Сега Уставот е повторно актуелен, нели со бугарските барања, со Бугари во Уставот, мислам дека барем на некој одреден период не би требало премногу да интервенираме таму, барем за сега
„Едно општество за сите ми се чини дека дефинитивно заврши како проект откако замина Заев. Заврши и пред тоа, додека беше во последната година, нешто не се спомнуваше премногу. Но, како општествен феномен, секако ќе продолжи, бидејќи, Македонија нема друг начин да функционира. Ова е мултикултурна држава и мултикултурно општество, и нема бегање од тоа. Не знам како на друг начин би можеле да опстоиме понатаму без едно општество за сите. Жал ми е што заврши, тоа беше одличен проект“, вели новинарот Сеат Ризвановиќ во изјава за ЦИВИЛ Медиа.
Македонија дефинитивно на некој начин од етнизација, се движи кон граѓанизација, бидејќи, тоа беше добар визионерски потег на Зоран Заев, тоа му е еден од добрите потези, и тој го предвиде тоа на време, дека ќе се случува. И тоа само ќе се случува понатаму. Ми се чини дека понатаму моноетничките партии немаат иднина, тоа веќе го гледа и ВМРО- ДПМНЕ, тие веќе во нивниот извршен одбор ставаат членови од други етнички групи, така што тоа е неминовно, и се повеќе во иднината ќе доаѓа до израз.
Симболите на државата веројатно се пречка за некои етнички групи, мене не ми се, искрено, никогаш не ми биле, мислам дека не треба да бидат, и не сум сигурен колку треба да се интервенира во тој поглед, можеби кога ќе дојде такво време, кога ќе се создаде атмосфера и клима, и кога тоа ќе биде поприфатливо, но мислам сега за сега, не. Мислам дека едноставно некои работи треба да се прифатат, тие државни симболи имаат и традиција зошто се поставени, и не треба се да се менува.
Многу луѓе со кои сум разговарал и кои размислуваат за некаков нов политички активизам, размислуваат во правец на основање ново политичко движење, мултиетничко, и сфаќаат дека тоа е иднината, тоа е добро и од менаџерски аспект, да не сте ограничени само во еден корпус да барате гласови, туку ќе се дисперзирате како корпорација која има гранки секаде, и ќе собирате од секаде гласови. Тоа е можно, но засега не гледам конкретни насоки во таа цел, не гледам ркулец на нешто такво конкретно дека се создава, но мислам дека многу луѓе размислуваат во тој правец.
Ризвановиќ вели дека сега не е време да се интервенира во Уставот, и додава дека потребно е да созрееме како нација и како држава за да промени во Уставот.
„Кога се зборува за Уставот, сега Уставот е повторно актуелен, нели со бугарските барања, со Бугари во Уставот, мислам дека барем на некој одреден период не би требало премногу да интервенираме таму, барем за сега. Како што кажав и за симболите, кога ќе дојде време, кога ќе созрееме и како нација и како држава, кога тоа ќе биде на некој начин и нормално и потребно, можеби да, сега, не.“, заклучи Ризвановиќ.