Како и во се друго и во однос на ситуацијата на релација Белград – Приштина американскиот претседател демонстрира неодлучност и променливо расположение. Беше именуван Палмер како доверлив Трампов човек за емисар во однос на одмрзнување на замрзнатиот конфликт а сега е заменет со човек кој се смета за близок до косовскиот претседател Тачи. Дали е тоа најава дека промена на границите како резултат на преговорите ќе има?
Претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше Ричард Гренел за специјален емисар за дијалог меѓу Белград и Приштина, соопшти Белата куќа. Избраниот функции моментно е амбасадор на САД во Германија, и ако добие потврда од Сенатот, ќе ги обавува двете функции паралелно.
Радио Слободна Европа оценува дека Трамповата одлука е изненадување бидејќи кон крајот на август на таа функција е избран дипломатот Метју Палмер и тоа од страна на Мајк Помпео кој „му го остави“ Западниот Балкан.
Според Гласот на Америка Гренел најпрвин бил надворешно политички коментатор, а како консултант повеќе години бил советник за медиуми на бројни американски официјални лица а бил, исто така и портпарол на мисијата на САД при ОН за време на четири амбасадори таму.
Претседателот на Србија Вучиќ изјавил дека за него оваа одлука е изненадување. При тоа нотирал дека преговорите со Приштина се одвиваат под закрила на ЕУ и дека специјален емисар е Метју Палмер.
„Гренел е секако сериозен човек и со него допрва ќе имам телефонски разговор па ќе видиме во која насока ќе оди“ – вели српскиот претседател.
„Вашингтон пост“ нагласува дека Гренел е „Трампов човек од доверба“, како и дека тој минатиот декември се има состанато со косовскиот претседател Хашим Тачи и ека му било дадено ветување дека косовските такси за спрската стока ќе бидат укинати. Тачи наводно ја поздравил сега таа нова кадрвска промена и истакнал дека продолжува да соработува со Гренел.
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај напишал на Твитер дека се радува на заеднуичката соработка и активното учество во „безусловниот дијалог а со цел да постигнеме двострано признавање во постоечките граници“.
Министерот за наворешни работи во косовската влада Беџет Пацоли смета дека именувањето на Гренел укажува на личен интерес на Трамп за постигнување на правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово кој води кон взаемно признавање и мир во регионот. „Ќе има наша подршка“ – вели Пацоли.
Приштина имаше забелешки на изборот на Палмер за емисар во косовско-спрскиот спор бидејќи неговата сопруга Даница е родена во Белград, таму завршила медицински факултет а има црногорски корени. Белградскиот магазин „Време“ истакна дека Палмер е „Холбрук за 21 век“, што значи дека се смета за цврста рака која не го испушта од своте раце оној со кого ќе преговара. Српскиот министер за наворшни работи Дачиќ му порача на Палмер дека „од каде е сопругата од таму си и ти“. Воп историјата на Палмер стои дека најблизок како политичар бил до Медлин Олбрајт.
Гласот на Америка констатира дека Гренел има контраверзен мандат како амбасадор во Берлин. Најнапред заради факот што барал германските компании да престанат со соработка со Иран откако неговиот претседател го раскина договорот со Иран. Потоа и заради интервјуто со десничарскиот портал Брајтбард њуз во кое најавил посилна поддршка на САД на европските десничарски партии и сојузи. Ова наиде на на еднодушна осуда и кај власта и во опозицијата. Во март годинава Гренел дојде во судир со германските политичари кога плановите на Берлин за издвојување за одбрана ги опишал како недоволни за да се исполнат обврските кон НАТО.
Гренел во 2012 година беше поставен за портпарол за надворешна политика во изборната кампња на републиканецот Мит Ромни, но на таа должност се задржал само неколку недели, пред да биде отпуштен.
VOA пишува дека постојат шпекулации дека неговото отпуштање се должи на неговиот однос кон учеството на жените во јавниот живот а други дека се работи за неговата хомосексуалност. Греел е чест гостин на каналот Фокс њуз.
Како и во се друго и во однос на ситуацијата на релација Белград – Приштина американскиот претседател демонстрира неодлучност и променливо расположение. Беше именуван Палмер како доверлив Трампов човек за емисар во однос на одмрзнување на замрзнатиот конфликт а сега е заменет со човек кој се смета за близок до косовскиот претседател Тачи. Дали е тоа најава дека промена на границите како резултат на преговорите ќе има?