Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РИСТО ВРТЕВ: ДЕНЕС Е ПРОФИТАББИЛНО ДА СЕ „ТАМБУРА“ НА НАЦИОНАЛНИ ЖИЦИ

July 22, 2025 Filed Under: Ревија

Oвој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист.

РИСТО ВРТЕВ: Само мртвите луше се легенди

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Бидејќи ретко дава интервјуа, за Рацин.мк ова беше прилика да го прашаме повеќе работи кои се однесуваат на неговата кариера која е поврзана со еден значаен период на македонскиот рокенрол, осумдесетите години на минатиот век, кога се појавија „Мизар“, а малку подоцна и „Архангел“ кои оставија силен печат во музиката во Македонија и поранешна Југославија.

Вртев во ова интервју говори за неговото учество во креирањето на музичкиот концепт на „Мизар“, но и за разликите кои се појавија меѓу членовите на бендот по што тој го создаде „Архангел“. Песните на Вртев и на „Архангел“ се поврзани со општествените случувања од транзицијата, меѓучовечките односи, вредностите, љубовта… Но, она што е нивна главна карактеристика е што станува збор за трансгенерациски дела кои еднакво ги доживуваат и пеат генерациите кои израснаа со „Архангел“, како и сите наредни кои со нив се запознаа десетини години подоцна преку музичките записи и концертите кои сѐ уште се масовно посетени.

Овојпат во серијалот „Имаме неколку прашања за вас“имаме една, морам да кажам, легенда на македонската музика, на македонскиот рокенрол…

Ристо Вртев: Само мртвите луѓе се легенди.Добро, но се вели дека некои додека се живи, стануваат легенди…

Особено кога пензионери, нели?

Веќе го видовте во камерата Ристо Вртев, фронтмен, музичар, поет…. Можам ли да ги употребам тие зборови?

-Титулирањата кај нас се релативна категорија. Добро. Имаме мулти таленти, меѓутоа не испорачуваат по ниеден основ. Едноставно – сонграјтер. Мислам дека сум тоа. Значи пишувам песни и со некаков оркестар ги изведувам. Мислам дека тоа е најточно.

Благодарам за помошта и за можноста да го направиме ова интервју. Ова е ретка можност да имам соговорник како што сте вие.

-Јас со задоволство, пошто се познаваме. Генерациски сме блиски и имам доверба. Инаку, да… Внимавам, пошто медиумите денес се оружје. Во рацете на непријателите.

Кога веќе така тргна интервјуто, во една песна вие и за самите себеси велите дека сте ладно оружје.

-Јас преземам во прво лице затоа што сум театарско дете, па потоа кога пишувам, пишувам во прво лице, инспирирајќи се од некаков лик.

Практично креирам некој лик и влегувам во тоа и имам голема емпатија кон ликот што сум го креирал и влегувам во негови чевли за интерпретативно да бидам убедлив. Користам актерска техника… И тоа по Станиславски, додека е тоа, јас сум тој што го говори тоа тој лик. Тоа е една техника која ми е усвоена семејно.

Одличен почеток за ова интервју и баш се радувам што можеме да откриваме некои детали, иако можеби сте ги кажале и на други места. Значи сонграјтерот, всушност, обединува повеќе уметности, театар, сценски настап, стихови, поезија, музика…

-Да, сите тие интереси. Затоа сум во овој формат. Тоа ми овозможува такво нешто. Да сублимираш во еден формат кој не бара многу за да егзистира. Значи, не ти требаат големи буџети. На времето беше доволно, беше ентузијазмот и од таму натаму, па до кај стигнеме. Тоа трае кај мене до ден денес.

Да, трае до ден денеска. Но, може ли да ми кажете, на пример, кој беше пресудниот момент кога се ставивте на почетокот на вашиот пат на кој сте и денеска. Што беше пресудно да ги споите овие интереси, вештини, приоритети, афинитети, желби и да тргне приказната за “Архангел”.Звукот на електричната гитара како дете и оттогаш ме прогонува. Го прашав татко ми, што е ова?

-Прекрасен звук, нов звук, возбудлив звук и мислам дека тоа беше пресудно, но тогаш бев премалечок тогаш и бев во ликовната сфера. Значи работев и со маслени бои уште во основно и така натаму. И имам две недовршени платна што ми седат…

На шеснаесет години ги натерав моите да ми купат гитара и почна она, доста сликарство. Ова ме возбудува, решив да научам да свирам гитара. И после дваесет и две години почнав и активно со „Мизар“.

Значи, така започна првата музичка приказна и сценските настапи. Што беше мотивацијата да го направите тоа и зошто концептот на „Мизар“ беше прифатлив во тој момент?

-Не беше прифатлив…

Не, мислев прифатлив за Вас, како ваша определба…

-Таа екипа, тоа постоеше како малски состав. И сега заради семејни конекции некако со Чаповски (Горазд)… Но, јас почнав да го слушам Дејвид Боуви, бев на таа линија интелектуалната, артистичката линија на рокенролот. Тогаш бев во тој сегмент, каде што необични, слоевити звуци ме привлекуваа, како оригинално се видов како авангарда со дел од тоа во тој процес. И кога влегов таму, направив репертоар од десет песни. Ми требаше неколку месеци и отидовме во Загреб. На „Ју-Рок момент“ бевме повикани, а тука мислам дека Таки помогна, Димитар Николов Таки, кој всушност претходно, кога јас бев во „Студентски збор“ (весник на студентската младина на Македонија) ми беше уредник таму. И ми даде прв текст после еден разговор на „приемно“, седум и пол шлајфни со полно име и презиме, прв новински настап и настана лудница во редакција, го пеглаа таму… Лудило, но тој застана зад мене и ми  даде уште една, втора цела страница и така некако влегов…Он ги организираше интервјуто со Бреговиќ, со Хусеин Хасан Ефендиќ, Горан Лисица Фоксот, големиот Фокс сега Далас Рекордс.

Тоа беа обидите во новинарството…

-Да, тогаш бев новинар и јас практично кога почнав со „Мизар“ почнав да се збогувам со академскиот свет полека, полека… И ова пресуди затоа што сѐ што правев беше успешно и си реков веројатно тоа е тоа.

Потоа се случија некои неубави работи. Некаде осумдесет и седмата јас заминувам во Белград по приватна врска и со една девојка од Белград заминавме на Тасос и јас и ѝ испеав „Луна“.

После враќање од дискотека и онака, имаше полна месечина и јас: „Како си, кој тој немир, опиши го…“ И таа ми вели што е ова? Викам, моја песна се пофалив ја и таа ме запна ти мораш со ова да се занимаваш.

А јас тогаш бев веќе решен да си се вратам на факултет, да си станам поштен граѓанин на оваа земја и така натаму. Меѓутоа, ете, на инсистирање, што е чудно жена да те тера во неизвесност наместо во извесност, тоа нејзино воодушевување беше пресудно да се вратам јас повторно во оваа работа и да го направам „Архангел“.

Го спомнавте зборот авангарда…

-Што и да значи тоа. Тогаш така велевме: „Што свирите вие?“ Авангарда, мислам многу смешно беше.Во ред, ама неспорно е дека во мејнстримот на нешто што може да се нарече историја на македонскиот рокенрол, „Архангел“ се врзува за авангарда или твоето име Ристо Вртев се врзува за авангарда.

Така почна сето тоа со “Мизар”, а потоа тие отидоа во традиција и тоа дебела. Ако мене ме прашуваш авангарда, значи да немаш ти репер постоечки кој го следиш.

Или да претходиш…

-Меѓутоа ако си на традиција, не си авангарда. Авангарда е нешто што нема корен. Туку почнува, од сега па натаму. Така практично тој репертоар од Првото откровение, тие песни се наоѓаат на првиот албум на Архангел. Ете, тоа е авангарда.

(racin.mk)

Filed Under: Ревија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet