Постои можност смената во ИВЗ да е резултат на пренагласената позиција која си ја даваше реисот и стана закана по политичарите од албанскиот блок, што значеше дека обиваат фајтор меѓу нив кој ги загрозува. Но исто ака може да се работи за сценарио по кое Сулејман Реџепи и неговаа невеста само вешто и по договор ќе изигруваат некаков младо-стар Бони и Клајд
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Риасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на неоденешната вонредна седница со мнозинство гласови го разреши реисот Сулејман Реџепи од функцијата. Дел од медиумите наведуваат дека позитивно се изјасниле две третини од муфтиите, а дел, пак, дека таквата одлука била донесена едногласно, информација што ја потврди и ефенди Шаќир Фетаху.
„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи (74) од позицијата Реис Ул Улема, претседател на Исламска верска заедница“, изјави гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху.
Тој ќе биде и вршител на должноста поглавар на ИВЗ до подготовката на новите избори. Седницата е одржана во Гостивар, како што се дознава а од таму е и в.д.поглавар на ИВЗ.
Како и во сите вакви заплети-расплети (зависи од која страна се гледа на случајот) на овој настан, еден ден после неговта изјава со која не ослободува од корона вирусот, на социјалните мрежи се појави снимка на која тој говори за надворешно политички теми. При тоа тој го нападна Трамп и републиканците велејќи им на соговорниците (некој од нив разговорот го имал снимено) дека со демократите имал одлични односи и фалејќи се во негов стил дека пиел кафе и имал муабет очи во очи со Бил и Хилари Клинтон . На снимката вели дека едната веелсила Русија е прословенска и ги загрозува (Албанците) но дека сега се нема квалитетен однос со Вашингтон. Реисот вели во тоа предавање во помал круг дека Американците немаат поверен народ од Албанците ама Трамп е од некоја причина алчен кон Славо-словените. Вели дека многу вложиле во победата на демократите ама овие изгубиле. Но, сепак имало надеж, бидејќи еден фотограф – Албанец имал фотографии од сопругата на Трамп каде е таа угол – гола.
Снимката ја испраќа организација под името Млади за Македонија, со очевидна вмроовска провиниенција а закачена е на постот Секачи, каде има доста членови од селата по долината на Радика. Очевидно таа треба да го дискредитира реисот меѓу муслиманите а колку и каде се е раширена не е познато.
Снимката е титлувана на македонски и личи на оние „филмови“ кои треба некого да избламираат а во меѓувреме се чуваат во некое шкафче. Поголема опасност секако лежи во фактот дека снимката нема да има се допадне на странците, иако е малку веројатно дека тие сериозно го есапат.
Но има нешто посерриозно. Врз основа на документи пак кои стигнаа до редакцијата на „News33”, произлегува дека од сметката на ИВЗ во една деловна банка реисот Сулејман Реџепи повлекол еден милион евра во готово за само еден ден. Не е јасно каде завршија и која била целта реисот на ИВЗ да ги повлече овие пари, пренесува “News33”.
Друг документ покажува уште еден скандал – реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, префрлил 20.000 евра од сметката на ИВЗ, на сметката неговиот син Зеглул Реџепи.
Прашањето е, на кого му припаѓа ИВЗ како институција, на верниците, или истата е во сопственост на семејството на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи?
Скендер Бузаку, кој од лани е во институционална битка за преземање на челната позиција во ИВЗ смета дека во одлуката за разрешување на поглаварот е вмешана политиката, но дека се е во лична режија на Сулејман Реџепи, кој, според него, за само неколку месеци ќе се врати на функцијата.
„Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата“, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.
Според него, одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху за вршител на должноста претседател на ИВЗ е незаконска, бидејќи во тек е судски спор за позицијата.
„Сè уште сме на суд и ја чекаме одлуката. Назначувањето вршител на должноста претседател не е предвидено со Уставот на ИВЗ. Оваа функција не може да биде заведена ни во Централниот регистар, ниту на на кое било друго место. Додека има судска постапка, не може да се назначи друго лице за претседател на ИВЗ“ – вели Бузаку.
Во март минатата година, Бузаку се прогласи за поглавар на ИВЗ врз основа на одлука на Ријасетот донесена по неотповилкива оставка поднесена од Сулејман Реџепи.
Реисот и најголем дел од муфтиите го демантираа и укажаа дека документот за демисија е фалсификуван а тие никогаш не гласале за избор на Скендер Бузаку.
Основниот суд Скопје 2 на 10 април минатата година, врз основа на од него доставените документи за претседател на ИВЗ го назначи Скендер Бузаку. По жалбата на Сулејман Реџепи, Апелациониот суд ја поништи одлуката и го врати случајот на повторно судење.
Каква е врската меѓу овој настан и политиката? Малку кој би верувал дека причнта за едногласната смена би лежела во венчавката на реисот Сулејман Реџепи со 50 – години помалада невеста. Имено, според древните исламски обичаи човек кој може да издржува поголемо семејство се толерирал и кога има дури четири сопруги. Во ново време пред законот постои само една жена, иако помладите избранички имаат обично статус на домашни помошнички или роднини. Сигурно е дека разликата во годините (50 лета) може да се оцени како недолична, иако во нашата средина безмалку половината од населението би му аплаудирала на храброста.
Ако ударот со смената на првиот човек на ИВЗ е политички и тоа веријатно од најмоќната партија на Албанците на партиското небо, тоа е заради фактот што тој стана човек на кого не можат да се ослонат, односно дека е тешко партиските лидери да се носат со некој кој лесно влезе во филмот на разгалена ѕвезда! Со изјавата дека земјата ќе стане Банглалдеш односно дека тој може да им нареди на верниците да не излезат на избори, напросто не е сигурно дека тоа може и да го стори без да бара муфтиска согласност, како и при оваа изјава, кога нту имало консензус.. Како и да е одреден дел од гласачите може да се стави под негова конрола, веројатно и заради присуството на корона вирусот, така и заради летните полски работи кои прават полефтерен онос кон гласањето. Неговата изјава дека „не ослободува“ од короната е во функција на истата таа политика, во стилот „еве нема да пречам“, ама беше веројатно доцна за рикверц.
Лесно може да се заклучи дека тоа изигрување на моќник без контрола тешко се прима во овие моменти, кога оние кои треба да бидат гласани (бирани) би го примиле лесно фактот дека ќе зависат од реисот! Оттаму, промената е брза, оставен е простор реисот низ механизмот на правната држава евентуално да се врати на чло на ИВЗ, ама после завршувањето на изборите, без оглед дали ќе бидат до 5 јули или во септември.
Втората опција за анализа на промената на кормилото на ИВЗ е дека тоа е одново игра на една од партиите (акцентот е ставен пак на ДУИ). Ова со „акцентот“ доаѓа од биографијата на младата невеста. Според медиумите (Телма) таа е активистка на партијата од Мала Речица?! Дали идејата за наводно бегство на тазе брачната двојка со еден милион евра во куферот е само некаков романтичен рефрен од некои филмови ала „Бони и Клајд“ или пак зад таа идеја стои опцијата тие евра некаде и некому да му послжат за „каритативна функција“. Во првата варијанта реисот е тргнат од политичката сфера со еден удар а по втората е ставен во функција да биде во нова ролја која не е видлива и се разбира е доста сомнителна по својата легалност. Но одново е веројатно понудена некаква амнестија, ако воопшто настапат правни консеквенци.
Невстата на реисот Реџепи е Емине Јатиши и има 24 години. Потпетседателка е на огранокот на ДУИ во Студеничани (!)..Аналитичарот Јасмин Реџепи, наведува четири итни чекори за да се решат проблемите во ИВЗ. Да се тргнат сите луѓе блиски со реисот, да се промени уставот на ИВЗ за да се дојде до регуларен избор, но и да се спроведе истрага за трошењето на парите во ИВЗ.
Овој верски лидер застана на чело на ИВЗ од 2006, и повеќепати е реизбран со мандат од пет години. Влезе со пукање – истата ноќ кога беше назначен, противниците се огласија со калашњикови го нападнаа седиштето. Дојде и вети ред во организацијата, и им порача на противниците да ги фрлат пушките и да заборават на употребата на сила, потсетуваат новинарите деновиве.
Ама неговото јавно дејствување е преполно со скандали. Најпрвин остана запаметен по изјавите дека за „гејови“ нема место во ИВЗ.
Клетви фрлаше кон новинари и судии, а безуспешен беше и последниот обид за негово разрешување кога лани заврши на суд. Поранешниот секретар на скопското муфтивство Скендер Бузаку достави документи до ОЈО обвинувајќи го за финансиски криминал тежок 700.000 евра на штета на верниците кои лани заминаа на аџилак.
Врз ликот и делото на реисот Реџепи има огромни товари. Не се сите само финансиски ама можеби е најлесно низ нивната трага да се следи каде ќе заврши сторијата.