Приведените, како што потврдуваат од МВР, се повратници, односно лица кои веќе биле осудени за учество во странска војска, односно дека биле припадници на ИСИС. Стејт департментот замерува на ниските казни на македонските судови!
ГЛОБУС МАГАЗИН
Три лица, еднаш веќе правосилно осудени на ефективни затворски казни заради нивно учество во странска војска, одново се приведени во комплексна акција на безбедносните органи. Тие се следени подолго време и по некоја случајност или не, уапсени се во акција посдд сомнение дека се дел од паравоени формации, како осомничени дека сториле кривични дела: терористичка организација и тероризам.
Станува збор за лица кои се на возраст од 22 до 28 години, сите од Куманово. За разбивањето на оваа ќелија на таканаречената Исламска држава, со соопштение се огласија и Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за сторено кривично дело терористичка организација, казниво по член 394-а став 1 и тероризам, по член 394-б став 6 в.в. став 1, како и против В. А. (22) и Е. Љ. (25), двајцата од Куманово, за сторени кривични дела терористичка организација, по член 394-а став 2 и тероризам, по член 394-б став 6 в.в став 1 од Кривичниот законик3, се вели во службеното обрзложување на МВР од каде и потврдија дека Б.А., В.А. и Е.Љ. се повратници, односно лица кои учествувале во странска војска.
Имено, на почетокот на минатата година, А.Б. создал терористичка организација во која членувале другите двајца споменати, како и уште неколку други лица. Нивната ќелија своја идеолошка подлога нашла во ИСИС, а намерата им била да извршуваат терористички напади во државава. За да го реализираат замисленото тие обезбедувале финансиски средства, а набавиле и поголема количества на оружје, муниција и воена опрема, која ја сокриле во близина на локалниот пат село Биљановце – село Пчиња, на место викано „Менкова Колиба“.
„Како резултат на добиени оперативни сознанија и примена на оперативно тактички мерки на споменатата локација пронајдени се: пет автоматски пушки, пушкомитралез, 18 рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, рамка со 15 куршуми, три дрвени кундаци, дрвен кундак со механизам за испалување, три гранати за рачен фрлач со напис RD 40мм, пет запалки за гранати за рачен фрлач со осигурачи, две маскирни капи, две поткапи црна и сива боја, два пара маскирни ракавици, два тактички елеци, четири тактички елеци со маскирна боја, зна
ме со испишани арапски букви (ИСИС), марама со испишани арапски букви“, велат од МВР и дополнуваат дека биле извршени претреси на четири локации, односно на три во Куманово и една локација во Скопје, а дека по извршените претреси биле пронајдени и одземени два појаса рачно изработени исполнети со експлозив, метални кугли – лагери, монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите, две направи со жици од разна дебелина, две радиостаници, осигурач за експлозивна направа, лап-топ компјутер, девет мобилни телефони, пет СИМ картички, електронски уред со објектив, две USB-а, футрола за пиштол, маскирна облека, два ножа, две футроли за ножеви и автомобил „ауди А-3“.
Од обвинителството велат дека осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје и дека од него ќе биде побарано да изрече мерка притвор за сите тројца.
Во извештајот на Стејт дипартментот објавен во јуни годинава се потврдува дека главната безбедносна закана во Северна Македонија се повратниците од ИСИС. Ова е инбаку годишниот извештај на Стејт Департментот за тероризмот во светот во 2019 година. Во него е наведено дека Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот асе проценува дека 156 македонски државјани се приклучиле кон терористичките групи во Сирија и Ирак, од нив 36 се загинати, 37 останале на боиштата а 83 се вратиле во Северна Македонија. Во извештајот е наведено дека во текот на изминатата година не се регистрирани терористички инциденти во Северна Македонија и дека соработувала со американските сили и е член на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС.
Во извештајот е истакнато дека македонската законодавна рамка за гонење на поединци и групи за кои постои сомневање дека извршиле или помагале во терористички активности или учествувале во странски војни е соодветна.
„Но ниските казни за кривични дела поврзани со тероризам и натаму останува предизвик“ се вели во извештајот на Стејт Департментот.
Во продолжение се наведени примери за пресуди за шестмина повратници од ИСИС во 2018 година кои биле осудени на 6 години казна затвор по одлуката на Апелациониот суд која процедурата ја вратила отпечаток.
Во сегментот борба против финансирање на тероризам е наведено дека македонската канцеларија за финансиско разузнавање во текот на 2019 година примиле извештаи за 6 сомнителни трансакции за финансирање на тероризам и дека истите ги доставиле до релевантните институции за понатамошна обработка.
Стејт Департментот го оцени како „задоволително“спроведување на Националната стратегија за борба против насилен екстремизам.