Во изјава за „24 Анализа“ вели дека не се пријавила да ги нервира премиерот и ВМРО-ДПМНЕ

Јас очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка, затоа и конкурав, пораче во 24 Анализа обвинителката и кандидатрка за државен јавен обвинител Ленче Ристсока. Ристоска и покрај „војната“ во која е со премиерот и ВМРО ДПМНЕ тврди дека очекува мнозинството на ВМРО ДПМНЕ да ја избере.
„Не се пријавив да ја нервирам власта, туку се пријавив дека сериозно мислам дека имам што да понудам, имам квалитет. Јас не саакм да верувам дека некој ме ставил во категорија „непријател“ на власта. Тоа би било еден многу незрел потег за политички делување . Сметам дека постои одговорност кај носителите на извршната и законодавната власт за оние кои ги донеле на валста, граѓаните. Бидејќи, граѓаните очекуваат државниот јавен обвинител да работи во нивен интерес а не во интерес на партијата или било кои центри на моќ. И граќаните се тие што на избори даваат оценка за политиките на власта. И сметам дека доколку постои политичка зрелост, мојата кандидатура вреди и дури како да се разгледа. И јас искрено ви кажувам дека јас се гледам во ново поглавје како државен јавен обвинител – вели Ристсока
Ристсока е децидна дека премиерот во придавката „медиокритет“ за измените на КЗ апсолутно мислел на неа.
„Да, апсолутно се препознав во овие навреди на премиерот, однсоно изјава, исто како што се препознав во едно друга изјава дека обвинителот за врски со Европрвада зема тродупло плата од другите обвинители, бидејќи единствен обвинител во Европравда што го имала држава досега сум само јас и јас земам иста плата како сите други обвинители во ОЈО Скопје. А во ова аконкретна изјава се препознав, бидејќ,и јас сум единствена обвинителка од поранешното СЈО што некогаш сум ги критикувала измените на КЗ и во 2023 и сега. Јас сусм свесна дека ние сме јавни функционери и подложни на јавни критика, и критиките се добродјдени, но сметам дека јавната комуникација мора да има ниво, Јас никогаш не сум кажала јавно дисквалификации ниту за јавни функционери, ниту за политичари, ниту за политички партии, затао што кога ги вршиме јавните функции ние сме цело време јавни функционери. Сметам дека мојата реакција беше исклучиво дефанзивни и насочени јас да си го одбранам мојот професионален интегритет, а со тоа и интегритетот на ОЈО и предметите во кои што е постапувано, изјави Ристоска во 24 Анализа
Очекува заштита од Советот на јавни обвинители по пријавата, како и судска рарзешница на тужбата за клевета против ВМРО ДПМНЕ.
„Тужбата за јавните напади на ВМРО ДПМНЕ кон мене дојде во момент кога се интензивираа и премина во друга сфера, кога се заборава дека мојата улога веќе не е поранешен обвинител во СЈО, туку актуелен обвинител кој што води две постапки каде се засегнати интересите на партијата. Една кривична постапка каде партсијата е обвинета за перење пари, друга кривична постапка каде е замрзнат имотот согалсно обвинетието противправната корист завршила кај партијата. Во ваква ситуација јас не сметам дека ваквото соопштение и квалификации се да се навреди Ленче Ристоска, туку и да се влијае на тоа како обвинителката постапува по конкретен предмет и да се изнуди некаква поповолна положба за нив. Ова е форма на влијание и загрозување на мојата сигурност. Изреагирав првпат јавно бидејќи освен поддршката од јавноста за борбата против високо профилната корупција, јас не добив никаква институционална заштита. Доколку некој застанеше зад мене, не лично зад мене, туку зад интегритетот на мојата обвинителска работа немаше сега за ова да разговараме“- вели Ристоска
Ристока тврди дека етикети добивала и од СДСМ, не само од ВМРО ДПМНЕ, но не одработувала за никого.
„Не сум молчела во времето на СДСМ. Јас во времето на СЈО имав етикета дека сум „вмровка“, дека јас сум обвинителот во СЈО кој што е вмровеец, кога СДСМ беше на власт. Кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власта сега јас наеднаш сум „машата на Заев“, јас сум таа „сдсмовка“ која стои во први борбени редови. И некако станало непојмливо во нашата држава дека некој може да нема партиски афимилации, може да биде професионалец и да си ја работи работата во насока на јавниот интерес. Е сега не сум молчела никогаш, јас на Јанева и се спротиставив, ме тргна од јавност, беше најмоќна жена во државата“ – вели Ристоска.




