ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Разрешувањето на Софија Лаличиќ, притворањето на Сашо Мијалков и на Орце Камчев можеби влева некаква надеж, но тоа не е доволно за да се врати довербата во судствто
Изминативе две-три седмици сме сведоци на бурни случувања поврзани со работењето на правосудните органи.
Иако, генерално, ништо не се случува на полето на реформите,
имаше и такви кои проценија дека неколкуте работи кои се одиграа пред очите на целокупната јавност е, всушност, одраз на она што се нарекува „враќање на довербата во судството“. Но реално тоа не е така.
Имено, неколкуте разрешувања на судии, вклучително и разрешувањето на судијката Софија Лаличиќ, многумина го доживејаа како некаква реформа или како некакво враќање на довербата во судовите (ако некогаш и ја имало) и пред се’ во судиите. За жал, и последното разрешување не е и не може да биде ниту едно, ниту друго.
Бракање на судија од работа никогаш и не било реформа, туку казна за она што тој не го сработил или го сработил лошо.
Ако се држиме до примерот на судијката Лаличиќ, тогаш на увид пред Судскиот совет се ставаат сите нејзини изречени пресуди, но никако и претставка на странка во судски спор која се жали, бидејќи била санкцинорана!
Зборот ми е дека Лаличиќ, (па и сите други судии) треба да казнуваат, се разбира, секогаш кога има непочитување на судот. Сега некој ќе рече дека мотивот треба да се бара во социјалните мрежи, но да бидеме искрени до крај и судиите се на истите тие мрежи и знаат што за нив се мисли, говори и пишува. Мене не ми е познато какви оценки добивала Лаличиќ од Судскиот совет за нејзиното работење, но и тоа не беше кажано кога таа беше разрешена. Немам намера да и бидам адвокат на дотичната, но ако веќе требало да биде разрешена требало да се побараат некои други причини.
Секако дека под „други причини“ може да се подведе и пријателството на Лаличиќ со поранешниот директот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Јас не зборувам за степенот на нивната блискост и нејзиното, евентуално, пречекорување или на злоупотребата на службената положба, туку за она што во форма на телефонски разговори беше јавно објавено. Да бев на местото на Софија Лаличиќ, јас ќе си дадев оставка уште во 2015 година, кога сите слушнаа како таа е именувана за судијка. Во изминативе пет години, таа можеби и ќе докажеше декаКога сме кај довербата во судските органи, и бегството на Сашо Мијалков ја става на тест таа доверба. Веќе не е важно дали Мијалков побегнал преку граница па се вратил или бил тука па се криел…Важно е дека судот ја пропуштил првата прилика што му ја даде обвинителството да изрече мерка притвор! Притвор беше даден, но дури откако Мијалков исчезна, а тоа е предоцна и тоа не е „враќање на довербата во судството“!
Случајот на Јордан (Орце) Камчев деновиве е премногу експлоатиран, но и со овој лик не може да се прави „реформа во правосудниот систем“, ниту да се враќа „довербата во судството“.
Орце Камчев беше најнепосредно инволвиран во предметот „Поткуп“. Тој е „главна ѕвезда“ и во предметот наречен „Империја“, за кој се говори дека тежи десетици милиони евра.
Камчев еднаш беше притворен, па пуштен со гаранции, но сега кога е фатен на бегање ние уште треба да дебатираме дали треба да остане во „Шутка“ или не?!
Ако се знае дека тој положил гаранции дека нема да бега, а е фатен при обид за бегство, тогаш тука нема што да се дискутира: Парите, дадени како кауција, му се запленуваат во име на државата, а тој останува зад решетки!
Но, доколку тоа не се случи, тогаш поарно ќе биде да не зборуваме за какво и да е „враќање на довербата во судството“, бидејќи нејзе ќе ја снема – засекогаш!
Враќање на довербата во судството може да се постигне исклулчиво со носење храбри одлуки, решенија и судски пресуди и никако поинаку! заслужила да биде судијка и што е побитно ќе покажеше дека и’ до честа и правдата. Вака – ништо!