Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РАНКО РАЈКОВИЌ:СЕКОЈА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА Е СЕ ПОСЛАБА. КАДЕ ГРЕШИМЕ (4)

August 6, 2019 Filed Under: Фељтон

Во летните кампови треба да се одвикнуваат децата од користењето на телефонот. По кусо време, во игри и бројни содржини децата забоправаат на – телефонот

ИГРА Најдобар начинза организирање на децата е да пуштат да самоорганизираат игри

Во програмата НТЦ (видете повеќе за оваа програма во претходното продолжение) e дизајнирана програма за летен камп, каде што децата на возраст од 5 до 12 години поминуваат време без телефон. Се разбира, ние дизајниравме активности така што тие дури и не размислуваат за телефонот, бидејќи целиот концепт на NTC е игра, т.е. учење, размислување, поврзување, наоѓање и донесување одлуки, така што децата дури и не мора да размислуваат за телефонот или апликацијата што ја користат дома секојдневно. И кога имаат слободно време, никој не размислува за телефонот.

Така беше објавена приказната за Зекина Мол, која ја објавивме во НТЦ кампот на Дурмитор

Пријателствата се површни, децата се однесуваат како да можат се да заменат. Што е решението? Да се смали пристапот до новите технологии и обврзувачи најмалку два часови пред спиење да не се користат мобилните телефони, бидејќи сината светлина го блокира работењето на епифизата (мал орган во мозокот што е задолжен за имунитетот и созревањето на мозокот) а што му овозможува на детето да има свое време (ја препорачуваме книгата „Детскиот часовник чука поинаку“) а особено да се води грижа за слободната игра, кога детето или група на деца сама осмислува игра и активност (се разбира без мобилните телефони).

СИ ПЛЕТЕМЕ Оие девојчиња не мислат на телефонот, тие си плетат

Добра порака за родителите  е дека треба да се пуштат децата сами да ги организираат игрите, да ги испробуваат своите граници, да соработуваат и заеднички наоѓаат излез и решенија. Воп такви игри ниту едно од децата не рзмислува заеднички да најдува решенија. Воп таквата игра ниту едно дете не прашува за мобилниот или таблетот. Родителите треба само да обезбедат сигурно опкружување и на среќата и нема крај.

Направивме пауза за предвачите од пет минути и децата самоиницијативно започнаа да копаат канал за вода во дворот. Се вратија по пластични шишиња со вода и се направија „прасиња“ од калта. Потоа дојде сопственикот на ливадата и беше во шок. Се воздржуваше да не каже нешто непристојно. Но децата му објаснија дека виделе дека под ливада живеат кртови и дека му ја сушат ливадата и дека тие сакаат со каналите кои ги полнат со вода да ги истераат и тие повеќе да ги нема тука – така ливадата би била спасена, по мислење на децата.

Потоа сопственикот ливадата Зеко рече дека не сака да си одат кртовите и дека ги смета за свои животни. Кога децата нешто ќе расипат или направат штета, треба да се учат да ја поправат работата. Споменатиот чичко Зеко таа ливада зиме ја користи за скијалиште за посетителите на блискиот хотел Јаворовача. Секако тој мислел – што би се случило со ливадата ако таму бил отсутен пет дена?

НА ДУРИМИТОРСКОТО ЕЗЕРО Контактот со природата е неопходен за денешните деца

Следниот ден отидовме до чичкото да бараме начин, со децата, како да ја поправиме штетата. Тој не однесе до шталата и ни даде количка и шталско ѓубре. Децата кои не виделе лопата, количка и шталско ѓубре ги пополнија дупките за околу два часа. На искусен земјоделец ќе му требаа 15 минути. Ама ова време ќе го помнат цел живот и беа задоволни што ја поправија штетата. И покрај мирисот на шталското ѓубре, кое не е пријатно за градски деца.

Овие кампови ги има на територија на екс-ју државите, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Има за жал и лажни кампови кои се претставуваат дека се дел од НТЦ програмата.

Оваа програма е акредитирана од страна на министерствата за образование во осум европски земји, а се готви воведување во уште 20 држави од континентот.

(крај)

 

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet