Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПOРТАЛИКС: ВЛАДИНИОТ КООРДИНАТОР ЗА МЕДИУМИ ПОВРЗАН СО ПОРТАЛ КОЈ ЗЕМА ПАРИ ЗА ИЗБОРНО РЕКЛАМИРАЊЕ

January 6, 2026 Filed Under: Македонија

Се работи за Латиф Арифи, поврзан со портал кој зема пари за изборно рекламирање а инаку таму колумнист е токму истиот функционер. Има и една друга скокотлива конекција – порталот Фол.мк каде издавач е Илир Арифи

АРИФИ Од порталот Фол.мк се емитуваше „екслузива“ дека Ахмети се повлекува од политиката

Во екот на кампањата за вториот круг од локалните избори, граѓаните беа засилено „бомбардирани“ од прес – конференции, промоција на кандидати за градоначалници и советници, меѓупартиски препупувања и обвинувања и дезинформации.

Од морето вести во етерот, една имаше поинаква тежина. Под превезот на „ексклузивна“, порталот Фол.мк на 23 октомври објави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети се повлекува од политиката по вториот круг од локалните избори, пишува Порталикс.

„Извори во ДУИ посочуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово. Се очекува оваа одлука да биде објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на НАИ кои се натпреваруваат во вториот круг“, напиша Фол.мк.

Оваа вест беше пренесена од речиси сите домашни медиуми. Ден потоа, тогашниот портпарол на интегративците Арбер Адеми, нарекувајќи ја веста дезинформација, негираше дека Ахмети ќе се повлече од политичката сцена. Неодамна, на 20 декември на Конгресот на ДУИ, како единствен кандидат на петтиот конгрес на партијата, Али Ахмети беше реизран за лидер на оваа опозициска партија.

Анализата на објавените текстови на медиумот Фол.мк покажуваат критички и напаѓачки тон кон партијата ДУИ и информативен и позитивен тон за политиките на владејачката ВРЕДИ. Како колумнист на медиумот се појавува националниот координатор за комуникација и медиуми назначен од Владата, Љатиф Арифи. Медиумот ги пренесува и неговите телевизиски настапи и ставови поврзани со изборите, критикувајќи ги политиките на опозициската ДУИ.

Сепак, името на Љатиф Арифи се поврзува и во друг контекст со медиумот. Издавач на порталот Фол.мк е компанијата ФОЛ МЕДИА ДООЕЛ Тетово, чиј управител од јуни 2025 година е Илир Арифи. Претходно, до почетокот на јуни 2025 година, како нејзин сопственик и управител во Централниот регистар е впишано името токму на Љатиф Арифи.

Filed Under: Македонија

И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА
ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ НОВАТА ЖЕНА НА ПЛАЖАТА НА СЕН ТРОПЕ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (160) ЗЕМЈАТА НА АГРЕСОРОТ Е ПОЛНА СО НЕПОКРИЕНИ ПАРИ

Најново

  • И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
  • РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
  • ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet