Тврдејќи дека Ленин ја создал Украина, агресорот Путин практично ја негира целата федерална конструкција на некогашниот СССР и сите 15 создадени републики а денес независни држави!
„Модерна Украина е целосно создадена од Русија, поточно од болшевиците, комунистичка Русија. Процесот започна веднаш по револуцијата во 1917 година“ – истакна пред неколку дена агрсорот Путин, мислејќи на Октомвриската револуција, со која беше соборена царската влада.
Тој ја нарече Украина вештачка креација на Ленин. „Како резултат на болшевичката политика се појави советска Украина, која и денес со добра причина може да се нарече „Украина на Владимир Илич Ленин“. Тој е нејзин автор и архитект. Ова е целосно потврдено од архивите. И сега неговите благодарни наследници ги уништуваат спомениците на Ленин во Украина“ – истакна тој.
Нема сомнение дека и ова е еден од вербалните трикови со кои шефот на државата сака да ја оправда агресијата кон независна и слободна земја, која со ниту еден чекор не ја загрозила безбедноста на својата земја – сосетка. Прво што ни паѓа на уме фактот дека и самиот Путин со својата прагма го сруши постулатот на својот прв идеолошки работодавец. Целата негова претходна кариоера на советски шпион во странство (ГДР) се базира на носењето на црвената книшка со лелиновскиот портрет на насловната страница. Служел на својот СССР, земја во која републиканските постулати се градени доста долго – од славните декабристи се до Октомвриската револуција која тој ја споменува!
Федералната концепцоја на болшевиците доаѓа само по себе, како резултат на една напредна слика за иднината на државата во која не живееле само Руси. Дури, се сметало (Троцки, нели) и на светска револуција – како би се привлекол светот кон таа идеја ако се копира царистичката архитектура на општеството?! Може ли Путин во својата актуелна надмена поза (што би рекол нобеловецот Мустафов од Новаја газета – додека се игра со копчето за нуклераната бомба во рацете како тоа да е тоа привезок за автомобилски клучеви) да ја најде логиката на оние кои го создле Советскиот сојуз? Секако не – Литванија и Полска не сакале да се приклучат кон тој сојуз и нив ги нема во идната федерација, во која од 1920 г. натаму влгле најпрвин Украина, Ерменија, Грузија и Азербејџан. (Не е небитно да се спомене дека како официјални јазици во СССР се сметале и јидишот и полскиот јазик!).
Е тоа е новото сваќање во однос на наионалните особености, кои сега Путин така иронично ги оспорува и извртува. Со време во новата Федерација потоа влегуваат могу нови републики за бројката да заврши 15 републики, подоцна и независни држави.
Според последните изјави на Путин, Украина веќе нема право да постои како суверена држава – иако е членка на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Советот на Европа; и иако самата Русија (кога Борис Елцин беше претседател) ја има признато независноста на земјата.
Да не се држиме до Ленин, да соопштиме дека во време на Горбачов, по распадот на СССР се формираше Заедница на независни држави од која излегоа некогашните членки – Грузија (по војната во 2009 г.) и Украина (по агресијата во 2014 година). И обете откако беа нападнати од Путиновите кохорти. Првата изгуби дел од својата територија а втората ги изгуби полуостровот Крим и дел од Домбас и сега е на прагот да ја изгуби целосно својата независност. Дали после тие настани може да им се замери на земјите кои излегле од ЗНД што го презениле значењето на пост советските институции.?! Во тие форми на задржување на некакво единство спаѓа и Организацијата за колективна безбедност која практично од „помека“ замена за Варшавскиот пакт се претвори во командно место за рушителот на Ленин – Путин. Ако тој веќе не го избрал името на некој од галеријата на царевите, националните угнетувачи во своите империи?