Украинците читаат истражувања на јавното мислење за односот на Србија кон војната во Украина и сè им е јасно. Во украинските медиуми доминираат сите тие собири од Србија со портрет на Путин, симболи Z, амблеми на Вагнер и поддршка за војната против Украина
Најавата на претседателот на Комисијата за надворешни работи на украинскиот парламент дека во Киев треба да се разговара за признавањето на независноста на Косово и отворањето канцеларија за врски во Приштина, беше придружена со брза реакција на украинскиот амбасадор во Србија дека официјалната политика нема да се промени – но со признание дека има гласови кои го заговараат. Реагираше и претседателот на Србија кој рече дека Украина „ќе изгуби се’ што има доколку го признае Косово“.
Олександр Мережко, украински пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи во Парламентот, е еден од потписниците на писмото на парламентарци од европските земји и од САД, во кое се бара од Вашингтон, Брисел и Лондон да ја заострат својата политика кон Србија во контекст на Косово.
По повод тоа писмо, во интервју за косовската телевизија К7, Мережко посочи дека во Украина има поборници за промена на политиката кон признавањето на Косово. Во средата тој се бранеше со својот личен став за признавањето на Косово и дека конечната одлука за ова прашање ја носи претседателот на Украина, а не парламентот. Мережко и украинскиот претседател Володимир Зеленски, инаку, потекнуваат од иста политичка партија.
Украинскиот амбасадор во Србија Володимир Толкач во вторникот изјави дека Киев го почитува територијалниот интегритет на Србија и дека позицијата на Украина е „принципиелна и стабилна“, пренесе ФоНет.
Но, Толкач изјави дека косовското раководство воведе санкции кон Русија – за разлика од Србија – и дека во таа смисла „не е чудно што се повеќе гласови во украинското општество го поддржуваат признавањето на независноста на Косово“.
Новинарот и политиколог Борис Варга за Гласот на Америка оценува дека потписот на Мережко на писмото и неговите коментари ја постигнале целта – барем на неформален начин.
„И тоа е да се сврти вниманието на фактот дека постои асиметрија во добрите односи меѓу Украина и Србија. Украина е принципиелна во односот кон непризнавањето на Косово, додека Србија јавно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Украина, но не воведува санкции кон Русија поради војни за територијално освојување. Ваквото дволично однесување на Белград во официјален Киев се толкува како поддршка на агресорот во војната против Украина“.
Варга, кој магистерските студии ги завршил во Лавов и е автор на книгата „Европа по Мајдан“, привлекува внимание на фактот дека во украинската јавност Србија важи за руски сојузник.
„Украинците читаат истражувања на јавното мислење за односот на Србија кон војната во Украина и сè им е јасно. Во украинските медиуми доминираат сите тие собири од Србија со портрет на Путин, симболи Z, амблеми на Вагнер и поддршка за војната против Украина Во украинската јавност и меѓу политичките партии остро се зборува за отворено предупредување, па дури и санкции против Србија“.
Доколку дојде до промена во односот на Киев кон Косово, тоа е единствено заслуга на Белград, вели надворешнополитичкиот коментатор и новинар Бошко Јакшиќ во интервју за Гласот на Америка. Украина не го промени својот став за Косово откако прогласи независност во 2008 година и не отвори канцеларија за врски во Приштина – која Русија ја има од 2005 година.
„Белград ѝ се заблагодарува на земјата што ја поддржува во нејзините напори да го зачува Косово, со испраќање дипломати и официјални претставници во Москва во овие моменти на војна и што се согласи да ја осуди агресијата во неколку формални резолуции… Мислам дека апсолутно, ако Украина го признајте го Косово, тогаш тоа е целосно заслужен одговор кон Белград“.
И кои би биле пошироките последици ако тоа се случи?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагирајќи на изјавите на пратеникот Мережко изјави дека „Украина ќе изгуби се’ што има во свои раце доколку ја признае независноста на Косово“.
Бошко Јакшиќ смета дека тоа е дел од дилемата што постои во Киев.
Договорот со Косово на некој начин го разбива аргументот на претседателот Зеленски во барањето сите делови на окупирана Украина да се вратат под власт на Киев. Значи, тоа е многу чувствителна и деликатна дипломатска игра, но има многу на светската сцена кои не се претерано подготвени за чувства и такви чувствителности, особено ако некој друг треба да ја плати цената“, вели Јакшиќ и посочува дека Белград ќе биде во дипломатска загуба доколку Украина сè уште го признае Косово.
„Србија е таа која полека губи сојузници и во двата вектори на својата надворешна политика. Србија го губи својот верен сојузник Украина во однос на територијалното почитување на интегритетот, но Белград секојдневно го губи сојузот со Западот и европската интеграција поради лојалност кон Москва, што е далеку поголема штета за Србија“, заклучува Борис Варга.
Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ која не воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.