Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕЧИСИ ИДЕНТИЧЕН БРОЈ НА НОВОТВОРЕНИ ФИРМИ ЛАНИ И ГОДИНАВА

July 26, 2022 Filed Under: Македонија

Во еден сегмент на аналитиката на порталот „Пари“, се осветлува како економскиот амбиент во првото полугодие од годинава се рефлектирал врз ликвидноста на компаниите. Не успеале да преживеаат 4.874 фирими, Колку има новотворени бизниси?

МОЖНОСТИ Инвеститорите сега се повоздржани од времето на епидемијата!

Во првите 6 месеци од годинава се отвориле 3.768 фирми, а лани во истот период се отвориле 3.785. Оваа бројка што ја откриваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажува дека годинава инвеститорите биле дури и повоздржани од пандемиската 2021 година, па за 6 месеци отвориле 17 фирми помалку од истиот период лани. Иако, разликата во бројките е мала, покажува дека, за жал, енергетската криза која почна од крајот на минатата година, и покрај подобрувањата во однос на пандемијата, ги натера инвеститорите да бидат воздржани. Но, исто така, експертите укажуваат и дека растот на цените, како на енергентите, така и на транспортот и на другите суровини, значително удри по ликвидноста на компаниите, па не им остави простор за проширувања и отворања на фирми-ќерки, или на други независни фирми.

Новоотворни фирми во првите 6 месеци во 2022 и во 2021

Новоотворени фирми јануари-јуни 2022 3.768
Новоотворени фрими јануари- јуни 2021 3.785

 

Во првото полугодие од оваа година, како што е вообичаено, најмногу фирми се отвориле во март – 702, или 18,6 отсто од сите новоотворни фирми.

Јасно е дека најмногу фирми се отвориле во Скопје, како и во другите поголеми градови, но каде се „случило чудо“ па никнала нова фирма?

Податоците на БизнисМрежа.мк покажуваат дека Дебарца, Лозово и Ресен добиле по една фирма. По две фирми се основале во Карбинци и во Градско. По 3 нови фирми во Чучер-Сандево, Чашка, Маврово и Ростуше, Кривогаштани, Конче и Зрновц. По 4 фирми има во Чешиново-Облешево, Центар Жупа и во Пехчево. По 5 фирми пак, има во Вевчани, Демир Капија и во Могила.

Првата петорка, пак, со најголем број на отворени фирми во првото полугодие од годинава, заеднички  придонела во големото бизнис семејство со 2.285 нови фирми. Лани во истиот период, вкупната бројка на новоотворени фирми во 5 градови каде имало најмногу нови уписи на основање, е 2.155, односно 130 фирми помалку од оваа година. (Извор: БизнисМрежа.мк)

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet