Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕПУБЛИЧКИОТ ОБВИНИТЕЛ ГИ ПРИФАТИ ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО, НЕКОИ ДИЛЕМИ СЕ УШТЕ СЕ ВО ОПТЕК

September 8, 2019 Filed Under: Македонија

Нема да има опција „А“ како продолжување на стариот статус на СЈО, а како што предвидовме ќе има опција „Б“ или можеби и „Ц“!? Во вторник средба Заев – Мицковски?!

ПРЕДМЕТИ ОД ПОДРУМОТ НА СЈО Кој ќе ги земе предметите – една од актуелните дилеми

По многу разбуркувања темата за идната судбина на Специјалното јавно обвинителство, основано со Пржинскиот договор од пред 4 години, е малку појасна, иако некои прашања не се сосема исчистени од петната на опозициските чадни бомби. Дефинитивно ја немаме опцијата „А“, со која се предвидуваше СЈО да продолжи со работа (тоа и онака има мандат уште една година) само со новоизбран шеф. Оперативен шеф на судбината на предметите на ова Обвинителство станува редовниот јавен обвинител Љубомир Јовески а другите детали треба да се разглобат следните денови. Според министерката за правда Рената Дескоска сега веќе проблемот со иднината на СЈО е релаксиран а брзината на промените, како основ за уцена од страна на опозицијата, не се веќе со истата тежина. Некаков договор околу владиниот Предлог закон за Јавното обвинителство со кој СЈО ќе се фузира со Обвинителството за гонење на организиран криминал сепак треба да се постигне а за вторник е најавена средбата меѓу Заев и Мицковски во Клубот на пратениците (или во Собранието на РМ) каде се можни и предлози кои би биле неочекувани, според најава на Алсат М. На средбата не би присуствала ДУИ?! Обвинителите и истражителите во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од денеска официјално остануваат без работа.

И ако во претходните месеци се изнаслушавме предлози и ставови на опозицијата, пред се на оние кои се обвинети во предметите на СЈО околу идната судбина на оваа институција (!), сега на преден план во тв вестите кај поголем дел од телевизиите се адвокатите на истите тие опозиционери (обвинети) кои бараат со крајот на СЈО да ги снема и предметите!

РИСТЕСКА Специјалната јавна бвинителка заега не дава изјави

Инаку, комплетната документација за сите предмети и истраги се сели во јавното обвинителство откако Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески го прифати барањето на Катица Јанева,шефот на СЈО, испратено од „Шутка“ за трансфер на предметите од Специјалното во јавното обвинителство без разлика дали станува збор за судски процес, истрага или предистрага

Од Обвинителството ја образложија одлуката велејќи дека тие се должни да гонат бидејќи има докази дека е сторено кривично дело и дека имаат обврска да ја зачуваат ефикасноста на кривично правниот систем.

„Ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото“, стои во соопштението на јавното обвинителство.

Правниците велат дека со трансферот се ограничува можноста да застарат или да згаснат. Судските процеси за предметите на буквата „Т“ ќе продолжат но со нови обвинители, а истрагите ќе ги превземат тимови од јавното обвинителство. Тие не ја исклучуваат и можноста дека доколку се усвои предлог законот на Владата и СЈО се фузира со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предметите да останат кај истите обвинители од СЈО.

Академикот Владо Камбовски е на ставот дека улогата на СЈО завршила и дека предметите мора да бидат предадени на јавното обвинителство.

„Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите од СЈО треба да се доделат на обвинителите од Јавното обвинителство. СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и отвори смело многу предмети – сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција“, изјави Камбовски кој исто така присуствуваше на експертската средба.

ОДЛУКА Правдата пред се – ова е суштината на образложението на Љубомир Јовески за одлуката да ги преземе предметите на СЈО

Неколкучасовниот состанок на обвинителите, правниците, експертите и невладините претставници заврши без заклучок и договор околу владиниот Предлог закон за јавно обвинителство. Во опетк се две опции, обвинителите од СЈО да се префрлат во ново автономно одделение во рамки на организиран криминал и корупција а нивните истражители би се вратиле од местата од каде и дошле што е прифатливо за власта и опцијата која ја предлага опозицијата предметите да добијат нови обвинители.

Од ВМРО – ДПМНЕ потврдија дека Мицковски ќе присуствува и покрај тоа што нема да се разговара за предвремни избори што беше еден од нивните услови, а причина за присуството е актуалената политичка состојба во државата.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet