Македонскиот јазик не е предмет на дебата за историчарите. Политичарите наметнаа притисок врз работата на Комисијата и нивните рокови не важат за нас, децидни се историчарите. Од работата на Комисијата не смеат да зависат разговорите меѓу политичарите
Дводневниот состанок без резултати. Претседателите на Комисијата со различни ставови по дводневната дебата. За Ѓорѓиев има напредок додека шефот на бугарскиот тим, Ангел Димитров, го окарактеризира како „обачно, со малку дожд и малку сонце“.
– Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите – изјави Драги Ѓоргиев копретседател на Комисијата.
Македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во работата и нема постигнаадоговор околу ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Неговиот идентитет е сопката за мешовитата комисија. Сега на маса се нови предлози и идеји за кои допрва ќе се дискутира на следните состаноци. Бугарскиот тим на историчари остана на ставот дека тој се определил како Бугар што е неприфатливо за македонски историчари.
„Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентитетот“,изјави Димитров.
Двајцата претседатели на Комисијата се оградија од изјавите на политичарите во двете држави, дека наметнатите рокови не важат за нив бидејќи тие водат научна дебата и дека фактот што работата на Комисијата се става на врвот од исполнувањето на Договорот за доборсоседство ја отежнува нивната работа.
„Во тој договор има многу други членови кои треба да се исполнат и се надевам дека тоа ќе ја релаксира нашата работа“, изјави Ѓорѓиев.
Бугарскиот политички врв соопшти дека чека одоговор од нивниот шеф во Комисијата околу еветуалниот напредок и дека тоа ќе влија околу конечната одлука за поддршка за отаварње на преговорите со ЕУ.
„Ќе ми биде многу тешко да дадам позитивен одговор, ќе го кажам тоа што се случи, а оценката ќе биде на луѓето кои што очекуваат да разберат што се случува. Ќе повторамдури и за малку да се појавило сонце, тоа е добра надеж дека можеме да продолжиме напред со работата“, рече Димитров.
Ѓорѓиев и Димитров беа децидни дека на средбата воопшто не се дискутирало околу јазикот и дека тоа е работа на лингвистите а не на историчарите.
Во дводневната сесија на Комисијата се дискутирало и околу содржината во учебниците по историја.
Сердбата на Комисијата бее во фокусот на јавноста и на политичарите.
„Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели, а не да нѐ разделува.Ќе видиме како денеска ќе помина преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Северна Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци“, рече Заев.
За бугарскиот претседател Румен Радев нема компромиси.
„Членовите на бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, рече Радев.
Десеттата средба на Комисијата за историски прашања се одржа во тензичен период по неколкуте потези на официјална Софија како декларацијата на Бугарската академија на науки според која македонскиот јазик е норма на бугарскиот, меморандумот на официјална Софија до ЕУ, изјавите дека Македонија е вештачка дрѓава и творба на Титои ставовите на бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева ивицепремиерот Каракачанов.
Комисијата продолжува со работа. До крајот на годината е договорен уште еден состанок кој ќе се одрѓи во Софија.
Шефот на дипломатијата Османи е оптимист околу работата на историчарите. Самиот во Софија го оцени како круна на Берлинскиот процес, најави регионална иницијатива за движење во регионот со лични карти и потврди дека постои тензија во преговорите со Бугарија
СКОПЈЕ -Доколку не се одржи меѓувладината конференција со Бугарија предвидена за декември, тоа ќе биде заеднички неуспех, и на Македонија и на Бугарија и на ЕУ, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој сепак е оптимист дека конференција ќе има, дека нема да има никакви пречки околу копретседателството на самиот на Берлинскиот процес и дека заедничката историска Комисија ќе постигне напредок во работата.
„Доколку поради забелешките од Бугарија до крајот на годината не се одржи првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, тоа ќе се смета за неуспех на Берлинскиот процес, бидејќи идејата зад лансирање на оваа иницијатива е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Во тој случај, товарот ќе биде на сите – и на нас, на Бугарија, и на германското претседателство“, изјави Османи.
Тој демантираше дека имало судир со неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева, и нагласи дека врвен приоритет е Самиот.
„Работиме интензивно и инклузивно во овој период со сите наши партнери, вклучувајќи ги тука европските институции Советот за регионална соработка, меѓународните финансиски институции, германското претседателство со ЕУ, со земјите од регионот за да ја одржиме на високо ниво перспективата на Западен Балкан високо на агендата на ЕУ. Исто така за време на посетата на Софија значаен дел од разговорите со колешката Захариева беа токму предизвиците и активностите во рамки на заедничкото копретседвање и тука заклучивме дека ова заедничко копретседавање мора да успее и дека посветено ќе работиме на последната точка од нашата заедничка агенда“, објасни Османи.
Во рамките на Берлинскиот процес, Осмнаи најави иницијатива за поврзување на државите од Западен Балкан олеснување на протокот на патници преку границите со употреба на лични карти.
„Утре почнува министерскиот состанок за внатрешни работи, овде во Скопје, каде што доаѓа министерот за внатрешни работи на Бугарија и заедно со нашиот министер ќе го копретседаваат состанокот на министри за внатрешни работи во рамки на процесот каде очекуваме да се иницира идејата за движење со лични карти во целиот регион, односно помеѓу сите шест земји на Западен Балкан и тоа мислам дека е важна иницијатива, која што доколку биде одобрена ќе значи полесна комуникација, патување, транзит, односно клучен дел во поврзаноста и размената“, истакна шефот на дипломатијата.
Следната недела пак, исто така во рамките на Берлинскиот процес, ќе се одржи состанок на министерите за задравство на кој се очекува да се донесе регионален одговор на пандемијата на Ковид – 19.
Околу изјавата на премиерот Зоран Заев дека граѓаните треба да се подготват дека може да нема почеток на преговорите со ЕУ во декември, Османи рече дека потребата за консензус за преговарачката рамка е една од 130-те потреби за консензус што во просек треба да се случат во текот на преговорите. Според него, треба да се навикнеме дека влегуваме во процес кој бара постојани потреби за консензус од сите земји членки.
Премиерот Заев пак соопшти дека се работи на надминувањена спорот со Бугарија и најави посета на Софија.
„Сакам да ја посетам Бугарја и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи“, рече Заев и додаде дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија јавноста веднаш ќе биде информирана.
Претседателот Стево Пендаровски пак дециден, уставни измени нема да има.
„Вон памет е да се разговара за каква било промена на Устав или анекси и додавања на Договорот, тоа не е потребно. До овој момент ниту на вербално ниво никој нема побарано од бугарска страна промена на Уставот. Во однос на интерпретацијата на билатералниот договор, не е првпат од софиска страна некој да побара политичка декларација или изјава со која ќе дообјасниме некои работи во Договорот од 2017. Има изјава на претседателот Радев со кој бара анекс на тој договор дека наводно не се почитува, или практично нов договор“, рече претседателот Пендаровски.