Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РЕЧИСИ 1.000 УГОСТИТЕЛИ ССТАВИЛЕ „КЛУЧ НА ВРАТА“ ВО КРИЗНАТА 2000 ГОДИНА

April 6, 2021 Filed Under: Македонија

АНЕТА ДОДЕВСКА

ЗАТВОРЕНИ РЕСТОРАНИ Расте бројот на невработени поради економската криза

Расте бројот на фирми кои ставиле клуч на врата и бројот на луѓе кои останале без работа. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за една година скоро 1.000 фирми од секторот „други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци апсорбира речиси 7% од вкупниот број на приватни фирми во земјава, пишува „Порталб.мк.“

Вкупно 250.308 лица се евидентирани како невработени – активни и пасивни баратели на работа. На крајот од вториот месец од годинава податоците од Агенцијата за вработување покажуваат натамошен тренд на раст на бројот на невработени. Конкретно 159.608 се регистрирани како активни баратели на работа и во однос на јануари има зголемување за речиси нови 1.000 регистрирани. Слична е состојбата и кај пасивните баратели на работа, во февруари регистрирани 90.700 со раст од 407 новоевидентирани.

 

Јануари   2021                       Февруари 2021

Невработени – активни баратели            158.681                                       159.608

Невработени – пасивни баратели            90.293                                           90.700

Една од причините за зголемување на бројот на невработени е „мобилизацијата“ за евиденција поради законските обврски за примање на државни надместоци, но удел и натаму има економската криза. Така, на крајот од февруари бројот на отпушени лица поради ковид-19 кризата достигна 18.266.

И официјалната статистика ги потврди црните предупредувања на угостителите. Само за една година 911 деловни субјекти, односно фирми од „други услужни дејности“ го затвориле бизнисот, а како клучен фактор е токму економската криза.

2019 / 2020

Вкупен број на деловни субјекти                             -3,8%

Други услужни дејности                                            -15,2%

Сектор снабдување со ел.енергија, гас                  -11,6%

Освен во угостителската дејност, и во сектоорт снабдување со електрична енергија, гас и климатизација е регистрано намалување на бројот на фирми за 26 на годишно ниво.  Според официјалната статистика лани имало 73.061 фирма, од нив скоро 7% биле од секторот други услужни дејности во кој работат повеќе од 15.000 луѓе.

Впрочем, најпогодените сектори и дејности апсорбираат и најголем број на вработени, како што се преработувачката индустрија, земјоделството, трговијата, транспортот.

ЌЕ ПОМОГНЕ За економско заздравување потребна е вакцинација“

Број на вработени по сектори 2020 г.

Земјоделство                                                      95.545

Трговија                                                              116.970

Преработувачка индустрија                              158.135

Транспорт                                                                43.348

Сумираните податоци покажуваат дека 2020 г. завршува со зголемна стапка на невработеност на 16,4%.  Сепак, според најавите на бизнис секторот годинава се очекува економско закрепнување.

Кога станува збор за согледувањата на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за периодот јануари–февруари 2021 година упатуваат на значително подобрување во однос на четвртиот квартал од 2020 година. Зголемениот оптимизам кај економските субјекти упатува на продолжување на постепеното економско закрепнување, коешто во најголема мера се должи на стабилизирањето на вториот бран од пандемијата во овој период и започнатата имунизација во земјата – нотираат од Народната банка.

Но, со оглед на одолговлекување на процесот на имунизација и до скоро блокираните законски решенија во Собранието кои се однесуваат на петтиот антикризен пакет на мерки, дел од економистите и бизнисмените предупредија дека економската криза во земјава може да се „развлече“ и прелее и во вториот економски квартал кој почнува за неколку денови.

Ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги – посочуваат од институтот „Фајненс тинк“.

На 31 март заврши рокот за аплицирање за помошта од петтиот пакет на мерки, два клучни фактори кои ќе ја детерминираат економската активност на фирмите, а со тоа и „судбината“ на голем број на вработени во периодот што следува.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet