БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Они биле разочарани. Никој не им купил доволно црева. И пожарни. Можеби пожарогасителите треба да однесат двајца шокирани Македонци вморони во Виена и да ги изложат во паркот Леополд
Народот бил шокиран од опремата на австријските пожарогасители.
Односно од сознанието колку Македонија била заостаната на тоа поле. Државата, власта, не народот, тој не е заостанат, тој е само шокиран од сликата на себе во австриското огледало.
И јас се шокирам секогаш кога ќе слетам во Виена и ќе видам дека на Дунав нема прекуокеански кораби.
Бургтеатарот ме шокира, Албертина и Моја, Шенбрун и Хофбург, Операта, Златната дворана на Венското музичко друштво, Катедралата Свети Стефан, Марија Хилферштрасе, сетоа тоа шокира кога ќе се одлепите од Универзалната сала во Скопје, од Свети Димитрија и вмронските архитектонски крошеа и аперкати од проектот Скопје 2014.
Сте се возеле ли со виенското метро?
Не!
Епа то е како да се возите со автобусот 67 од Скопје до Зелениково.
Тоа не е така шокантно.
Хахаха.
Или Кицбил.
Сте се скијале ли вие на Штрајфот.
Таа австриска Церипашина.
Кога славните јунаци мавале по Бахтијар и неговите армади со црешовото топче, овие што не угасија во поим, владееја со Европа.
Они биле разочарани.
Никој не им купил доволно црева.
И пожарни.
Можеби пожарогасителите треба да однесат двајца шокирани Македонци вморони во Виена и да ги изложат во паркот Леополд или во Зоолошката градина, ќе заработат за уште поубава опрема од која 60 проценти би добила Северна Македонија.