Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РАБОТНА ПАУЗА НА МИНИСТЕРОТ АЛАЃОЗОВСКИ

May 1, 2018 Filed Under: Ревија

Министерството за култура побара објавување на демант за лажна вест во „Курир“

СРЕДБА ВО КАФУЛЕ Пртставници на меѓународна танц сцена се видоа со министерот нза време на пауза на Парламентот

Во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Министерството за култура побара од редакцијата на порталот „Курир“ да објави исправка / демант на лажната вест дека министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски не присуствувал на минатонеделната седница за пратенички прашања во Собранието на Р.М.(26 април).

Имено, според информцијата на Министерството, министерот Алаѓозовски бил постојано присутен на седницата, а само ја искористил паузата дадена од претседателот на Собранието Џафери за да оствари кус работен состанок. Средбата со уметниците била во кафуле блиску до Собранието. Се работи за претставници на повеќе организации и уметници од повеќе земји, кои учествуваат на меѓународен танц фестивал што се случува деновиве во Скопје.

СРЕДБА ВО КАФУЛЕ Пртставници на меѓународна танц сцена се видоа со министерот нза време на пауза на Парламентот

Министерот присуствувал на средбата 14.30 до 15 часот, откако во паузата бил достапен и на средбата со пратениците, каде што опозицијата не дошла.

Средбата била со претставници на Европската мрежа за танц (EDN – European Dancehouse Network), Кино Шишка – Центарот за урбана култура од Љубљана (Kino Siska Centre for Urban Culture) и Мрежата „Nomad Dance Academy“. Во рамки на проектот „Encounter Balkans“, гореспоменатите претставници во април патуваат во регионот и ја посетија Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Бугарија, со цел да се запознаат со инцијативите, организациите, структурите, програмите и политиките и просторите во кои се развиваат современите изведувачки уметности.

Средбата била на барање на претставниците на меѓународната танц сцена, кои застапуваа механизми за македонската танц сцена да биде посуштински поддржана и повидливо присутна во новите културни политики на Владата. Министерот Алаѓозовски ги запозна со досегашниот реформски процес, усвојувањето на Стратегијата и акцискиот план на Министерството и се согласи во работните групи да се вклучат и претставници на македонската танц сцена.

ТУРНЕЈА Кно Шишка на една балканска турнеја

Програмата за нивата посета во Македонија ја организираше „Локомотива“, во форма на 2- дневен настан (25, 26 април) во Кино Култура, кој се состоеше од серија на перформанси од македонски автори (продукција на Интеарат и соработници на Локомотива и Номад танц академија), средби, презентации на Кино Култура, како и на танцови простори, услови и моментална позиција на современиот танц во Македонија и јавна дискусија на тема Политики во танцот, дискусија на ситуацијата на танцот во Македонија. На настаните беа поканети професионалци, кореографи, студенти од полето на соврмените изведувачки уметности, а беа отворени и за поширока публика.

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet