Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕЕКАТА ДОШНИЦА ЌЕ ЈА СПАСУВААТ И СТРАНСКИ АКТИВИСТИ, АКО НАШИТЕ ЕКО АКТИВИСТИ НЕ СЕ ДОВОЛНИ

July 30, 2025 Filed Under: Македонија

Грета Тунберг неделава беше на блокадите против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф. Глас против нејзиното присуство подигна Солза Грчева, претставничка на десницата во земјава и вгнездена од властите на функцијата Национален координатор за високо обрзование

ГРЕТА НА КОЖУФ Белким сега ќе се подигне интересот на нашите екологисти за протестите во Демир Ксапија?

Грета Тунберг, познатата активистка, којашто од неодамна престојува во Скопје, најави дека во средината на неделава ќе оди на блокадите против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф.

Тунберг, која овие неколку дена е на турнеа во регионот, најпрвин беше дел на јавна дискусија во Социјалниот центар „Дуња’’ посветена на актуелната состојба во Газа, каде населението се соочува со глад и болести заради спречувањето на достава на храна и лекови. Таа ја посетува земјава еден ден откако македонскиот Парламент не даде поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа, со која се бараше Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Тунберг, која стана позната како борец за заштитата на животната средина, денеска во видео објавено на социјалните мрежи рече дека еколошкиот активизам е поврзан со глобалните мировни движења потенцирајќи дека климата и конфликтите не се одвоени бидејќи зад двете стои насилен систем кој профитира од експлоатација и неправда.

„Она што се случува во Газа е дел од истиот глобален проблем“, истакна Тунберг во своето обраќање на социјалните мрежи.

На настанот за Палестина во Скопје таа не говореше, туку само ја проследи дебатата отстрана.

Претходно, на 23 јули, Тунберг учествуваше на протест на плоштадот „Скендербег“, во Тирана, за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел.

На протестот, под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“, бројот на учесници на овој протест не беше голем, учесниците гласно повикуваа на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа. Во неколку моменти, активистката Тунберг извикувала на албански јазик – „Слобода за Палестина“.

Шведската активистка Грета Тунберг беше и во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата.

Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани поврзани со социјални и еколошки прашања во Македонија.

Во обраќањето, Тунберг додаде и дека ќе се приклучи на протестната блокада за спас на реката Дошница на планината Кожу. Против нејзиното присуство „како политичка злоупотреба“ се јави Солза Грчева (71), национален координатор .за високо образовзние, која е позната по тоа што смени неколку партии (Либерална, СДСМ и сега Десница). Грчева рече дека шведската активистка била неселективнза. Не сме сигурни дека таа умеела во животот да прави друга селекција освен онаа што се чинела профитасбилна!

(Р.Г.).

 

Filed Under: Македонија

KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?
МАЛА РЕЧИЦА: ЛОКАЛЦИТЕ СЕ ПРЕТСОБЈЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАПРОЛЕТ
ОСТАВЕНИ СМЕ НА СВОЈАТА СУДБИНА

Најново

  • KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
  • КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
  • СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet