Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПEТРОВСКА: ТОШКОВСКИ ЈА КОНТАМИНИРАШЕ ИСТРАГАТА

May 6, 2025 Filed Under: Македонија

Пратеничката вели дека министерот ги заштитил тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што предмалку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од Законот за полиција. Според него  полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разреши не биле виновни

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА На денот на трагедијата и потоа Тошковски свесно оддавал службена тајна од истрагата на лице кое не е овластено

Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.

Петровска нагласи дека Тошковски, како искосен правник, долгогодишен адвокат ги познава законите, особено Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, но свесно на денот на трагедијата не посочи одговорност во Министерството за внатрешни работи.

Напротив, ги заштитивте тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што предмалку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од Законот за полиција. Според вас полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разрешите тие не биле виновни. Не знаеле што им се случува на територијата на подрачјата за кои по закон се должни да знаат и истото да го спречат, нагласи Петровска, додавајќи дека на денот на трагедијата и деновите потоа Тошковски свесно оддавал службена тајна од истрагата на лице кое не е овластено и му ги направил достапни информациите од истрагата кои беа злоупотребени се злоупотребуваат до денес за политички цели.

Еве со ова вие ја контаминиравте и ја попречивте истрагата и затоа меѓу другото се и нашите тврдења дека истрагата е селективна Исто како што дозволивте од денот на трагедијата до отприлика седум дена подоцна раководните полициски службеници од СВР Штип и полициска станица Кочани да продолжат да доаѓаат на работните места и со тоа им овозможивте да кријат докази, да преправаат записници, се во нивен интерес и во интерес на тие кои треба да ги заштитите. Под притисок исклучиво на експертската јавност тие беа променети. Е затоа денес семејствата на починатите, загинатите и повредените дојдоа во Скопје и затоа побараа средба не само со вас, побараа средба и со нас и со сите пратеници овдека во Собранието, затоа што меѓу другото ние сме нивни избраници, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Петровска потоа додаде дека со Тошковски хаос се случува во МВР, партизација и деградирање на професионалците. Затоа, рече таа состојбата во МВР е запрепастувачка и загрижувачка. Овој хаос што се случува низ улиците е резултат на непочитување на хиерархијата на двојните команди. кои се издаваат во Министерството за внатрешни работи, кои го прават ваши партиски структури и со тоа ја попречуваат работата во министерството, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.

Петровска нагласи дека високи полициски службеници кои во минатото биле наградувани, кои успешно воделе сериозни полициски операции без дисциплински постапки, спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, се деградирани и од началници на посебните полициски единици се направени инспектори за кражби, инспектори за сообраќај.

Ги пуштивте на улица тие коишто до пред некоја година апсеа и работеа против криминалците. Може да ви е вас смешно, ама јас не сум виновна за селективната меморија колеги која ја имате. Постојат докази, постојат евиденции во Министерството за внатрешни работи кога кои полициски акции биле изведени. Ова ваше однесување дека светот почнува од вас е многу погубно за државата, ама и за вас самите. Ова што денеска го гледаме е всушност резултат на ваквото однесување, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска од собраниската говорница.

За овој период од 15 месеци бројот на убиства, особено во главниот град, во централното градско подрачје, станува се почесто. Последното убиство е фрапантно. Во дворот на најголемата полициска станица во Скопје, на Битпазар, беа испукани повеќе од 60 куршуми. Ова е новото нормално со Тошковски, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.

Петровска додаде дека по логиката којашто ја слушавме во изјавите за Кочани, најверојатно за ова убиство ќе биде виновен производителот на оружјето, а не кој што тој што го користел.

Петровска се осврна и на хаосот во сообраќајот и загинувањето на младата Фросина, кое беше злоупотребени за најава за драстични мерки во сообраќајот, особено во делот и на превенција, меѓутоа и казнувањето, ама секое чудо за три дена.

После неколку дена, секојдневно во Скопје и тоа е во билтенот на МВР, се случуваат сообраќајни незгоди, помали или поголеми, со смртни или без смртни последици. Вчерашниот скандал со братот на градоначалникот кој градоначалникот исчезна некаде е доказ дека сево ова е фарса што го правите. Се’ ви е реклама, се ви е ПР и тоа за жал граѓаните скапо го плаќаат. Многу често и од вас и од колегите пратеници ја слушаме добро познатата замена на теза, а тоа е дека ние сме биле против вас затоа што, замислете, сме се плашеле од неселективната борба против криминалот и корупцијата. Која неселективна борба? Таа кога ја кренавте рампата за Артан Грубин како господин да си ја помине границата?, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet