Вело Марковски и седум други лица обвинети за незаконско ископување и продажба на артефакти
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Инфектологот Вело Марковски и уште седум други лица се обвинети за диво копање, односно за незаконско ископување на артефатки и за нивна продажба, надвор од границите на државата.
Како што потврдуваат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечна истражна постапка, денеска, до скопска „единица“ е поднесено обвинителен акт за осум лица, меѓу кои е и инфектологот Марковски. Како што официјално потврдуваат од Обвинителството, сега обвинетите, во 2017 и 2018 година, поединечно или заедно, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости, а пронајденотоим ги препродавале на купувачи во земјава и во странство. Имено, во наведениот период, обвинетите Р. П, А. Б. и Ж. Р., создале група за вршење недозволени археолошки истражувања и ископувања, а на групата и се приклучил Вело Марковски и уште четири лица лица.
„Членовите на групата поединечно или заедно преземале криминални дејствија за остварување на точно определени цели, па така, обвинетите Р. П., А. Б., Ж. Р., В. М., Б. Д. и Ј. М. без дозвола од надлежни органи вршеле недозволени археолошки истражувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Македонија. Тие разменувале сознанија за позиционираноста на овие локалитети и по нивно пронаоѓање, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на РС Македонија, неовластено ги присвојувале. Потоа артефактите ги прикривале на безбедни непознати локации и во домовите на обвинетиот е лекарот Марковски, на И. Д. и А. Б., додека да најдат неовластени купувачи“, се вели во соопштебнието на Обвинителството и се појаснува дека откако ќе биле пронајдени купувачи украденото било препродавано.
На тројцата организатори, како и на петтемина припадници на групата на товар им се става кривичното дело: злосторничко здружување, но некои од нив ќе одговараат и за: Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и за прикривање, а ќе има прогон и за кривично дело: неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Инфектологот д-р Вело Марковски, како што објави СДК, неодамна стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Карактеристично за овие групи освен што недозволено користат метал детектори, сонди и други погодни алатки за скенирање на длабочина на територијата која е цел на ископ, со себе недозволено држат и оружје, па така, дел од обвинетите сториле и друго кривично дело“, се наведува во соопштението на ЈО.
Во другото денешно обвинение е членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и уште 6 лица за „Злоупотреба на службената положба и овластувањата“.
Според обвинението, во периодот од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите Теофиловски како одговорно лице – претседател на тениското спортско здружение „Љуботен“ Тетово и Ц. Н. како одговорно лице – управител во правното лице Тениски клуб „Љуботен“, со умисла ги потикнале обвинетите А. Н. како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ. А., И. К., К. И. и И. Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за „Љуботен“, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.