Ужасни инциденти се случуваат насекаде во светот. Но, во Бугарија дел од таквите настани се мизеријата и немарноста. Умната држава дејствува превентивно а управниците не чекаат такви несреќи за да се појават на телевизијата
ПАУЛА ПАУНОВА
Дури 16 загинати, од кои едно дете. Десетици сместени по болниците од кои 4 се на работ на смртта. Таква е трагичната разврска откако жителите на селото Световрачание тргнале на еднодневна ескурзија со автобус, кој излетал о патот кај местото Своге.
Во аботата вечер врнеше дожд. Пред да се преврте во коритото на реката Искр, автобусот удрил три автомобили. „Тоа е единствено место на целиот пат каде нема дрва“ – рече министерот за внатрешни работи Валентин Радев на местото на несреќата таа ноќ.
Уште пред да има експертизи, власта побрза да објасни дека вината не е во патот, таму бил направен ремонт пред година и пол. Но како рњагира патот кога ќе наврне многу дожд – за тоа нема одговор
По помалку од 24 часови од несреќата во пладнвната емисија на Нова телевизијата, како најверојатна причина се споменува аквапланингот. Со други зборови, на коловозот имало премногу вода, тркалата немаат добар контакт со асфалтот и просто возилото – летнува! А за тоа што нема добар одвод е виновна државата.
Во меѓувреме заменик министерот за транспорт не одговара на прашањата дали во автобусот патниците можеле да користат појаси. Возилото е постаро од 17 години а од молчењето се чини дека појаси во него изгледа немало. Според прописите во меѓуградските автобуси мора да има појаси а овој автобус одел по магистрален пат наречен „Тракија“.
Од дебатите по повод Законот за движење по патиштата произлегува
дека оние возила произведени пред 2012 година немаат законска обврска да вградат такви безбедносни каиши. Понатаму, појасите мора да ги вгради, и кога тоа би било обврзувачко – производителот. Законодавецот имал во предвид дека многу фирми едноставно нема да имаат пари да платат такво вградување, па затоа тие сега купуваат каиши по пет левови од парче, кои стојат декоративно, објаснуваат пратеници во Собранието, зошто немало законски измени.
Министерот за внатрешни работи кажа дека само таму, каде се случила несреќата немало дрва, кои веројатно би спречиле пад на автобусот во бездната, што делува цинично. Потоа изјави дека ги посетил повредените, за подоцна да исправи дека имал кус разговор само со една жена, која била контактибилна
Умните држави прават се да се спречат несреќите превентивно а не за претставниците на власта да се сликаат за телевизија. откако несреќите ќе дојдат.
– Не можеме да говориме за демографија а секој ден по двајца – тројца граѓани да ни гинат по патиштата – изјави премиерот Бојко Борисов. То најави „војна по патиштата“. Тоа значи дека полициските функционери ќе имаат многу работни средби со обичните полицајци. Се ќе биде кампања – малку со казни, малку со земени дозволи, малку вонредни технички пегледи, но без јасна цел и тактика.
Државата очевидно ќе им продава на медиумите приказна преку овие мерки дека вината лежи кај товарните возила а не врз неа, за она за што таа е должна – патиштата!
А патиштата во Бугарија се најсмртоносни во Унијата! Тука умираат два пати повеќе граѓани во однос на просекот во Унијата. Статистиката говори дека во Бугарија во сообраќајки погинуваат 88 лица на еден милион население. Во Романија тој просек е 97, во Латвија – 80, во Полска – 79. Но во Обединетото кралство, Шведска или Холандија таа бројка е три пати помала! Три пати!
Во време на социјализмот ситуацијата на овој план беше полоша – умирале дури по 1.000 души годишно. Рекордот е во 1990 година а бројката сериозно почнала да паѓа после 2008 година, за во 2012 година да дојде над 600 жртви во текот на годината. Ова се должи според експертите на намалениот товарен сообраќај заради економската криза. Навистина има и повеќе камери на патот и состојбата со патиштата е подобра. Но таа ситуација одново стана полоша последните две години просекот е 708 загинати за 12 месеци. А пари има, само тие треба правилно да се насочат. Само од винетки годишно се собираат 300 милиони левови а за годинава се проценува дека ќе достигнат до – една милијарда.
Но, пари државата и сега има за патиштата. Има и ремонти ама често има и „ремонти после ремонти“. Имаме неквалитетно одржување на патиштата а резултат на тоа се – кражбите и корупцијата. И тие остануваат неказнети, што ја остава состојбата иста.