Булатовиќ бил амбсадор, имал афери кои не се затворени. Потоа рабоел на прашања за безбедноста во кабинетот на Коштуница а бил апсен по убиството на Ѓинѓиќ. По ослободувањето од притвор ја водел БИА (2004) а потоа пак се вратил во Министерството за надворешни работи на една измислена функција
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Потенцијалниот амбасадор на Република Србија во земјава – Раде Булатовиќ е по потекло Црногорец – роден е пред 60 години во Беране.
Иако официјалната биографија според дел од печатот во Србија никогаш не била објавена, се знае дека Булатовиќ кон крајот на осумдесеттите години работел во белградската општина Земун, додека пред распадот на поранешна Југославија бил вработен во Сојузниот секретаријат за надворешни работи (подоцна на Сојузното министерство за надворешни работи). Тој служел во конзулатите во Истанбул и во Рим, и колеги кои работле заедно со него велат дека дури и тогаш имал одлични односи со полицијата. „Раде успеа барањата од МУП да ги реализира само за неколку дена а за нив нам не ни беа доволни ни неколку месеци “, вели еден од неговите поранешни претпоставени за белградско „Време“.
За неговата служба во Рим е врзана аферата со кражбата на чанти со околу педесет илјади долари од автомобилот во кој, покрај возачот и сметководител, таму бил и Булатовиќ. Сите се вратиле во Белград, но никој не бил повикан на одговорност за исчезнувањето на парите. Отпуштен е од Министерството за надворешни по петтооктомвриските промени како дел од стариот кадар. Демократската партија тврдеше дека Булатовиќ бил член на ЈУЛ, но тој никогаш не го потврдил тоа или не го побил.
Од ноември 2000 до март 2003 година бил советник за национална безбедност на Воислав Коштуница во претседателскиот кабинет. Овој период го врза за три афери и едно апсење.
Афера Гавриловиќ: Поранешниот оперативец на Државната безбедност Момир Гавриловиќ беше убиен на 3 август 2001 година во паркингот во Нов Белград, на улицата Џон Кенеди, кратко време по разговорите со Раде Булатовиќ и неговиот советник Градимир Налиќ. Коштуница рече дека потоа дека Гавриловиќ во неговата канцеларија, на денот на неговата смрт, разговарал со него и членовите на неговиот кабинет за пенетрација на организиран криминал во економскиот живот, за нкриминалната разгранета моќ и за подинци и кланови кои постојат во тој домен. Потоа јавниот обвинител рече дека за убитвото на Гаврилпвоќ води истрага против Драган Николиќ Теча и Љубиша Буха Чуме.
Афера Перишиќ: спектакуларното апсење на поранешниот началник на Генералштабот на српскиот вицепремиер Момчило Перишиќ, во ресторанот на мотелот „Шариќ”, на 5 март 2002 година, генералот Небојша Павковиќ, поранешниот началник на Генералштабот, го објасни со тоа дека операцијата ја водел Булатовиќ, поединечно координирајчи го апсењерто, на тој начин заобиколувајќи ги официјалните воени канали. Самиот Булатовиќ во неделникот НИН изјави дека апсењето на Перишиќ е „успех на единствениот систем на националната безбедност”.
Афера “четирижичен кабел”: Раде Булатовиќ со колегите советници Градимир Налиќ и шефицата на кабинетот на Коштуница Лилјана Недељковиќ се обвинети за обидите во јуни 2002 година, со посебна единица на тогашната југословенска војска да злезат во Бирото за врски на Владата на Србија, заради наводно прислушкување на Коштуница од страна на Бирото . Случајот никогаш не беше целосно објаснет, иако во српскиот парламент за оваа цел се формираше комисија.
Политички затвореник: За време на операцијата Сабја, по убиството на Зоран Ѓинѓиќ, Раде Булатовиќ и на безбедност На војската на Југославија Аца Томиќ, беа уапсени врз основа на член 122, во врска со член 125 од КЗЈ (заговор за извршување). Српската влада во тоа време тврдеше дека Томиќ и Булатовиќ се сретнале тајно со Душан Спасојевиќ и Милорад Луковиќ Легија, и дека тие се дел од заговорот за убиство на Ѓинfиќ. По тој повод, Коштуница рече: „Раде Булатовиќ беше политички затвореник, а за жал не и единствен, па ние во земјата ја оживеавме идејата за постоење политички затвореници.”. Булатовиќ беше ослободен по три месеци и обвиненијата против него беа повлечени
Кога тој е поставен на чело на БИА (2004) од Булатовиќ се очекувало да ја открие врската помеѓу поранешните власти и неформални центри на моќ кои имаат корист од Одделот за прогон, заради уцена и елиминација на политичките противници.
Што ја грижи поранешната влада? Имаше став дека „БИА е предадена во рацете на аматери” (Жарко Корач), и дека Булатовиќ ќе биде ударната тупаница на Коштуница за да создаде поет да се создаде „најцрна темниџа во која само будалите или нечесните можат да видат нешто добро” (Ненад Чанак) .
Раде наречен во народот ЦИА, веќе спсоменавме дека беше уапсен во „Сабја”, потоа обцинет за отстранување на дискови од БИА, му помагал на воениот бегалец Младиќ. Сепак тој, со целиот багажбил во 2012 година н за шеф на Одделот за Движењето на неврзаните во Министерството за надворешни работи. Тоа беше нова функција каде тој настапи во ранг на амбасадор.
Веста предизвика мноштво реакции, бидејќи во Булатовиќ во минатото бил поврзан со голем број на нерешени афери, додека обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ го спомена дека бил во контакт со оние кои го криеле Ратко Младиќ. Партијата ЛДП сметаше дека ова претставува добивка само во „изолационистичка политика”.
Споменатиот ВУкчевиќ рече дека докажанизнае дека Булатовиќ од страна на лица од РепубликА Српска 11 адреси на кои се криел
Името Булатовиќ последен пат беше споменато кога обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ го поврзува со криењето на Ратко Младиќ и го објави своето сослушување, иако обвинителството нема доволно докази. Во таа прилика, Вукчевиќ рече дека обвинителството знае дека поранешен директор на БИА од Република Српска му бил испратен контакт кој знаел за 11-те адреси кои Младиќ всушност се криеле, но дека Обвинителството немало доволно материјал за да започне постапка.