Неодамна Шербеџија во едно интервју јасно стави до знаење дека во 90-тите се нашол во неволја само затоа што сакал да се спротивстави на идејата за војна, а кажува и дали му пречи кога некој за него ќе каже дека е југоносталгичар
Одиграл повеќе од 200 улоги, па разговорот со Раде Шербеџија за филмовите или театарот не е ни малку лесен. Потребни се часови и часови за само да се допре до сето она што го остварил во неговата кариера. Но, освен актер, Шербеџија е и музичар, поет, но и остар критичар на општеството. Остро ги анализира денешните случувања и е еден од оние што никогаш не се плашеле да го кажат тоа што им е на ум, без оглед на реакцијата на опкружувањето.
Неодамна Шербеџија во едно интервју јасно стави до знаење дека во 90-тите се нашол во неволја само затоа што сакал да се спротивстави на идејата за војна, а кажува и дали му пречи кога некој за него ќе каже дека е југоносталгичар.
– Терминот „југоносталгичар“ всушност е непримерен. Тоа е грда политичка дисквалификација на оние што искрено чувствуваат почит кон фактот дека живееле во една земја во која сакале да живеат. Она што го подразбираме под носталгија е носталгијата за времето во кое луѓето поминале добра и богата младост, а притоа се оградувам од многу работи, бидејќи во таа земја многу луѓе не беа среќни – објасни Шербеџија.