Комплетната унгарска опозиција се обедини околу напорот Орбан да го претвори својот народ во – робови. За протестот медиуми не известуваа а исчезнаа дури и вестите за протестите во Франција!
ЖЕЉКО ТРКАЊЕЦ
Тие побараа на јавноста да ги прочитаат барањата на демонстрантите против владата на премиерот Виктор Орбан. Петицијата има пет барања, меѓу кои и клучното е – итно укинување на “законот за робови”.
Владата минатата среда, на 12 декември, донесе закон со кој ќе се овозможи максималниот број на прекувремени часови да се зголеми од сегашните 250 до 400 часа како задолжително прекувремена работа, но работниците се побунија, бидејќи работодавците се сега во можност да ја зголемат работната недела за осум часа, а тоа значи да добијат и работна сабота.
ЕФЕКТ И тоа имаше ефект: веќе не се во прашање пари, Унгарките и Унгарците едноставно не сакаат да работат до комплетна исцрпеност. Откако законот беше донесен, неколку протести започнаа против законот, кој исто така го доби прекарот „робовски“. И некои од првите демонстранти носеа транспаренти со кои рекоа: „Ние не сме роботи”. На првиот протест излегоа околу 15.000 луѓе на улиците на Будимпешта за да протестираат под заедничката порака – „Среќен Божик, господине премиер”.
„Четитката“ се однесува не само на актуелниот Божиќ, туку, исто така, повикува на филмот „Среќен Божиќ, г-дин Лоренс” кој е снимен во 1983 година (со Дејвид Боуви и Руичи Сакамото), чиј наслов е ироничен поздрав од јапонскиот војник упатен на логорашот, заробен британски солдат – Јапонија не ги признаваше Женевските конвенции во Втората светска војна кога станува збор за воените затвореници.
Јавните протести беа игнорирани од страна на медиумите, кои се однесуваат како што „доликува“ на секоја авторитарна земја: немаше дури и извештаи за настаните во Франција, каде што протестите на „жолтите наметки“ ја изгубија силата, но во Унгарија, на нив им беше претходно даван простор, најмалку по половина минута во секои вести. Кога протестите се преселија во Будимпешта сите форми на незадоволство исчезнаа од екраните. Орбан до сега не им се обрати на протстантите јавно а ги нарекуваше со различни имиња од типот „хистерични“, „соросоиди“ и слично.
РЕЗУЛТАТИ Дека се работи за потенцијално многу опасен политички развој за владата, потврдува и фактот дека на протестите се собраа сите опозициски партии, од радикалната десница Јобик се до Партијата на зелените. Ним им се приклучија и синдикатите кои досега беа лојални на владата. Ова се најголемите протести против владата од 2010 година. Тоа е исто така потврда дека Орбан не ја контролира сосема Унгарија, до степен до кој резултатите од изборите го покажуваа претходно: Орбановиот Фидес освои 133 од 199 места на последните избори, главно благодарение на системот на директни избори во единиците каде се собираат повеќе гласови. Опозицијата е практично смачкана и сега таа го користи настанот да се подигне на нозе. Впрочем „ропскиот закон“ е усвоен со 130 гласа за, против биле 52 претставници а еден бил воздржан.
ГЛАС НА ЈАВНОСТА Клучното прашање е дали протестите ќе можат да се излеат надвор од Будимпешта, каде Фидес никогаш немал цврста база, бдејќи во овој град Орбан ги преживува најтешкиот политички пораз, кога под притисок од граѓаните, ја отфрли идејата унгарскиот главен град да биде кандидат за Олимписките игри во 2024 година. Гласот на јавноста тогаш беше Моментум, движење што не дојде до можност да се трансформира во партија која ќе конурира на избори пролетва оваа година, но во овие протести повторно е во првите редови.
Владата е притината а воведе „роовски закон“ под притисок на градежнитр претприемачи, кои немаат доволно работна сила. Во текот на изминатите десет години, Унгарија доживеала повеќе или помалку иста судбина како Хрватска – одлив на население при низок природен прираст. И походот на Орбан против странците, прифатен од целата јавност на Унгарија, ја отсррани можноста земјата да користи странци за робовски труд! Поради сите овие причини, Унгарија сега има помалку лекари по глава на жител отколку во времето на комунизмот. И нема доволно работници, така што овие постоечките треба да работат повеќе.
ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ Но, Орбан има потенцијален адут во неговите раце. Во тек се преговори за зголемување на најниската плата. Синдикатите бараат зголемување од 13 до 15 проценти, работодавачите нудат 5 до 8 проценти. Ако преговорите одат во ќор-сокак, просторот се отвора за владата да скокне и самата да суди. И со тоа ги ослабува протестите со зголемување на платите на вработените.
Покрај тоа, протестите се фокусираат на две други клучни области. Пратениците Чели и Хадези побараа во петиција, која не можеа да ја прочитаат пред каметите во државната телевизија, да има независно судство – владата донесе закон според кој ќе одлучи владата да предлага судии во споровите во кои после 2020 година една од странките ќе биде самата таа! Ова покренува оправдано сомневање дека судијата, назначен од владата, ќе суди во корист на владата.
Третата поента е поврзана со прашањето за независни јавни медиуми, кои не би биле под целосна контрола на владејачката партија. Покрај тоа, овие пратеници се обидоа да го намалат бројот на прекувремени работни часови за полицијата и Унгарија да се приклучи кон јурдикција на Европската јавното обвинителство.
„Криминалците се зад бунтот, сите финансирани од Џорџ Сорос” – истакнуваат од владејачката унгарска партија Фидес, обвинувајќи дека протестите ги финансира Џорџ Сорос, американски милијардер и филантроп. Гердели Гилијаш од оваа партија рече дека протстантите изразуваат „отворена антихристијанска омраза“. Портпаролот на Отворено општество рече дека луѓето протестираат заради „оправдани проблеми“ и дека никој не верува дека „Сорос стои зад протестите“. Во предизборната камнпања при последните избори Орбан својата кампања ја водеше така што Сорос мустана главен непријател и тврдеше дека овој Евреин со унгарско потекло им плаќа на емигрантите да патуваат кон Европа.