Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПOБЕДА НА ЗАЕВ, ДЕБАКЛ НА ВМРО-ДПМНЕ!

April 16, 2018 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл. И политички и технички. Тоа е втора катастрофа во истата зграда по крвавиот пуч од пред една година. Не сум сигурен дека таму има памет која е во состојба да ја сфати простата вистина: без сериозни реформи, без тешка интроспекција, без пресметка со криминалното наследство

Ме бендиса Заев. Прв пат без какви било резерви. Одржа добар говор. Оптимистичен и тоа основано оптимистичен. Истовремено- решителен, дури, би рекол, категоричен. Со оглед на контекстот и на атмосферата во Собранието и во општеството, форсирано градени во стилот на депресијата и на претсмртната декаденција, одличен говор, за кој сум сигурен дека ќе има многу сериозен импакт и дека ќе влијае врз свртувањето на комплетното расположение во општеството. Кон подобро и похрабро, што е многу важно.
Презентираше многу важни информации за политиките на владата во сите области, од социјалата и економијата, до меѓународната политика, од фискалната сфера до инвестициите, вработувањето и субвенвиите.
Насочени кон реконструкција на општеството и државата, така драматично и душмански, безмалку, смртно, оштетени за време на власта на вмро-дпмне.
Но, мене најсилен впечаток ми оставија три работи:
Категоричната оценка за криминалните политики на власта на вмро-дпмне заедно со повикот новото раководство да смогне сили да се дистанцира од криминалното наследство.
Второ, мислам дека епските напори да се припитоми дивиот политички ѕвер на доминантната опозиција во функција на реформите, особено во насока на решавање на клучните прашања за иднината на Македонија, се вообличуваат во една пожртвувана политика која, тоа е мој впечаток добиен да речеме од ликот на тотално издишаниот балон на вмро-дпмне, од пратениците кои ми личат на употребени и фрлени лигави куртони, веќе дава одредени резултати.
И трето, станува појасна политичката филозофија стокмена во синтагмата “општество за сите”. Комбинацијата од категорични оценки за блиското минато, заедно со правните процеси кои во врска со криминалот течат и отворениот пристап во дискусиите на речиси на сите пратеници од мнозинството, на чело со Заев, влеваат оптимизам.
Со еден збор: Браво!
За премиерот и за пратениците од мнозинството!
ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл. И политички и технички. Тоа е втора катастрофа во истата зграда по крвавиот пуч од пред една година. Не сум сигурен дека таму има памет која е во состојба да ја сфати простата вистина: без сериозни реформи, без тешка интроспекција, без пресметка со криминалното наследство, без своевидно девмровизирање на самата партија, ќе завршат како маргинална лоби група на старите апаши и ќе се претворат во група за посети во Идризиво.

 

Filed Under: Колумни

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet