Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕВИЗИЈА ЗА ВРХОВЕН: ФАЛАТ СУДИИ И ПАРИ

June 17, 2026 Filed Under: Македонија

Но затоа не недостасуваат тужби – вработени го тужат Судот

ЗГРАДАТА НА ВРХОВЕН Однадвор не се гледаат констатираните проблеми од страна на државните ревизори

Врховниот суд се соочува со сериозен недостиг на судии, финансиски проблеми, но и со тужби од вработени, наведува Државниот завод за ревизија во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Врховен суд на Република Северна Македонија за 2024 година на сметката на основен буџет, објавен неделава.

„Во Врховниот суд на Република Северна Македонија во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос, во вкупен износ од 4.280.000 денари, односно околу 70 илјади евра. Бидејќи станува збор за судски постапки кои се водат пред надлежните судови, до денот на ревизијата конечниот исход не е познат, при што постои неизвесност за финансиските импликации врз Буџетот на Врховниот суд во иднина“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите во извештајот потенцираат дека испразнетите судиски места треба да бидат пополнети.

„Напоменуваме дека е неопходно пополнување на испразнетите судиски места, кои согласно Одлуката на Судски совет се предвидени 28 места вклучувајќи го и претседателот на судот, а пополнети на крај на 2024 година се 11 судиски места. Ревизијата истакнува дека во месец мај 2025 година зголемен е бројот на судии на 14 вклучувајќи го и претседателот на судот“, велат ревизорите во извештајот.

Дополнителен проблем е што Врховниот суд од септември 2023 година функционира без судски администратор, што, според извештајот, негативно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба.

Недостигот од кадар е евидентен и кај судската полиција. Од осум предвидени работни места, пополнети се само пет. Ревизијата утврдила дека поради тоа биле исплатени 781 час прекувремена работа над законски дозволениот максимум од 190 часа годишно по вработен.

 

Filed Under: Македонија

ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ
КОМЕТА ЗАТАЛКАНА ВО ЖАНРОВСКАТА ЕДНОЛИЧНОСТ НА НАШИОТ ТЕАТАР
БИОГРАФИИТЕ НА ВИДНИ ВМРООВЦИ ОРУЖЈЕ НА БУГАРСКАТА КОНТРА-КАМПАЊА

Најново

  • ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
  • СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
  • ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet