Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ДЕЛА НА УВИД НА ЈАВНОСТА

September 15, 2021 Filed Under: Ревија

Со изложбата „Ликовни блесоци“ почна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на Претседателот

ПОСТАВКА Во кабинетот на претседателот има навистина многу вредни дела

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечерва се одржа првиот од низата културни настани со кои се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културна ризница.

Одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на Претседателот е насловено „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ и преку него се нагласува клучната улога на културните и уметничките практики за демократизацијата и еманципаторските политики во општеството.

Свечено беше отворена изложбата „Ликовни блесоци“ чијшто куратор е Маја Чанкуловска и се реализираше во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, а вклучени се и дела од Музејот на современата уметност – Скопје, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, Министерството за култура и Кабинетот на Претседателот.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека за Денот на независноста, избор од делата што се наоѓаат во кабинетот ќе бидат изложени на едно место и отворени за јавноста изразувајќи надеж дека тоа ќе мотивира повеќемина, особено од помладата генерација, да се заинтересираат за нивните дела и воопшто за македонската уметност.

ПРИСУТНИ Ова се дел од присутните на отоврање на изложбата

– Иако навидум мала, ризницата на македонската ликовна уметност содржи значајни автори и дела во рамниште со најголемите светски имиња. Дел од тоа богатство е привремено сместено и во работните простори на многу институции, вклучително и во Кабинетот. Тоа, освен што е облагородување и естетизирање, претставува и начин за презентирање на големите македонски ликовни имиња пред гостите, посетителите и официјалните делегации и од дома и од странство, изјави Пендаровски.

Во рамки на настанот се одвиваше и дигитална презентација подготвена од Јованка Попова, додека пак, уметникот Ѓорѓе Јовановиќ и студентките на Факултетот за ликовна уметност Евгенија Трајковска изработија слика – мурал којашто ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Изложени се дела од реномирани македонски ликовни уметници како Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сé до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши, информираат од Кабинет на претседателот.

Изложбата е отворена за секој посетител со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот./

На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Петар Мазев, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сѐ до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши.

За време на настанот, млади уметници – студенти од Факултетот за ликовни уметности ќе изработуваат слика – мурал, што ќе биде донирана во хуманитарни цели, а ќе настапи и Долорес Поповиќ, актерка и композиторка.

Изложбата ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet