ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Имаме многу медиуми, секако и многу адреси каде се води образовен процес за новинарите или каде се здружени „пролетерите на јавниот збор“. Никогаш не ги ни споменуваме сопствениците на тие гласила, а тие се белким најважни за вкупната позиција на медиумите
Иако по дефиниција Денот на слободата на медиумите претпоставува анализа на односот меѓу државата и средствата на јавна комуникација, може постојано да се забележи дека обично е тоа прилично редуциран простор за анализа. Имено, кога за последен пат сте виделе на некоја дебата да се соберат главните уредници на медиумите кај нас? Уште помалку кога сте ги виделе сопствениците на медиумите во некаков јавен дискурс?
Овие прашање се битни – постојат многу форми преку кои новинарите, пролетерите во сферата на јавните комуникации, расправаат за разни димензии на темата која произлегува од постоењето на овој ден – 3 Мај, воведен од страна на ОН во 1994 година. Но, би сакале секако да ги видиме најнапред газдите, единствено значајните фактори во кампусот на медиумите, кои се речиси анионимни и кога некој листа весници или го вклучува радиото и телевизијата најнапред се подготвени да критикуваат или поздравуваат одредени новинарски имиња и не се гледа ниту тоа кој е уредник а камоли да се мисли на тоа од каде се финансира медиумот и од каде се води издавачката политика (не издавачка во буквален смисол, кој важи за весниците) и од каде се менуваат главните уредници, на пример. Оттаму, произлегува дека ние не ги имаме вистинските адреси кога разговараме за било која димензија за 3 Мај и неговото значење. На пример, што да помислиме за тоа ако некој газда гради по втор пат бесправно некој голем објект, на тоа очајно ја потсетува државата Антикорупциската комисија а тој поседува значаен медиум? Дали тој смета на можниот притисок што може да го прави преку „брифирање“ на јавното мислење против државата или некои нејзини органи?!
Да се потсетиме – основно јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против Борис Стојменов и компанијата „Економско биро“ за бесправно градење на местото на поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје. „ Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик. Обвинителството соопшти дека обвинетиот, како одговорно лице – управител во фирмата, почнувајќи од 2018 година, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата Даме Груев во Општина Центар, велат од ОЈО.
Според обвинителството, за предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016 година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа „Беко“ Скопје со ширина од 28,5 метри и должина од 42,5 метри.
-Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 метар на 34,5 метри, информираат од ОЈО.
Оттаму додаваат дека без дозбола за градба биле изградени две подземни нивоа од градбата, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5, односно хотелски комплекси од втора категорија на градби.
Во јули 2020 година, кога со олициска интервенција беше запрено градењето, Стојменов за ТВ21 посочи дека хотелот има документи, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.
– Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито, порача Стојменов.
Истиот сопственик на Канал 5, втора телевизија по гледаност според некои анкети, тврди дека блокадите за градбата тргнаслер од поранешниот премиер Заев а дека сега тој притисок продолжува и со новата Влада. Наводно се барало просторот да гопродаде евтино, според „А1 он“. Колку е тоа вистина неколку пати беше сугерирано од страна ан Антикорупциска, од каде токму незаконското градење на Стојменов се смета еден вид терање на инает и покажува на моќ кон државата или обратно – дека државата на примерот на бесправната градба кај Беко ја докажува својата немоќ.
Овој пример само го објаснува неодамнешното сознание на „Независен“ дека групацијата на корисници на националните фрекфенции се јавуваат како блокатор на политиките на Владата, преку прескокнување на нејзините функционери во сместувањето во своите програми! Дали тој комплот против Владата (а на очевидна корист на опозицијата и тоа континуирано) не подигна на скалата на слобода на медиуми или пак не не искачи доволно?
Имаме многу други такви пример на задоволување на интересот на сопственикот на медиумот кога ќе се допре некој негов интерес. Дали требаше да бидеме слепи кога Владата во рамки на кризната политика ќе побара бензинските компании да не не добиваат маржа за не расте толку – додека трае кризата – цената на горивата? Секако клучниот газда на Телма ќе ги впрегне силите да и покаже на Владата „кој е кој“…
Или кога еден наш исклучително богат човек, во меѓуреме и суден, јавно поседува некои новинарски имиња кои слободно добиваат простор да го бранат неговиот интерес, просто каде тој ќе посака и во обем што во тој момент му е нужен? Се додека не говориме за тие генератори на неволјите во медиумскиот простор, ние всушност разговараме во празно или воопштено пред, за време или посла 3 Мај.