Наставници без научно звање, нелегални објекти – ревизија во државниот Универзитет – Тетово !
АНЕТА ДОДЕВСКА
Финансиските извештаи за работата на државниот Универзитет -Тетово се под лупа на државната ревизија. Опфатен е приходот од 2017 година а се анализирале сметките на Основниот буџет и Сметката на буџетот од самофинансирачки активности. На забелешките и утврдените наоди – имало одговор од одговрното лице на Универзитетот, но во задоцнет рок.
НАСТАВЕН КАДАР, ПАРТИЦИПАЦИЈА, МЕНАЏИРАЊЕ… Државниот тетовски универзитет се соочува со дефицит на кадар, дел од вработувањата не биле во согласност во внатрешните правилници а проблемтично било и менаџирањето со дел од парите кои се добивале од самфинансирачки активности. Ова се наоди од новобјевениот ревизорски извештај кој под скенер го става работењето на државниот универзитет во 2017 година. Во еден дел од извештајот во прашање се доведува стручноста на кадарот.
„За реализација на образовниот процес, Универзитетот ангажира наставници по договори за давање на интелектуални услуги што опфаќа 39 отсто од наствниот кадар, при што дел од лицата кои ја извршуваат реализацијата на наставата немаат наставно научно звање а лицата ангажирани како соработнички кадар се со работни обврски кои не соодветствуваат со педагошките обврски на соработничкиот кадар“ – се наведува во ревизорскиот извештај.
Според наодите во ревизорскиот извешатај, 61 отсто од наставниот кадар е во редовен работен однос. И покрај бројните барања до ресорното министерство за одборување на вработувања, согласност не е добиена па останатите 39 отсто недостаток на кадар Универзитетот ги надполнувал преку ангажмани со договро на дело. Со увид во документација биле утврдени 392 договори за давање на интелектуални услуги за изведување настава, испити и вежби.
„Поради недоволниот наставно научен кадар кој е во редовен работен однос, Универзитетскиот сенат во својот состав го нема потребниот број на членови а Универзитстскиот совет не е основан, согласно законските одбредби“ = утврдил ревизорот.
„Кај дел од кандидатите за избор во наставно научни звања не можевме да се увериме во исполнување на критериумите предвидени во Правилникот за критериумите и за постапката за избор на наставно-научни, научни…звања и асистенти-докторанти“ – се нотира во извештајот со забелешка дека во одлуките за избор не е наведен периодот за кој е извршен изборот а со избраните лица не се склучени договори за вработување во звањето за кое се избрани.
„Во текот на ревизијата извршено е усогласување на Правилникот а секое лице од наставно-научниот и соработничкиот кадар склучен е договор во звањето за кое е избран“ – објавува ревизијата. Во 2017 година од наплата на партиципација и кофинансирање за студирање се обезбедиле речиси 250 милиони денари и со извршениот увид во документацијата било утврдено дека распределбата на овие средства се врши врз основа на Правилник кој не бил одборен од страна на Министерството за образование. Вакво барање било испратено и во 2016 година, но до денеска тоа не е одборено од ресорното министерство.
ОБЈЕКТИ – ДИВОГРАДБИ Со извршениот увид во доставената документација до ревизорите се констатираат бројни пропусти во врска со деловниот простор што го користи Универзитетот во Тетово. За дел од објектите во кои е сместен универзитетот се сметаат за „бесправо изградени“ или се уште не се предадени на користење од страна на МОН на образовната институција. Така, увидот меѓу другото нотира:
„На местото ’Село Мала Речица’ КО Мала Речица – Тетово, чиј сопственик е РМ извршена е адаптација на објектот наменет за Факултетот за уметности. Иако универзитетот има поднесено барање во февруари 2014 година до МОН да се донесе одлука недвижните ставри да се дадат на негово кристење, Владата на РМ нема донесено одлука за престанок и давање на трајно користење без надоместок. Објектот наменет за Факултетот за природно-математички науки е изграден на земјиште кое во сопственост на повеќе приватни лица и во тек е постапка за легализација на објектот“.
Проблем е лоциран и во објектот во кој се наоѓа Економскиот и Правниот факултет, кој нема одобрение за употреба. Уште во 2013 година доставено било барање за вршење на технички преглед, но ресорното министерство по разгледување на барањето го одбива.
„До денот на ревизијата Универзитетот ги нема комплетирано сите потребни документи за да се отпочне постапка за вршење технички преглед на објектот и да се даде одборение за употреба“ – се наведува во ревизорскиот извештај.
Ревизиорите препорачуваат Универзитетот во Тетово во соработка со надлежните институции да ги интензивираат активнстите за легализација на објектите што ги користи и запишување на право на користење на целокупниот недвижен имот за да може истиот и сметководствено да се евидентира.
ЗАДОЦНЕТ ОДГОВОР Државниот Универзитет Тетово испратил забелешки на нацрт-ревизорскиот извештај, но по истекување на роковите дадени за одговор.
“Од страна на одговорното лице доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, но по истекот на законски утврдениот рок и истите немаат влијание на констатираната состојба“ – наведува ревизорот.
Во задоцнетиот одговор, од Универзитетот посочуваат дека образовната институција и покрај тоа што се соочува со големи проблеми од секаков вид, се обидува да ја почитува позитивната законска регулатива во земјава.
„И покрај тешката материјално-финансиска состоба, со слабо опремена инфраструктура за дел од факултетите, како и прблемите во врска со недостаток на наставно-научен кадар, сукцесивно во континуитет се прават сериозни напори целокупното работење да се канализира во согласност со законската регулатива“ – пишува меѓудругото во одговорот на државниот универзитет. Од таму наведуваат дека до сега упатиле бројни барања за вработување на стручен кадар но алармирале и за финансиските проблеми како и за проблемите поврзани со нерешениот стауст на дел од објектите во кои се сместени факултетите од универзитетскиот комплекс.
(Текстот е објавен во рмките на Portalb.mk)