Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕАКЦИИ ПО ЗАГРЕПСКИОТ САМИТ

May 12, 2020 Filed Under: Македонија

Неоспорно се дека барањата на Бугарија во голема мера нудат толкувања на Догвоорот за добрососедство кои не секогаш се поврзани со истиот. ЕК при правењето на преговарачката рамк ќе биде многу внимателна

ВИРТУЕЛНО Загрепскиот самит се одржа со помош на модерните средства за комуникации

„Имплементирањето на билатералните договори во добар дух со видливи резултати вклучувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија останува важно“, се вели во Загребската декла
„Го поздравуваме направениот напредок за намалување на тензиите во регионот, пред се со Преспанкиот договор и Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија. Многу е важно да продолжи имплементирањето на овие договори“ рече Шарл Мишел, Претседател на Советот на ЕУ.

Дали ваквата формулација која доаѓа во период на искричави односи меѓу Софија и Скопје во однос на ликот и делот на историски личности, значи дека Бугарија успеала да ги наметне своите позиции во еден европски документ и дали тоа ќе влијае врз содржината на рамката со која ќе се одредат насоките на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Прерано е ова да се проценува како некаква си нечија победа. Тие договори се наша реалност, но неоспорно се дека барањата на Бугарија во голема мера нудат толкувања на Догвоорот за добрососедство кои не секогаш се поврзани со истиот. ЕК при правењето на преговарачката рамк ќе биде многу внимателна. Се уште е многу рано да се кажи дали тие услови кои за нас се спорни ќе се појават директно во нашите преговори“ вели Симонида Кацарска, од Институт за европска политика.

СИМОНИДА КАЦАРСКА Прерано е ова да се проценува како некаква си нечија победа

Бугарскиот премиер е задоволен од тоа што Договорот за добрососедство е наведен во Декларацијата од Самитот – Борисов прати порака – ако некој отстапи од тој документ, при секое преговарачко поглавје Бугарија може да блокира.

„Нека си водат предизборна кампања, но не на сметка Бугарија зашто, да, ние цврсто ги поддржуваме, но и цврсто опстојуваме на историјата и на она што многу јасно е напишано во Договорот за добрососедство“ изјави Бојко Борисов, Премиер на Бугарија.

Заедничката историска комисија не заседавала веќе половина година – досега успеа да ги затвори прашањата за цар Самоул, Свети Кирил и Методиј… Разговорите запреа за етничката припадност на Гоце Делчев и неговото историско наследство – Софија тврди дека тој недвосмислено е Бугарин и национален херој на Бугарија…

 

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet