Каде се денес слободните деца на Самерхил? Ова прашање се поставува слушајќи одредени дебати во однос на концептот на МОН за реформа во школите. Опозицијата, која беше своевремено насочена и од меѓународни институции, лесно ги гази дури и своите програми и цели и напаѓа со спектар на измислени и лажни аргументи, кои пред се не оддалечуваат од целта на реформите
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во мигот кога бев тинејџер многу прав се подигна околу начинот на образование на учениците во колеџот Самергил, Англија, познат по своите слободи кои им ги даваше на учениците. Оваа установа, формирана во 1029 година на приватен имнот на педагогот Александар Нил била пред своето време. Основачот, кој го создал училиштето кое има свој интернат со не многу ученицуи, во просек околу 80 (!), подоцна ја предал штафетата на својата сопруга а таа на нивната ќерка. Во еден миг истата школа, поточно метода на образование, беше предмет на судска постапка (2000 г.), но судиите одлучија дека вообичаенитее правила, не може да имаат монопол дури и над така свети нешта како што е просветата! Оваа епизода секако треба да се знае кога кај нас се говори за слободите, демократиите и делењето на правда!
Зошто се споменува случајот Самерхил? Па затоа што кај нас се направи сериозен политички проблем околу прашањето на реформите во образованието меѓу другото – како пледоае во критиката – со прашањето дали децата треба да имаат настава по сексуално воспитување!
Неодамна и формално започна јавната дебата за реформите во образованието, за кои премиерот Заев најави успорување, откако се подигна доста прав во некои делови на просветата заради споејување на некои предмети (познат пристап во светот). Беше јасно дека за таа дискусија нема да има преширок интерес во јавноста, која и онака е обременета со се’ и сешто во земјата, што предизвика пред 15-тина дена најголемата опозициона партија да направи обид да профитира во јавноста со тоа што ќе ги брани училиштата од влезот на сексуалното образование во нив со некаква „бомба“ во форма на наводните содржини за учениците од второ одделение!
Тие напади започнаа од едно здружение, потоа се разжестија по социјалните мрежи, за да завршат и во некои мејнстрим медиуми со колумни на познати имиња во јавноста. Заедничко нешто за сите тие содржини беше нападот врз Министерството за образование и наука преку „клучниот елемент“ – експлицитно да се тврди дека нашите седумгодишници ќе учат за хомосексуалноста, аналниот секс и слични категории, како дел од споменатото сексуално образование, од што, веројатно, на родителите нема да им биде пријатно. Сето тоа е проследено со илустрации, па и визуелниот впечаток треба да се вклопи во јасното обвинување на поединци и групи против Царовска или едноставно против актуелната власт.
Дали е тоа скандал од кој може да се залула позицијата на споменатата министерка или се работи за една од поизразените конструкции кои немаат основ во активностите на оваа институција и на тој начин ја повредуваат најгрубо,неопходноста и на социјалните мрежи да се почитуваат елементарните правила за обраќање кон јавноста? Или едноставно е начин и да се заменат „улиците“ преку кои ќе се одвивав дискусијата за просветната реформа во основно и средно училиште?
Епицентарот на обвинувањето кое ја вознемирува пошироката јавност инаку не води кон Здружението за заштита на човекови права „Од нас, за нас“(https://www.facebook.com/odnaszanas/) кое на својот сајт на 29 јануари го објавува следното:
„Според новата Концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование се кажува: ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку визуелниот материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите“… Но, потоа од страна на агресорот против МОН имаме излегување од контекст и место цитирање на домашни мастеријали се оди во соседството, па се нуди образовен пакет по тој предмет, ама од Србија ?! (http://incesttraumacentar.org.rs/…/MPNTR-ITC_Obrazovni…)
Во содржината на овој пакет кој се користи се дадени прашања и одговори на теми од сексуалноста, не би навлегувале (не е наш проблем), иако веднаш, по јазикот на изложеното е сосема јасно дека тоа е наменето за ученици од доста поголема возраст. Македонскиот „присонес“ во таа позајмица се дадените илустрации за кои се коментира – дали сакате вашите деца да гледаат нешто вакво…
Патем, тој учебник не е во сила ни во Србија (!), велат од ХЕРА – таму предметот е поставен на распоредот на учениците ама потоа е симнат. Како предмет во балканските земји сексуалчното образование го има само во Албанија и БиХ.
Суштината на оваа порака преку социјалните мрежи на споменатото здружение, кое го преземаат многу блогери и постови е дека тука нема цитат од ниту една домашна публикација, односно учебник, што во јавната комуникација може да се смета за класичен пример на излегување од контекст.
Во демантот на самата министерка Царовска (https://24info.mk/царовска-ги-демантирам-сите-невстини/) се вели „категорично ги демантирам невистините проширени од фб групата ’Од нас за нас’ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование. Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикувам граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.“.
Царовска потцрта дека понудените содржини и илустрации се преземени од материјали од соседството и се далеку од концепцијата за оваа наставна материја на МОН и тие не се извадени од материјалите што се правени за таа материја, вели таа.
Се јавија од невладината ХЕРА, која ја застапува во јавноста програмата за сеопфатно сексулно образование (ССО). Елизабета Божиноска од оваа организација вели дека во линковите кои се користат се преземени материјали од предметот животни вештини кој е воведен во училиштата како изборен предмет и се наоѓа во програмата на владите и МОН уште од учебната 2011/2012 година.
Предметот кој вклучува и temi od сексуното образовасние (https://plazov.files.
Значи таа материјја не е никаква новина, нагласуваат од Хера, која од 2009 година застапува сеопфатно сексуално образование (ССО) да биде дел од наставната програма во основните и средните училишта. Од ХЕРА додаваат дека земјава има и меѓународни препораки за вовесдување на предметот. Се работи за препораки од телата на Обединетите нации за заштита на човекови права, потоа од Заклучни согледувања на Комитет за елиминација на дискриминација против жените (Committee on the Elimination of discrimination against women (2018)) со Препорака до државата (2018). Еден од тие линкови, во меѓународните препораки до државите е
Nacionalna strategija SRZ FINAL(3).pdf (unfpa.org) каде се предвидува токму воведување на сексуално образование во наставната програма во училишта, кое е адаптирано според возраста и промовира позитивни аспекти на сексуалноста. Во тие препораки се инсистира овој вид на образование да се интегрира во училишните програми задолжително, соодветно на возраста, сексуално образование, вклучително и едукација за сексуалното и репродуктивно здравје и права, овозможувајќи им нанаставниците да имаат значајна улога во справувањето со родовите стереотипи. Овол линк содржи цел список на меѓународно обврзувачки документи во таа насока. Treaty bodies Download (ohchr.org).
Како што вели Божиноска МОН готви програма за следната учебна година за сексуално образование, прилагодено на возраста, за деветто одделение и тоа одново како пилот проект во траење од две учебни години, по што би се сумирале резултатите и дури потоа би се одредила иднината на ССО. Но, тие материјали и прирачници не се излезени во јавност и никој не ги користел во јавна комуникација.
Проблемот со секссуалчното образование не е само што преседателката на Комисијата за образование во ВМРО ДПМНЕ – Јаневска, лаже кога покренува невистини (како она за седумгодишниците и сексуалното образование) и што потоа на социјалните мрежи имаме намерен изгубен контекст на предметот на дискусија, туку вио тоа што самата расправа за образовните реформи се приземјува, па така не можеме да разговараме за нашите вистински дострели од типот – дали имаме образование кое освен таблица на множење ќе ги учи децата, сегашните и идните да станат слободни граѓани, достоинствени креатори на демократијата во една земја или од нив ќе направиме „копии верни на оригиналот“ кои не веруваат во вакцинацијата, се поклонува пред прскањето со света водичка како универзален лек, не ги гледаат статистичките показатели кои недвосмислено укажуваат на вистинските опасности, се плаши од технологијата на Г-5, мислат дека некој не прска од авионите со алуминиум …. Дали не е тоа резултат на долгогодишно создавање на образование во кое дури и оние со диплома од факултети веруваат во горенавердените „животни искуства“, вклучувајќи ги тука и лекциите по „здрав сексуален живот“ (кои не се лошо замислени, патем), но кои се во реалниот распоред на часови исфрлени! Зошто дури и оние кои веријатно биле на времето понесени од постоењето на училишта како она во Самерхил денес целосно забегуваат и тоа, верувам, не под притисок на годините, туку на интересот да сопрат било какво движење во општеството, освен она на бегалците во Унгарија.
ВМРО ДПМНЕ руши и дел од својот концепт на образование за да спречи реформа во образованието во контекст на спречување на било какви реформи во општеството!