на Парламентот, над губернаторите и да не говориме понатаму. Тој може да ги менува со свој указ кадрите како гувернатори и високи државни службеници! Во цел состав Владата заседа одвај два пати годишно. Лани тоа се случи на крајот на јуни и на крајот на декември,. Постои потесна Влада, наречена Президиум со осум министри , кои ротираат на секои шест месеци (!). Место ресори постојат „16 тематски групи“

„Поправката“ на Владатаќе се изврши преку 83 измени на Уставот. И Владата станува уставна категорија.

Инаку идниот претседател, по 2024 година не ќе може да има повеќе од два мандати.

 

Filed Under: Свет

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet