Вршителот на должност директор на американската национална разузнавачка служба, Џозеф Магваер треба зад затворени врати да разговара со членовите на разузнавачката комисија на Сенатот
Вршителот на должност директор на американската национална разузнавачка служба, Џозеф Магваер, кој го блокираше објавувањето на наводите на свиркачот во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп,денеска во јавно сведочење пред законодавците изјави дека притоа ги почитувал сите законски прописи. Мегваер пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом изјави дека не може законски да ги открие наводите затоа што „нема овластување да се откаже“ од извршната привилегија. Исто така, Џозеф Мегваер треба зад затворени врати да разговара со членовите на разузнавачката комисија на Сенатот.
Пред неговото јавно сведочење, Комисијата на Претставничкиот дом го објави текстот од наводите на свиркачот.
„За време на мојата службена должност, добив информација од повеќе американски владини претставници дека претседателот на САД ја користи моќта на својата положба за да побара вмешување од странска земја на изборите во САД во 2020 година“, се вели во текстот од наводите. Во него се додава дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани е централна фигура во овој обид и дека се чини дека е вклучен и генералниот правобранител Вилијам Бар.
Во наводите, исто така, се вели дека Белата куќа тогаш се обидела да спречи јавно објавување на информациите. Во наводите се вели и дека официјални претставници на Белата куќа изразија голема загриженост поради сведочењето дека Трамп „ја злоупотребил својата положба за лична корист“ за време на телефонскиот разговор во јули со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Белата куќа ги отфрли наводите како „ништо друго освен збирка на трети извештаи за настани и испреплетени новински исечоци – сето тоа не покажува ништо неправилно“.
Контроверзите започнаа минатата недела кога се појавија извештаи дека неидентификуван свиркач алармирал за активности во администрацијата на Трамп, меѓу кои телефонскиот разговор во јули помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По извештаите дека Трамп побарал од Украинскиот претседател, Володимир Зеленски да покрене истрага за ангажман на синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во украинска компанија за гас на високо платена позиција, спикерката на Претставничкиот дом и лидерка на демократите во американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави и официјална истрага за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и обвини дека ја условил помошта за странска влада со неговиот реизбор во 2020 година.
Денеска пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом јавно треба да сведочи вршителот на должност директор на американската национална разузнавачка служба, кој го блокираше објавувањето на наводите на свиркачот во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Исто така, се очекува Џозеф Мегваер да разговара со членовите на разузнавачката комисија на Сенатот зад затворени врати.
Неодамна, на некои од законодавците кои што се членови на комисијата за разузнавање им беше дозволено да ги видат наводите на свиркачот. Проценките генерално се поделени по партиска линија. Демократите во наводите гледаат вина, додека републиканците сметаат дека нивното јавно објавување нема да предизвика последици во однос на судбината на претседателството на Трамп.
Сепак, еден републикански член на разузнавачкиот комитет на Сенатот има порака за законодавците од двете страни.
„Тука има навистина вознемирувачки работи“, изјави Бен Сасе за новинарите по читањето на документот. Тој посочи дека републиканците и демократите не требало да брзаат пред да бидат запознати со вистинската содржина.
Контроверзите започнаа минатата недела кога се појавија извештаи дека неидентификуван свиркач алармирал за активности во администрацијата на Трамп, меѓу кои телефонскиот разговор во јули помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По извештаите дека Трамп побарал од украинскиот претседател, Володимир Зеленски да покрене истрага за ангажман на синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во украинска компанија за гас на високо платена позиција, спикерката на Претставничкиот дом и лидерка на демократите во американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави и официјална истрага за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и обвини дека ја условил помошта за странска влада со неговиот реизбор во 2020 година.