Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со предходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на ниво пониско за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот
Ребалансот на буџетот, насочен кон поддршка на граѓаните и стопанството од последиците од ковид-кризата, неодамна ја доби поддршката во Собранието. За гласаа 55 пратеници, против немаше ниту еден глас, воздржани беа 26 пратеници, кои како делд опозицијата рекоа дека дадат доволен број на пратеници за да има кворум, ама нема да гласаат во поддршка на ребелансот..
Неговото носење ја отвори можноста за реализација на четвртиот пакет мерки од 470 милиони евра, насочени кон граѓаните и економијата.
Според министерот за финанси Фатмир Бесими, кој го образложи предлогот пред Собранието рече дека ефектуирањето на Четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на овој ребаланс и дека со него се обезбедуваат средства за реализација на мерките.
Со ребалансот се предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за финансиска поддршка за ранливи категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 9,8 милиони денари за поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, 120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања, 66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ, 799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.
Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со предходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на ниво пониско за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот.
Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или за 5,5 отсто, односно за околу 13 милијарди денари повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2020 година пред КОВИД кризата.
Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,5 отсто од БДП.
Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,1 милијарди денари или за 0,5 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, а се резултат на забавени економски активности, пролонгирање на инвестициони вложувања заради изборните дејствија, како и мерки за воздржување од набавки на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, појаси министерот.
Со прифатени амандмани со овој ребаланс, кој е втор годинава, е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, довршување на филтер станицата во Штип и Карбинци, реставрација на мост во село Уланци, дополнителни средства за одржување археолошки локалитети и средства за организација на резервни офицери.
– Стотици илјади граѓани и илјадници фирми очекуваат од Собранието да го донесе овој Ребаланс, за да можат да ги ползуваат мерките од четвртиот пакет. Четвртиот пакет, кои ќе им ги олеснат ефектите од кризата и ќе им помогнат со соочување на овој втор бран кој се случува, порача министерот во расправата. .
За пратениците од мнозинството ребалансот обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата. Четвртиот пакет мерки изнесува 470 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството.
За пратениците од опозицијата тој нема да ги даде резултатите што се очекуваат и дека поддршката како и во претходните ќе биде помата.
Кавгата изби меѓу спикерот Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој не сакаше да ја напушти говорницата, откако Џафери му го одзеде зборот.
Во Собранието, пред носењето на ребалансот на Буџетот, изби инцидент меѓу претседателот Талат Џафери и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Џафери кажа дека ќе повика обезбедување за да ги тргне пратениците од опозицијата за да доврши седницата.
„Сега јас да ви ги кажам моите чекори. Јас сум пешадинец во војска, моите чекори се кратки. Поточно да ви ги прочитам законите и Деловникот. Јас не можам да со свои раце да ги тргам еден по еден пратениците кои се насобраа тука и ја прекинаа седницата. Има црвена линија. Не дозволувам веќе кој стигне да окупира, се собира, ми врши притисок и се заканува. Не дозволувам да се тепаат пратеници”, рече Џафери и ги прочита овластувањата за сите ситуации во законот, од опомена, до повикување на обезбедување.