Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА

July 30, 2026 Filed Under: Македонија

Епидемијата во Гостивар е само последен пример што се случува во оваа земја за две години владеење на актуелната коалиција – почнуваме од пожарот во Кочани, преку долго неоткриените монструозни злостори во кумановско, самоубиството на малдата мајка сои ќеркичката во рацете како дел од неможноста да се заштитат два животи … И завршуваме, за денес, со кражбата за Гинис на дел од железничката инфраструктура во Драчево

ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ Ни треба реална проценка а „видовити“ политички прогнози

Кога првата вечер после катастрофата во кочанската дискотека „Пулс“ пред опожарената зграда на масовната смрт тогашниот републички јавен обвиниел Коцевски одржа своевидна прес конференција со дојдените домашни и странски новинари, му беше поставено прашањето – кој е виновен за таквата невидена во поновата историја смрт на многу млади луѓе. Тој едноставн,о без премислување рече: имаме пад на целиот систем.  Тоа е несомнено најјасниот одговор за настанот од март минатата година со 63 починати лица и над 200 тешко повредени, некои и трајно инвалидизирани лица!

МОЗАИКОТ НА ВИНАТА ТЕШКО СЕ КОМПЛЕТИРА Навистина потврдата на оваа констатација стигнуваше по сегменти и како дел од недовршена мозаична композиција на вистината, која и сега, кога судењето за одговорните лица започна  и не може да се стави точка, барем во однос на бројот на обвинетите лица, што се зголемува! Кај нас во тие тревожни ситуации со сите можни инструменти, легални и илегални, се настојува да се предизвика разводнување и да не се согледа јасна слика, често и за оние кои се по функција најодговорни. Во конкретниот случај новите обвинети ќе ја одолговлечат судската постапка, без оглед на тоа што никој не смее да побегне од одговорноста. Но тие секако ја разоткриваат и опачината на системот кој постојано има нешто да сокрива, да одбегнува одговорност ако веќе не може целосно, тогаш барем во некој персонален смисол.

По она што се откри во Гостивар во врска со користењето на загадена вода од страна на населението оваа дефиниција на поранешниот обвинител одново се покажува како витална. Нам проблемите на безбедносна загроза од најстрашен вид само ни се репринт на падот на системот кој никако не смее да постои, ако се сметаме за демократска и одговорна држава. Напротив масовното загрозување на населението со користење на вода полна со фекалии не само што не спречила таков настан да се јави, туку и сега сме сведоци на – често и доста несмасно – ишкање на вината од сите што евентуално мора да се најдат пред рефлекторите на јавното мислење. Дури, како оние фигури кои паѓаат покосени во доминото се отвораат очите за слични појави на многу други места и не се знае дали таа инерција ќе има крај – се откри случајот со скандалозното користење загадена вода во медицинска установа во Лешок, подолго време, во континуитет што не е спречуван и не се информирало за тоа, потоа замириса и водата во Крушево, кое е поврзано во заеднички систем на снабдување со најдрагоцената тешност која ги покрива и Кичево и Прилеп! Каде тука има закажување? Во Крушево велат дека има застој на системот на детоксикација на водата (хлорирање), снемало струја. СДСМ, веројатно со докази, посоува на то каква вода пијат велешани а имаше и доста спорење со присуството на арсен во водата во Валандово! Има ли крај или да се пријде до комплетно анализирање на водата што населението ја користи секој ден и која го допира интересот на секој граѓанин на оваа земја.

СКОПЈЕ СИ ГО ИМА ЛЕПЕНЕЦ Некој ќе рече – скопјани имаат вода со безбеден квалитет ама се забправа дека системот Рашче е близу до преопасен загадувач на подземните води (отпадот од ХЕЦ Јегуновце) . И се заборава на рени бунарите од кои се дополнува водоснабдувањето во главниот град а кој, колку што знам се токму во подрачјето на десниот  брег на Лепенец! А Лепенец деновиве наеднаш доби таква пена како да е дел од масовно мачкање со некаков шампон некаде во сливот или користење на слично средство за одмивање на нечии садови за индустриско производство, за рибарите да откријат дека бадијала постојано укажуваат на заачестеноста на ваквото загадување на реката која се влева во Вардар и потоа И тој добива „украсна круна“… Не е прв пат на вакви инциденти на овој потег ама никој не се сеќава дека следувала казна за било кого! Ајде да се потсетиме ако ја имало?

Тие своевидни чувари на оваа река по природата на нивното хоби, која е меѓународна, колку и чудно да звучи ама не со толку долг водотек за компликувана истрага, се само сведоци на тоа дека систем на одржување на здрава средина не постои. И покрај наводното користење на дронови немаме ниту мал сегмент за доказите за загадувачот, што би биле барем макар ситно покритие дека макар еден дел од системот се’ уште функционира. Оние кои го следат овој проблем веднаш укажаа дека системот, напротив, веднаш реагира во одбрана на некој моќник или на симбиоза на капиталот и политиката. И дека нема да има именување на виновникот за такво енормно загадување на два водотеци, од кои еден поминува низ целиот главен град!

ИЛИ НЕМА ВИНОВНИК ИЛИ ПРОЦЕСОТ НА ОСУДА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Дали почнуваме од крајот или почетокот на клопчето. И практично го нема одговорот – зошто би имало превенција, како дел од системот на заштита во едно општество кој е претходницата на одбраната од било каква загроза, ако однапред се знае дека нема да има правда. Или нема да има именување на загадувачот со играње на време за да се заборави на инцидентот, Или ако го има срамежливото покажување со прст, ќе се користат сикте средства процесот на доаѓање на суд некаде да успори… Се гледа ли крајот? Секако не, ако потфрли системот на следење на состојбите тешко е да се замисли ефикасноста во форма на пресија на правниот систем врз екоцидите. Па ќе нема ниту „ронка“ можност за да се спомене некаква ефикасност а што тоа значи ако се стави знак на равенство со постоење на правна, море и цивилизирана земја?

Фунцкијата на оваа власт секако се состои во овозможување на спокојно егзистирање на беспоштедниот капитал кој функционира и со отстранување на било какви „пречки“ за профитирање од некоја дејност. Ова е од корист на партократијата, која не мора да се мачи околу квалитетот на кадрите што ги поставува на значајни и одговорни функции. И на партиските шефови им е многу лесно на одговорни функции да стават лица без профил или професионална соодветност. Погледнете ги новонзначените функционери на централната власт – тренер го држи најмоќниот фонд, лекар без ден искуство „го чува“ здравјето на нацијата. Колку за локалната власт и да не се прави муабет. Ние не знаеме се уште каков е професионалниот профил на уапсените функционери во Госгивар кога се работи за загадената вода. Кутри гостиварчани! Кога на почетокот на транзицијата разговарав со еден од големите македонски директори и му ја кажав мојата прогноза за квалитетот на воздухот во овој град заради загаденоста која ја носи една фабрика за производство на градежни материјали, со стравување дека лошиот одраз врз здравјето на жителите на овој град ќе биде посебно силен со влезот на странски капитал (конкретно турски, во тој момент) во таа фабрика, тој ми рече дека ние „ако сакаме да имаме развој не треба да мислиме на екологијата“!

ОДНАПРЕД ПРЕДВИДЛИВИ ТРАГЕДИИ Животот на граѓаните не е загрозен само од индустријата (иако во случајот со загадувањето на Лепенец, каде имаме многу затворени усти, очевидно, одговорот не е дефинитивен) туку и во другите сфери, како и во т.н. индустрија на забавата каде се јави и оној страшен настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Кој се тука не профитирал и кој се не орган е вмешан во незаконитото работење на овој објект! Профитот кој не бил со „обележани пари“ дури носел и ривалитет меѓу слични профили на „играчи“ – такаснаречени обезбедувачи и параполицијата, оние во униформа ама со лепливи прсти. Можело ли сето ова да ја спречи катастрофата во оваа дискотека. Секако не – таа функционирала за да удоволи на многу структури а тоа води кон… комплетен пад на сисггемот, како што многу тиочно објасни веднаш по несреќата републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој веќе беше во немилост на новата  власт на ВМРО ДПМНЕ, која без срам рече дека добро ќе внимава како тој ќе го води процесот. Безсрамно, како што и му доликува „по функцијата“ министерот за внатрешни, кој прв стигна во Кочани изјави дека „за настанот се виновни сите влади до сега“. Какво ширење на вината, максимално на 35 години наназад а можеби мислел и на цели 80! Тоа е очевидно манир во сите други ситуации. Министерот за внатрешни гледам дека и при масовното загрозување на здравјето на гостиварчани е „добриот доктор“ а оној „лошиот“во овој случај новопоставениот министер за здравје требаше вниманието да го насочи кон отфикарување на авторитетот на оние кои по звањето и иксуството се најбитни во овој случај – тие ловеле лајкови на социјалните мрежи. Затоа на нивно место ќе дојдат недоветностите на оние кои имаат привилегија да земаат плата од политиката.

ФУНКЦИОНЕРИ – УНИВЕРЗАЛНИ НЕЗНАЈКОВЦИ Некогаш Марк Твен рекол дека новинарите се „универзиални незнајковци“ ама тогаш професионалната политика не била во таков подем и моќ а пресот барем навистина имал авторитет. Денес таа власт има неограничени квалитети – нашиот премиер знае дека утре водата ќе биде технички исправна?! Од каде е тој толку видовит? Па затоа ли во понеделникот тоа пророштво мораше да се потврди ама без да се покаже валидна анализа! Или ќе рече дека утре бензините ќе поевтинат иако тоа треба да го стори ден потоа наводно неутрално и надлежно регулаторно тело?! Кое тоа беше во време на претходниот раководител Бислимовски. А можеби премиерот знае (по функција би требало) дали со ребалансот на буџетот ќе се исплатат повеќегодишните долгови кон земјоделските производители? Е тоа не се кажува. Неговата видовитост некогаш е сијалица која се расипува- кликнувате, барате одговор ама него го нема!

КРАЖБА НА ВЕКОТ ВО ЗЕМЈАВА Ќе го нема одговорот, секако, во попрецизна форма и кај најновиот скандал – кражбата на векот која се случи во Македонски железници. Знаето веќе дека од просториите на МЖ во Драчево за време на обемни работи околу стартот на т.н локална железница, ограбен е центарот битен за фиункционирање на возовите на главната магистрала. Меѓу другото, подигнати се две трафо станици со тежина од по 30 тони и бутурисани на  лице место, извршен е грабеж на бакарнигте кабли и многу други работи за што е потребно многу време. А тоа значи организација која ќе функционира со покритие, заштитена и од килковатите и од надзорот (оној што би ги спречил и денунцирал) а секако се знае и оној кој ќе плати за донесените кабли вредни пет милиони евра. Тие пари се мака за сите – и за шефовите и за чуварите а секако и за оние кои таа стока, набавена на криминален начин ќе треба „да ја исперат“.

Во јавноста и во една тв дебата се потсетивме на една стара анегдота за крадецот кого го фатиле токму со многу украден бакарен кабел. Кога полицијата го прашала од каде му е, рекол дека му го донел синот. На дополнително прашање како може мало дете да подигне таков товар, прашаникиот само констатирал – „од каде зна мало дете што се 300 кила“.

Ова е најдобра илустрација за системот кој се распаднал уште пред кражбата да стартува. И за вината за овој настан не ни треба белким вар-соба!

 

 

 

Filed Under: Македонија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet