Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РАМНИОТ ДАНОК ИМ ОДИ ВО ПРИЛОГ САМО НА БОГАТИТЕ

December 10, 2018 Filed Under: Македонија

Сегашниот начин на кој се собираат прихоите не даваат доволно пари а државата се задолжува

РАСПРАВА ВО СОБАНИЕТО Дали треба сите да не боли главата ако само малку се чепнат најбогатите?

Експертите, бизнисот и научната фела во Собранието ги спротиставија ставовите по однос на предлог- законот за личен доход со кој се предвидува прогресивно одданочување на оние со повисоки примања. На јавната расправа беше посочено дека предлог- законот е добар, но треба да претпрпи измени да се зголеми одданочувањето на дивидендите и другите приходи од капитал. Да се направат повеќе скалила на оданочување. За дел од експертите, законот не треба да се пролонгира, бидејќи тој е инвестиција во цивилизацијата.

Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите. Ова беше истакнато на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.

Министерот за финансии Тевдовски на дебатата ја истакна потребата од воведување на праведен систем на оданочување.

НИКОЛА ПОПОВСКИ Преку малите даноци креираме буџетски дефицит а тоа значи и јавен долг

– Најдоховните 1 отсто граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход – рече Тевдовски.

Поддршка за даночната реформа дадоа и поранешните министри Никола Поповски, Петар Гошев и Абдулменаф Беџети.

-ЕУ вели дека даночниот товар е 40 отсто, а во еврозоната 42 отсто. Србија и Хрватска имаат 46 отсто, 47 отсто даночен товар. Ние имаме помал даночен товар. Ваквата поставеност креира дефицит. Преку тоа се креира јавен долг – рече Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.

– Рамниот данок не го забрза развојот. Во минатото стапката на раст беше 4,2 отсто, а по воведувањето на рамниот данок е 2,6 отсто. Рамниот данок не ни донесе раст, туку ни донесе огромен јавен долг – рече и Петар Гошев, поранешен министер за финансии.

НИКОЛА ПОПОВСКИ Преку малите даноци креираме буџетски дефицит а тоа значи и јавен долг

– Инвестициите не се зголемија благодарение на рамниот данок, немаше раст на БДП како што беше очекувано. Не беа постигнати очекуваните ефекти во ниту еден сегмент. Ние имаме регресивен даночен систем. Најмногу буџетот се полни од сиромашните и од средната класа – рече Абдулменаф Беџети, академик и поранешен министер за развој.

Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10 отсто како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8 отсто. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста  -10 отсто.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet